Voice of Youth
Во периодот од 23 до 25 мај 2026 година беше реализиран проектот „Voice of Youth“, кој обедини 34 млади луѓе од различни заедници низ Северна Македонија со цел да се поттикне младински дијалог, активно учество и поголема видливост на младинските перспективи во заедницата. Проектот создаде безбеден и инклузивен простор каде младите можеа отворено да ги споделат своите искуства, ставови и идеи, да учат едни од други и заеднички да разговараат за предизвиците со кои се соочуваат во секојдневниот живот. Преку фасилитирани дискусии, групна работа и размена на мислења, учесниците имаа можност да ја зајакнат својата самодоверба, да го изразат својот глас и да препознаат дека нивното мислење има вредност и значење. Главната цел на „Voice of Youth“ беше младите да се охрабрат поактивно да учествуваат во животот на заедницата, да ги споделуваат своите ставови и да придонесуваат кон позитивни промени. Во текот на тридневниот младински дијалог, учесниците разговараа за теми кои се важни за нив, за нивните потреби, предизвици и можности, како и за начините на кои младите можат да бидат повеќе вклучени во процесите на носење одлуки. Како дел од проектот, младите работеа и на развивање пораки и препораки кои ќе бидат споделени со пошироката јавност преку социјална кампања. На овој начин, нивните идеи и перспективи ќе продолжат да допираат до врсници, локални заедници, младински организации и други засегнати страни и по завршувањето на самиот настан. „Voice of Youth“ покажа дека младите имаат јасни ставови, силни пораки и желба да бидат активни чинители во општеството. Кога им се дава простор да зборуваат, но и кога се слушнати, младите можат да понудат креативни решенија, нови перспективи и конкретен придонес кон подобрување на заедницата. Проектот е поддржан преку National Dialogue Programme, имплементиран од World Scouting и ESN International.

