ПОВИК ЗА Проектен асистент во рамки на проектот „Млади – Агенти на промена“
Сојуз на извидници на Македонија има потреба од Проектен асистент во рамки напроектот „Млади – Агенти на промена“. Проектниот асистент ќе биде ангажиран 100% одвремето од целосното работно време. Повикот е отворен на 1.2.2023г. и трае до 15.2.2023г. За проектот:„Млади – агенти на промени’’ претставува акција која е дизајнирана да поддржи граѓанскимладински иницијативи преку активизам и волонтерство за подобрување и зајакнување насеопфатно и директно вклучување на младите на локално ниво. Акцијата има за цел да гозголеми младинскиот активизам преку волонтирање за обезбедување на социјалнаинклузивност на локалните заедници. Акцијата ќе го поддржи младинското учество восоздавање и спроведување на општински младински политики преку волонтерство иразни акциски настани.Ако земеме дека општините претставуваат најблиското ниво на власт до граѓаните, тогашможеме да го кажеме истото и за младите, па нивното вклучување ќе помогне воразвивање на мерки приспособени за локалните специфичности за подобрување наможностите за загрозените лица, пристап до ресурси, глас и почитување на нивнитеправа.Општата цел е да придонесе за зголемена инклузивност и зголемување на влијанието намладите за подобрување на условите на младите преку граѓански младински иницијативи,активизам и волонтирање во општините во соработка со локалните чинители. Опис на главните работни задачи Планирање и спроведување проектни активности во координација со проектенкоординатор, генерален секретар и координатор за комуникација; Oрганизација и учество на обуки и состаноци кои произлегуваат од проектот; Подготовка на повици, договори и други документи поврзани со проектнитеактивности; Координација на настаните што се организираат во канцеларијата на проектот воСкопје и обезбедување логистичка поддршка за настаните што се организираатнадвор од Скопје; Комуникација со проектни партнери, соработници и учесници во проектот; Подготовка на извештаи за организираните активности и својата работа; Организација, имплементација и поддршка на останати активности на СИМ; *Редовна координација со Генералниот секретар, Управниот одбор и останатитечленови на Секретаријатот за тековни работи и обврски. Потребни знаења и вештини на кандидатите Минимум 1 година работно искуство во невладин сектор и/или на проектифинансирани од меѓународни донатори; Одлично познавање на Microsoft Office; Познавање англиски јазик; Вештини за административно работење; Способност за работа во тим и почитување на дадените рокови за извршување надоверените задачи; Познавање на работата на СИМ, како и на граѓанскиот сектор во РепубликаСеверна Македонија; Членување во организација членка на НМСМ ќе се смета за предност; Завршено високо образование ќе се смета за предност; Познавање албански јазик ќе се смета за предност. Начин и рок на аплицирање Заинтересираните кандидати треба да испратат кратка биографија (CV) и мотивацискописмо на sim@scout.org.mk со наслов на пораката „Проектен асистент MАП _ (име ипрезиме)“, најдоцна од 15.2.2023. Пријавите што нема да пристигнат во овој рок и ониепријави што не содржат комплетна документација, нема да бидат земени предвид. Начин на селекција По истек на рокот за аплицирање, комисијата за селекција ќе изврши проверка наапликациите при што предселектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју. Хонорарот предвиден за оваа позиција изнесува 415 евра месечно во денарска вредностОд кандидатот се очекува да биде во можност да работи на проектот во следните 12месеци почнувајќи од 1.3.2023 година

