За нас

Извидничката програма е збир на тоа ШТО младите луѓе го работат во извидништвото (активностите), КАКО го изведуваат тоа (Извидничкиот метод), и причината ЗОШТО го прават тоа (ЦЕЛТА). *** Тематски годишен календар за 2020 (превземи) *** Дополнителни активности за тематските месеци за 2019 (превземи) Оваа дефиниција превземена од WOSM, покажува јасно дека извидничката програма е многу повеќе од само активности или прогресивен систем. Кога веќе веруваме дека активностите кои ние ги изведуваме го поттикнуваат развојот на младите во повеќе сегменти од нивниот живот, Сојуз на извидници на Македонија, и секоја локална организација би требала да има кристално разбирање и свест за тоа што сакаме и што треба да се постигне во развојот кај младата личност (во контекст на едукативни цели) и тогаш да се осигураме дека соодветни, релевантни и поврзани активности се организираат за да се постигнат овие цели. Исто така мораме да запомниме дека како неформално едукативно движење ние имаме лично наш активен метод на (само)едукација, односно „извидничкиот метод’’. Користејќи го извидничкиот метод и сите негови компоненти не доведува на пола пат до постигнувањето на едукативното влиание кон кое целиме. Ако највидливиот дел од извидничката програма се случува на локално ниво, преку активности кои ги спроведуваат млади луѓе, други важни задачи мора да се земат во предвид бидејки тие можат да постават солидни темели за да имаме релевантен едукативен “продукт”, кој може да изврши значителено влианије врз развојот на младата личност

Извидничката програма е збир на тоа ШТО младите луѓе го работат во извидништвото (активностите), КАКО го изведуваат тоа (Извидничкиот метод), и причината ЗОШТО го прават тоа (ЦЕЛТА). *** Тематски годишен календар за 2020 (превземи) *** Дополнителни активности за тематските месеци за 2019 (превземи) Оваа дефиниција превземена од WOSM, покажува јасно дека извидничката програма е многу повеќе …

Read More »