Волонтерска 2024

Волонтерска забава 2024: Признание за најдобрите и прослава на заедничкиот успех На 21 декември, во празнична атмосфера и со многу позитивна енергија, се одржа традиционалната Волонтерска забава 2024. Настанот беше можност да се оддаде признание на извидниците и волонтерите кои со својата неуморна работа и посветеност оставија значителен белег врз заедницата во изминатата година. Посебно признание беше доделено на Драган Дончевски, член на извидничкиот одред „Еквинокс“ од Штип, кој ја освои титулата „Извидник на годината“. Драган е вистински пример за извидничките вредности – неговата енергија, упорност и посветеност се инспирација за сите нас. Дополнително, со голема благодарност беа доделени признанија на волонтерите од „Екипа – Комбе“, кои со својата пожртвуваност и ентузијазам ги поддржаа активностите на Боренка за 2023 и 2024 година. Нивната работа е непроценлива и претставува основа за успехот на нашите заеднички иницијативи. Волонтерската забава беше вечер исполнета со моменти на гордост, забава и благодарност. Благодарение на волонтерите, нашата организација продолжува да ја гради својата мисија за позитивна промена и зајакнување на заедницата. Ви благодариме што сте дел од нашата приказна!