За нас

1991-1996
1991-1996

По осамостојувањето на Република Македонија на 8-ми септември 1991 год., меѓународната соработка на СИМ е на завидно ниво; покрај соработката со Сојузот на извидници на Југославија (СИЈ) и Сојузот на извидниците на Словенија (ЗТС), плодна соработка е остварена и со Сојузот на извидниците и извидничките на Баварија (БДП) и со Шпанската извидничка федерација (АСДЕ). 

Во овој период, по осамостојувањето, СИМ ги остварува и првите контакти со Светската извидничка организација, а се однесуваат за прием во WOSM (Светска организација на извидничкото движење). Во тие три години, додека се чекаше на прием, СИМ оствари повеќе активности од меѓународен карактер, и тоа учество на Европската конференција во 1995 год, XVIII и XIX Светско џамбори во Холандија и Чиле, XXXIV и XXXV Конференција на WOSM, X Светски мут во Шведска (во 1996 год). 

Не треба да се заборави учеството на голем број на извидници од СИМ на голем број школи и семинари одржани во Словенија, Кипар, Унгарија, Франција, одржани од страна на Европското извидничко биро.

1996-Денес
1996-Денес

Членството кое се споменува моментално е организирано во 24 одреди (единици), ширум Mакедонија, и многу нови иницијативи за нови одреди кои моментално се во процедура за исполнување на условите за полноправно членство во Сојузот на извидниците на Македонија. 

Во овие повеќе од 65 години постоење, СИМ има традиција на организирање голем број на ориентациони и полигонски натпреварувања, семинари, школи за водачи, советувања, летни и зимски кампови и многу други извиднички активности. Покрај активностите на СИМ, и одредите ширум РМ организираат голем број на ориентациони натпреварувања, а неодамна и школи за обука на кадри; а на нив приоритет им е работата, воспитувањето и едукацијата на младите членови.

Овие активности се организираат во природа или, пак, онаму каде што постојат извиднички центри, како што се оние на Охридското Езеро во Охрид и Струга; и ширум цела Македонија каде што се наоѓаат извиднички домови во планина, село или град. 

Голем датум во историјата на СИМ е 25-ти јули 1997 година, кога Светската организација на скаутското движење – WOSM – соопшти дека Сојузот на извидниците на Македонија е примен како полноправна членка и дека е во алијансата на 146-те земји членки на WOSM.