свечена академија 70 години сим
Во текот на месец ноември извидниците на различни начини го прославија свечениот јубилеј – 70 години постоење на Сојуз на извидници на Македонија. Централниот настан беше Свечената Академија, каде што извидници од целата држава, претставници од одредите, како и поддржувачите на извидништвото се собраа и заедно рефлектираа за патешествието кое извидниците го имале во изминатите 70 години. Години исполнети со: Неформално образование – Авантура – Младински активизам – Другарување – Животни вештини и личен развој! На овој настан имавме можност во извиднички дух да се подружиме, да погледнеме во минатото и да се потсетиме на сите успеси, да се сретнеме со дел од основачите на различните извиднички одреди, да се инспирираме за следните активности и да погледнеме кон иднината, бидејќи ова извидничко движење постои за децата и младите! Извидничките роденденски желби оваа година се: да останеме со ведар дух, да продолжиме да се водиме по извидничките принципи и закони, да продолжиме да создаваме подобар свет!

