Сојузување 2025

Од 4 до 6 април 2025 година, во Извидничкиот Центар Охрид, Сојуз на извидници на Македонија успешно го реализираше националниот настан „Сојузување 2025“. Настанот беше посветен на јакнење на внатрешната координација, споделување добри практики и поставување основи за развојната стратегија на извидништвото во земјата. Во него учествуваа вкупно 81 извидник – водачи, началници и старешини од скоро сите одреди на територијата на Македонија. Првиот ден (4 април) беше резервиран за пристигнување, регистрација, кратко претставување и тим билдинг активност, која придонесе за создавање позитивна атмосфера и прилика да се зближат претставниците од одредите. На 5 и 6 април, учесниците беа поделени во две паралелни групи – водачи и началници од една страна, и старешини од друга – секоја со своја прилагодена агенда, но со заедничка визија: да се идентификуваат силните и слабите страни на одредите и да се подобри потенцијалот на сите одреди за понатамошен раст и развој на истите. Акценти од агендата за водачи и началници: Акценти од агендата за старешини: Иако работата се одвиваше во одделни текови, вечерните активности беа заеднички, со цел вмрежување и споделување инспирација. Цели и постигнати резултати: Целата галерија од настанот може да ја погледнете на следниот линк Овогодинешното сојузување беше подражно од УНИЦЕФ како и Светската Извидничка Организација (WOSM).