Повик за вработување на Управител на ИЗВИДНИК ДООЕЛ Скопје

Сојузот на извидници на Македонија објавува повик за избор на Управител наДруштвото за туризам, услуги и трговија ИЗВИДНИК ДООЕЛ Скопје. Друштвото ИЗВИДНИК ДООЕЛ Скопје е основано од Сојузот на извидници на Македонија и стопанисува со објектот Извиднички Центар Охрид. Извидничкиот Центар Охрид претставува простор за сместување, настани, тренинзи, меѓународни разменски програми, камп активности и поддршка на млади. Управителот ќе биде задолжен за професионално, одговорно и ефикасно раководење со Друштвото и Извидничкиот Центар Охрид. Опис на позицијата Управителот е одговорен за целокупното раководење со Друштвото, стратешко планирање, организација на работните процеси, финансиско управување и претставување на Друштвото пред институции, партнери и соработници. За време на активната сезона се очекува од Управителот континуиран увид и водење на работата на Центарот, присуство и координација на терен. Управителот треба да поседува високо ниво на организациски капацитети, визија, професионален интегритет и одговорност за секојдневното функционирање на Центарот. Управителот е задолжен за: Управителот директно одговара пред органите на основачот – Сојуз на извидници на Македонија, со редовно известување за состојбите, финансиското работење и развојните планови. Клучни одговорности Потребни квалификации и вештини Работно време и времетраење на работниот однос Избраниот Управител ќе заснова работен однос со полно работно време во Друштвото. Работниот однос ќе се заснова на неопределено време. Плата По договор. Начин на пријавување Заинтересираните кандидати треба да достават кратко мотивациско писмо и професионална биографија (CV) на e-mail: sim@scout.org.mk најдоцна до 05.12.2025 година. Напомена:  Основачот на Друштвото го задржува правото да не избере ниту еден од пријавените кандидати.