Повик за учество на ДИОН 2025

Сојуз на извидници на Македонија со гордост го најавува Државниот извиднички ориентационен натпревар – ДИОН 2025, кој оваа година ќе се одржи во периодот од 10 до 12 октомври 2025 во с. Црешево, Скопска Црна Гора, Општина Гази Баба со одред домаќин Извиднички поречански одред „Сидро“. Што е ДИОН? Државниот извиднички ориентационен натпревар во минатото бил организиран како РИПВ (Републички Извиднички Партизански Вишебој), РИОН (Републички Извиднички Орентационен Натпревар) за од 2013 година натпреварот биде именуван како ДИОН, заедничко натпреварување за сите извидници од сите повозрасни категории – истражувачи и ровери се натпреваруваат на РИОН а извидници се натпреваруваат на РАПИ. Од 2013 година, овие дисциплини се обединети под името ДИОН, како симбол на заедништво и натпреварувачки дух. На ДИОН извидниците имаат можност да: Зошто да учествувате? Учеството на ДИОН не е само натпревар – тоа е извидничко искуство кое ја обединува младината во духот на пријателството, дисциплината и храброста. Секој извидник кој ќе биде дел од ДИОН: За време на натпреварот, екипите ќе се соочат со различни задачи и предизвици како што се: Овие дисциплини не само што ја тестираат издржливоста и знаењата, туку и ја градат тимската соработка и лидерството. Правила и пријавување Пријавувањето се врши со испраќање на пополнета ексел табела која е испратена на одредските пошти на sim@scout.org.mk. Контакт за информации За дополнителни информации обратете се кај: Организаторот обезбедува храна за сите учесници (доручек, ручек/ланч пакет и вечера), пехари и дипломи за учество, како и превоз на 12 октомври од локацијата на ДИОН до Транспортен центар, Скопје последниот ден.Деталната агенда ќе биде дополнително споделена. Со извиднички поздрав,ЗДРАВО!