ДИОН 2024: четири дена авантура и предизвици за младите извидници!
Од 10 – 13 октомври 2024 година, манастирот Св. Преображение во Буково, Битола, беше домаќин на Државниот извиднички ориентационен натпревар (ДИОН 2024) со одред домаќин Извиднички одред Скаут, Пелистер од Битола. Настанот го собра најдоброто од македонските извидници, кои преку тимска работа, натпреварувачки дух и авантуристички активности ги надминаа своите граници. Со учество на 94 натпреварувачи од 10 извиднички одреди, поддржани од 26 волонтери, настанот беше вистинска платформа за соработка и дружба. Категориите на извидници, истражувачи и ровери, ги покажаа своите вештини преку различни натпреварувачки активности, како што беа двете стази, градење бивак, семафор и морзеова азбука и материјалите од темата ориентација во природа. Организацијата, која траеше цели четири дена, беше оценета како одлична, со голема посветеност од страна на волонтерите и комисијата. Покрај натпреварите, се внимаваше на логистичките детали и на доброто координирање на тимовите, што резултираше во беспрекорен тек на настанот. ДИОН 2024 остави значајно наследство за македонските извидници, а победничките тимови од различните категории беа наградени со специјални признанија и можност за дополнително дружење во извидничкиот центар Охрид. Со нетрпение го очекуваме следниот ДИОН и новите предизвици што ќе ги донесе! Повеќе фотографии може да најдете на нашата Facebook страна ОВДЕ Победници на DION 2024: Голема и особена Благодарност до Нашите волонтери кои беа во улога на комисија на ДИОН 2024 и напорно работеа на овој настан: Членовите на комисијата за ДИОН 2024 се: Даниел Ангеловски, Светлана Лукановска, Ивица Ангеловски, Никола Наунов и Бобан Москов. Голема благодарност до сите волонтери кои несебично го вложија своето време и енергија за да го направат ДИОН 2024 успешен и незаборавен настан – без вас, оваа авантура не би била возможна! Ви благодариме: Јован Чолаковски, Александар Трајчев, Радмила Лазова, Миа Митрева, Александра Данева, Анастасија Никовска, Ана Гривчевска, Елеонора Синадинова, Марин Десковски, Биљана Белогаска, Иван Гушев, Анастасија Митревска, Александар Стојчев, Теона Насевска, Викторија Балулоска, Екатерина Мицевска, Петар Шојлелевски, Иван Тошевски, Никола Ѓорговски, Стефан Јовановски, Мартин Ристовски, Викторија Белевска, Ива Бојин, Лука Пинза, Мелани Пурлевска и нашиот претставник и одговорен извидни од одредот домаќин, Виктор Димовски.

