ИЗВИДНИЧКА ПРОГРАМА

Програма

Извидничката програма е збир на тоа ШТО младите луѓе го работат во извидништвото, КАКО го изведуваат тоа и ЗОШТО го прават тоа. Оваа дефиниција на Светската извидничка организација (WOSM) покажува дека програмата е многу повеќе од активности: таа е прогресивен систем.

Програмата на Сојузот на извидници на Македонија е заснована на потребите и желбите на младите луѓе, а нејзината улога е образовно-воспитна.

ШТО?
Активностите
Излети, кампови, бивакување, смотри, акции, игри и работилници.
КАКО?
Извидничкиот метод
Седум елементи кои се клучниот пристап и посебноста на извидништвото.
ЗОШТО?
Целта
Секој член да биде одговорен кон себе, другите и заедницата.

Категории на членство

Програмата се спроведува по категории на членство, преку програмски области и теми заеднички за сите категории.

Развигорци
Развигорци
7–10 год.
Јато од 8–12 деца
  • Ја запознаваат природата, ја сакаат и се грижат за неа
  • Учат како да се снајдат во природа и да станат свесни за нејзините вредности и опасности
  • Креативно истражуваат и слободно ги истражуваат своите мисли и чувства
  • Учат меѓусебна почит и ги знаат своите права и должности во организацијата
Прогресивни симболи: Пчела · Елен · Лисица
Извидници
Извидници
11–14 год.
Патрола од 10–12 членови
  • Истражуваат, следат, проценуваат, забележуваат и се снаоѓаат во животната средина
  • Учат да живеат во склоп на природата, ненарушувајќи ја
  • Секој член во патролата има свое задолжение
  • Ја почитуваат својата култура и културата на другите
Прогресивни симболи: Був · Волк · Мечка · Рис
Истражувачи
Истражувачи
15–17 год.
Патрола со поголема одговорност
  • Кампуваат во природа и рационално ги користат природните богатства
  • Способни се самостојно да преживеат во природа и да се снајдат во просторот
  • Се борат за мир и човекови права, за свет без предрасуди и дискриминација
  • Учествуваат во спроведувањето на програмата и во донесувањето одлуки
Ровери
Ровери
18–29 год.
Роверски клуб
  • Се организираат во клубови, со секции и групи според своите интереси
  • Практикуваат демократија и сами одлучуваат за активностите на клубот
  • Пишуваат и реализираат проекти и работат со младите во својата средина
  • Со личен пример ги поддржуваат помладите членови

Извидничкиот метод

Седум подеднакво важни елементи кои го прават извидништвото различно од другите образовни движења.

1Работа во мали групи
Добра комуникација, дружба и соработка, со активно вклучување на секој член.
2Учење преку работа
Нови знаења, вештини и ставови преку директно практично искуство.
3Личен развој
Прогресивна шема: пред секој член секогаш има нов предизвик.
4Живот во природа
Природата е безбедно и одлично место за учење.
5Симболичка рамка
Систем на вредности преку примери и симболи што ги поттикнуваат интересот и ентузијазмот.
6Завет и закони
Свој кодекс на однесување и гордост на вредностите и традицијата на организацијата.
7Поддршка од возрасните
Обучени водачи-волонтери кои ја поддржуваат програмата.

Програмски области

Програмските барања за сите категории се поделени во седум целини.

1. Извидничко движење 2. Престој во природа и заштита на природата 3. Култура и традиција 4. Здравје и спорт 5. Заедништво и корисна работа 6. Духовност 7. Животни вештини

Прирачници КОМПАС

Ресурси за водачите и членовите. Кликнете на прирачникот за да го отворите.