Ретроспектива на извидничко лето 2024
Извидничкото лето 2024 беше исполнето со авантури, учење и незаборавни искуства за нашите извидници. Од учество на летни кампови до организирање на акции за заедницата, извидниците имаа можност да се издигнат како лидери и тимски играчи. Покрај секојдневните активности, тие стекнаа нови вештини, создадоа силни пријателства и се соочија со предизвици кои ги збогатија и како поединци и како група. Ова лето беше време на раст, забава и споделување, оставајќи трајни спомени за сите учесници. Камп јуни 2024 – Борба против климатски промени и заштита на животната средина со фокус на еден од Еразмус+ приоритетите – Зелена агенда и одржливост Во периодот од 13ти до 16ти јуни се одржа кампот Борба против климатски промени и заштита на животната средина со фокус на еден од Еразмус+ приоритетите – Зелена агенда и одржливост во Извиднички Центар Охрид. Кампот беше организиран од страна на Сојуз на извидници на Македонија и Национална агенција за европски образовни програми и мобилност. На овој камп присуствуваа 50 млади од македонските извиднички одреди каде што имаа можност да учествуваат на активности посветени на биодиверзитет од Македонското Еколошко Друштво – МЕД, активности за вмрежување и тимска работа и обиколка на охридското езеро од македонската и албанската страна со чистење на отпадот и поставување на еко информативни табли на 4 мапирани клучни локации. 24та Вардарска регата Извидниците од Извиднички Одред Димитар Влахов ја организираа и одржаа овогодинешната 24та по ред – Вардарска регата. Учесниците на оваа регата пловеа по реката Вардар со почеток од Велес до Солун 6 дена. Регатата започна на 20 јуни, а учесниците пристигнаа во Солун на 25 јуни. Импресиите на извидниците се дека е доста различна ситуацијата со реката Вардар од грчката страна односно не било сретнато ниту едно пластично шише или било каков отпад во неа – таа била максимално еколошки заштитена, без отпадна индустриска вода насочена кон неа. „Choose your own adventure“ – Младинска извидничка размена Извидниците од Прв Скопски Извиднички Одред организираа две младински размени и тоа извидничка размена „Choose your own adventure“ и извидничка размена „Messengers of Peace“: Извидниците од Прв Скопски извдинички одред организираа младинска размена во периодот од 4 јули до 8 јули во Извиднички дом “Чичко Боро” – Мала река и Планинарски дом „Караџица“ со името “Choose your own adventure” на која учествуваа 15 извидници од Македонија и 15 од Белгија. Oваа размена беше организирана од страна на ПСИО со тема Intercultural learning through life in nature. Целта на оваа размена беше да се подигне свеста за меѓукултурниот дијалог и неговото пренесување преку живеење во заеднички камп и користење на сите расположливи ресурси за природата. Оваа размена ја спроведуваа Прв Скопски Извиднички Одред и Scouts en Gidsen Juventa Zonhoven. Едукативен Еразмус+ камп „Одржливост и заштита на животната средина“ Извидниците од Извиднички Одред Мирко Милески Кичево организираа едукативен Еразмус+ камп во периодот од 10 јули до 16 јули со тема “Одржливост и заштита на животната средина ” заедно со извидници од Белгија. Најголемиот дел од активностите и работилниците беа фокусирани кон начини на кои секој поединец може да придонесе, да ја заштити, сака и негува природата. Македонските извидници и извидниците од Белгија го завршија овој камп со подигната свест за екологијата како многу битен сегмент, зголемена љубов кон планините и животната средина, многу дружба и споделени искуства. Извидничка размена – ИПО Крсте Јон Струга Извидниците од Извидничко Поречански Одред Крсте Јон Струга организираа и одржаа младинска размена со извидници од Белгија во периодот од 17 до 22 јули во извидничкиот центар Струга – Camping Scout. На размената 35 млади учесници имаа можност да учествуваат во активности на тема вмрежување, тимска работа, споделување на извиднички искуства. Летен Камп 2024 – Летни Симски Олимписки игри Летен Камп 2024 – Во периодот од 1 јули до 7 јули во Извиднички Центар Охрид се одржаа Летните Симски Олимписки игри во организиција на Сојуз на извидници на Македонија со учество на 139 извидници од 10 различни извиднички одреди и тоа од Извдинички одред Методи Митевски Брицо Скопје, Извиднички одред Браќа Миладиновци Скопје, Прв Скопски Извиднички одред, Извиднички поречански одред Галеб Скопје, Извидничко поречански одред Сидро Скопје, Извиднички одред Еквинокс Штип, Извдинички одред Скаут Куманово, Извиднички одред Скаут Пелистер Битола, Извиднички одред Феникс Прилеп и Извиднички одред Ластовица Кочани. На кампот активно учество земаа 27 волонтери со чија помош успешно се спроведе програмата која сочинуваше натпреварувачки игри, водени активности, посета на градот Охрид, Боренка и Earth Tribe, вечерна културна забавна програма и извиднички вештарства. Трета Смотра на Сојуз на извидници на Федерација на Босна и Херцеговина Третата Смотра на извидници на федерација на Босна и Херцеговина се одржа во периодот од 15 до 22 јули на Борачко Езеро. 23 македонски извидници од Извидничко Поречански одред Галеб, Прв Скопски Извиднички Одред и Извдинички Одред Димитар Влахов Велес земаа учество во оваа смотра. Учесниците ја имаа можноста да учествуваат во натпреварување за извиднички дисциплини, посета на Бункерот на Тито, посета на музејот во Коњиц, посета на Спомен куќата НА Зулификар Зука Џухмур, посета на адреналинскиот парк, рафтинг на реката Неретва и 7 дена запознавање и дружење со другите извидници ширум Балканот Roverway 2024 Ровервеј 2024 – Roverway 2024 беше настан кој се одржа од 22 јули до 2 август наменет за ровери извидници од цела Европа. Овогодинешниот Ровервеј се одржа во Ставангер. Учество на овој настан земаа нашите извидници Виктор Гилев од Прв Скопски Извиднички Одред и Ина Михајлоска од Извидничко Поречански Одред Галеб како водачи на патека/path leaders на патеката SØ09 во Кристијансенд. Оваа патека е една од трите патеките на WOSM каде што главниот фокус на активностите беа поврзани со одржливост и Earth Tribe. Патокоз за подобар свет Во период од 04-10 Август 19 извидници од 7 одреди присуствуваа на извидничка размена која се одржа во Ловинац, Хрватска. За време на целиот настан учесниците има прилика да бидат дел од голем број едукативни работилници со цел зајакнување на вештините за живот, усвојување нови навики, развивање комуникациски вештини, тимска работа, лидерство и решавање проблеми. Покрај едукативни работилници, имаа можност да искусат нови и различни искуства на отворени програмски области за кампување, преживување, навигација, спасување, планинарење и други.

