Европски извиднички симпозиум, Шведска 2025

Во период од 14-16 март 2025 година, Сојуз на извидници на Македонија (СИМ) учествуваше на Европскиот извиднички симпозиум во Хоор, Шведска. Настанот собра 65 претставници од над 30 национални извиднички организации низ Европа за дефинирање на идниот Европски регионален извиднички план (2025-2028). СИМ беше претставен од Снежана Јанковиќ, Генерален секретар и Елисавета Лукановска, интернационален комесар кои активно придонесоа во дискусиите за клучни приоритети како волонтерство, финансиска одржливост, организациска отпорност и безбедност во извидништвото. Во рамки на симпозиумот беа разгледани и неколку резолуции, вклучително:✔ Подобрување на еколошката одржливост во извидништвото✔ Гарантирана финансиска поддршка за учество на членови од земји со ограничени можности✔ Оптимизација на платформата „Azimuth“ за полесно поврзување на извидници од различни држави✔ Нов модел за пресметка на членарините во Европскиот регион Овој симпозиум беше важна можност за вмрежување, размена на искуства и зајакнување на позицијата на СИМ во европското извидништво.