ИЗВИДНИЧКА ПРОГРАМА
Програма
Извидничката програма е збир на тоа ШТО младите луѓе го работат во извидништвото, КАКО го изведуваат тоа и ЗОШТО го прават тоа. Оваа дефиниција на Светската извидничка организација (WOSM) покажува дека програмата е многу повеќе од активности: таа е прогресивен систем.
Програмата на Сојузот на извидници на Македонија е заснована на потребите и желбите на младите луѓе, а нејзината улога е образовно-воспитна.
Категории на членство
Програмата се спроведува по категории на членство, преку програмски области и теми заеднички за сите категории.

- Ја запознаваат природата, ја сакаат и се грижат за неа
- Учат како да се снајдат во природа и да станат свесни за нејзините вредности и опасности
- Креативно истражуваат и слободно ги истражуваат своите мисли и чувства
- Учат меѓусебна почит и ги знаат своите права и должности во организацијата

- Истражуваат, следат, проценуваат, забележуваат и се снаоѓаат во животната средина
- Учат да живеат во склоп на природата, ненарушувајќи ја
- Секој член во патролата има свое задолжение
- Ја почитуваат својата култура и културата на другите

- Кампуваат во природа и рационално ги користат природните богатства
- Способни се самостојно да преживеат во природа и да се снајдат во просторот
- Се борат за мир и човекови права, за свет без предрасуди и дискриминација
- Учествуваат во спроведувањето на програмата и во донесувањето одлуки

- Се организираат во клубови, со секции и групи според своите интереси
- Практикуваат демократија и сами одлучуваат за активностите на клубот
- Пишуваат и реализираат проекти и работат со младите во својата средина
- Со личен пример ги поддржуваат помладите членови
Извидничкиот метод
Седум подеднакво важни елементи кои го прават извидништвото различно од другите образовни движења.
Програмски области
Програмските барања за сите категории се поделени во седум целини.
Прирачници КОМПАС
Ресурси за водачите и членовите. Кликнете на прирачникот за да го отворите.





