ново извидничко вештарство – „Зелени шампиони“

„Зелени шампиони“ е ново извидничко вештарство кое има за цел да ги инспирира и поттикне младите кон одржливи навики, грижа за природата и активно вклучување во борбата против климатските промени. Ова вештарство е дел од меѓународната програма Green Skills for Youth-Led Climate Action around Green Rising, реализирана со поддршка од UNICEF, Светската организација на извидници (WOSM) и Светскиот фонд за природа (WWF). Преку програмата, младите извидници развиваат зелени вештини и учат како да придонесат во својата заедница преку активности како: садење дрвја и создавање нови зелени површини, заштита на биодиверзитетот, зачувување на вода и енергија, како и одговорно управување со отпад. Цели на вештарството Како се освојува беџот „Зелени шампиони“? Вештарството е организирано во три фази: Младите можат да изберат активности кои се дадеди како пример, но и сами да осмислат свои идеи, доколку се во согласност со целите на програмата. Вештарството се добива со  успешно завршување на минимум две активности и направена самопроценка пред и по нивното изведување. Сите подетални насоки како и активностите за вештарството „Зелени шампиони“ може да ги најдете на следниот линк. Проектот „Green Skills“ претставува иницијатива која ја спреведува Сојуз на извидници на Македонија, и има за цел да го поттикне развојот на зелени вештини кај младите и да ја зајакне нивната улога во градењето на поодржлива иднина. Проектот е дел од глобалната извидничка платформа Earth Tribe, која се спроведува под водство на Светската организација на извидничкото движење (WOSM).