Camp Me IN 2025 – Каде што различностите обединуваат

Во периодот од 11 до 14 август 2025 година, во прекрасниот амбиент на Извидничкиот центар Охрид, се одржа осмото издание на Инклузивниот летен камп Camp Me IN – иницијатива која ја спојува младинската енергија, извидничките вредности и визијата за поинклузивно општество. Кампот беше организиран од Центар за младински активизам КРИК и Сојуз на извидници на Македонија, а со гордост ја имавме поддршката од Амбасадата на Шпанија во Скопје, Europe House Skopje и Комерцијална банка АД Скопје. Кампот обедини вкупно 36 ученици, од кои 21 беа лица со попречености, придружени од 9 волонтери и лидери кои се грижеа за програмата и поддршката. Во текот на четирите дена исполнети со авантура и учење, учесниците имаа можност да искусат како различностите не само што не се пречка, туку претставуваат вистинско богатство заедно да се гради инклузивна заедница Програмата на кампот беше внимателно дизајнирана за да понуди баланс помеѓу забава, едукација и авантура: Особено значајна беше посетата на Амбасадорот на Кралството Шпанија, Н.Е. Рафаел Сориано Ортиз, кој уште првиот ден се приклучи кон учесниците, активно учествуваше во дел од програмата и даде силна поддршка за важноста на инклузијата и младинскиот активизам. Гласови од кампот „Ова беше моето прво кампување и чувството да бидам дел од група каде сите сме еднакви е непроценливо.“ – учесничка„Кајакот и логорскиот оган ќе ги паметам засекогаш, но најважно – пријателствата што ги создадов.“ – учесник„Горд сум што помогнав младите да видат колку е инклузијата убава во пракса.“ – волонтер Благодарност Голема благодарност упатуваме до сите партнери и поддржувачи – без нив оваа приказна немаше да биде можна. Амбасадата на Шпанија, Europe House Skopje, Комерцијална банка АД Скопје, како и сите волонтери, лидери и учесници – вие сте срцето на Camp Me IN! ЛИНК ДО ФОТОГРАФИИ Camp Me IN уште еднаш докажа дека различностите не нè делат, туку нè збогатуваат. Заедно покажавме дека инклузијата не е услуга – таа е право.