16 млади извиднички водачи станаа едукатори за добро управување со животната средина

16 млади извиднички водачи станаа едукатори за добро управување со животната средина Во рамки на проектот за добро управување со животната средина, поддржан од Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), 16 млади извиднички водачи поминаа обука за обучувачи (Training of Trainers – ToT), со цел да ги зајакнат своите знаења и вештини за едукација, младинско учество и застапување во областа на заштитата на животната средина. 16обучени водачи3дена обука во Маврово4работилници во училишта~100млади учесници Обука во Маврово Тридневната обука се одржа од 2 до 4 октомври 2026 година во Маврово, а опфати теми поврзани со доброто управување со животната средина, презентациски и тренерски вештини, дигитален активизам, врсничка едукација и подготовка на интерактивни едукативни сесии. Преку практични вежби и микро-настава, учесниците имаа можност да ги применат стекнатите знаења и да се испробаат во улога на обучувачи. Теренска посета на Шар Планина Како продолжение на обуката, на 17 октомври беше реализирана теренска посета на Националниот парк Шар Планина, на Попова Шапка. Учесниците се запознаа со принципите на управување со националните паркови и заштитените подрачја, предизвиците за нивна одржливост, како и можностите за вклучување на младите во процесите на донесување одлуки и заштита на природата. Подготовка на работилниците На 21 октомври, во Младинскиот центар „Матично“ во Скопје, младите работеа на подготовка на едукативни работилници на две теми: „Состојбата со реките и што можеме ние да направиме“ „Еко-митови – дали навистина знаеме што е добро за природата?“ Беа формирани четири работни групи, со цел подготовка и реализација на активностите во Прилеп и Велес. Од учесници до врснички едукатори Стекнатите знаења и подготвените материјали младите ги применија во пракса преку четири едукативни работилници реализирани на 28 и 29 октомври во СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ во Прилеп и ОСУ „Јовче Тесличков“ во Велес. Преку презентации, интерактивни квизови и дискусии, околу 100 млади имаа можност да разговараат за предизвиците поврзани со животната средина и конкретните чекори што можат да ги преземат за нејзина заштита. Со оваа програма, младите извиднички водачи не само што ги унапредија сопствените капацитети, туку станаа и врснички едукатори кои своето знаење можат да го пренесуваат понатаму. Преку нивната работа во извидничките одреди и локалните заедници, се создава можност едукативните активности да продолжат и да опфатат нови генерации млади. Програмата придонесува кон јакнење на младинското учество и создавање активни млади кои се информирани, подготвени и мотивирани да придонесуваат кон подобро управување и заштита на животната средина. Проектните активности се реализираат со поддршка на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ). Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit. Ut elit tellus, luctus nec ullamcorper mattis, pulvinar dapibus leo.