📣 ШКОЛА ЗА ВОДАЧИ 2025
Во извидништвото, водачот не е само некој што знае каде оди – туку и некој што знае како да ги поведе другите на патување полно со знаење, вредности и авантури. Сојуз на извидници на Македонија објавува повик за Школата за водачи 2025, еден од најважните тренинзи за млади извидници кои сакаат да станат двигатели на промени во своите одреди и заедници. Програмата е насочена кон развој на нови водачи – млади луѓе подготвени да преземат одговорност, да водат патроли или јата и да го пренесуваат извидничкиот дух. Цел на школата:Преку интензивна програма исполнета со обуки, практична работа и тимска динамика, учесниците ќе стекнат знаења и алатки за водење на извиднички групи, организирање активности и градење на инклузивна и инспиративна средина за млади. Клучни информации: Што ќе научиш? Школата опфаќа интензивна програма базирана на извидничкиот метод, лидерство и практична работа. Во текот на седум дена учесниците ќе поминат низ теми како: Специфичност на школата е дводневниот хајк, каде учесниците добиваат предизвици и буџет за самостојно планирање и спроведување на активностите, применувајќи ги стекнатите знаења во реални услови. По завршување на кампот, учесниците ќе треба да организираат најмалку два состаноци во својот одред, насочени кон категоријата развигорци или извидници, со што го исполнуваат вториот, практичен дел од школата. Со тоа ќе стекнат сертификат за водач издаден од СИМ. Искусени тренери, инспиративна атмосфера Минатогодишната школа за водачи, одржана во Извидничкиот Центар Охрид, вклучи 18 учесници од 9 одреди, 8 волонтери и 10 тренери од нашата земја и Србија.Како дел од програмата, учесниците водеа активности за украински деца, реализираа вечерни КЗП, учеа преку практика и градеа вистинско чувство на заедништво и лидерство. Потребна лична опрема: Пријави се и стани водач кој инспирира и менува.

