Сојуз на извидници на македонија добитник на ознака за доверба
На 22 мај 2024 година се одржа Форумот за филантропија 2024 Форумот за филантропија ги обединува институциите, бизнисите и граѓанските организации, како и сите кои имаат влијание на филантропијата. Огромна благодарност до нашите колеги од Конект за поддршката и довербата Сојуз на извидници на Македонија да го обнови ова признание како организација со ознака за доверба во граѓанскиот сектор. Се радуваме што извидничкото движење како најголема младинска организација во државата е препознаена и ценета од голем дел на бизнис и јавниот сектор. Што е ознака за доверба? Ознаката за доверба претставува само-регулирачки систем кој има за цел на граѓаните и компаниите да им го олесни изборот на доверливи организации во коишто можат да донираат. Таа се стреми долгорочно да ја зголеми довербата помеѓу ГО и локалните донатори. Ознаката се добива преку внимателно креиран процес и критериуми за транспарентност, отчетност, резултати од работењето, почитување на законската регулатива итн. Граѓанските организации (ГО) коишто ја поседуваат ознаката за доверба се добри партнери на компаниите, но и на останатите чинители во заедницата. Зошто да донирате во организација што ја поседува ознаката за доверба? Начин на стекнување со ознаката за доверба За да може една ГО да ја добие ознаката за доверба таа треба да помине низ процес на оценување кој е составен од само-оценка и оценување од страна на одборот на ознаката за доверба. Принципи и критериуми на ознаката за доверба За да ја стекне ознаката за доверба, ГО треба да се придржува кон одреден сет на принципи и критериуми во следните области:

