🌲Боренка ја заокружи есенската сезона 2025
Иницијативата Боренка успешно ја заврши есенската сезона за пошумување во 2025 година, крунисувајќи ја со најмасовната акција досега, реализирана на 5 декември – Светскиот ден на волонтерите. Во текот на сезоната беа реализирани вкупно 9 пошумувачки акции, на кои 948 волонтери од различни делови на земјата активно придонесоа за обновување на опожарените шумски подрачја. Заеднички беа засадени 45.000 нови садници, како конкретен чекор кон обновување на шумите и справување со последиците од климатските промени. 📍 Локации на пошумување во 2025 година Акциите во рамки на есенската сезона се реализираа на три локации со сериозни последици од пожари: Овие локации беа избрани во соработка со стручните служби, со цел интервенцијата да има долгорочен еколошки ефект и да придонесе за обновување на најпогодените подрачја. 🤝 Рекордна завршна акција и силна меѓусекторска соработка Завршната акција, одржана на 5 декември 2025, обедини 230 волонтери, што ја прави најмасовна поединечна акција во рамки на Боренка досега. Таа претставуваше симболично затворање на сезоната и уште една потврда дека Боренка континуирано ги зголемува своите резултати, поврзувајќи ги јавниот сектор, бизнис секторот и граѓанскиот сектор во заедничка мисија за заштита на животната средина. 🌲 За Боренка Боренка е најголемата волонтерска иницијатива за пошумување во земјата, организирана од ЈП Национални шуми и Сојузот на извидници на Македонија, со јасна цел – враќање на животот и зеленилото на опожарените шумски површини, преку активно вклучување на младите и граѓаните. 🙏 Благодарност до партнерите Успехот на Боренка сезона 2025 не би бил возможен без поддршката на нашите партнери. Посебна благодарност упатуваме до главните поБОРници – Ладна, УНЕП и Министерството за животна средина и просторно планирање, како и до Зелените поБОРници – Комерцијална банка, и пријателите на Боренка – Триглав осигурување и Алајанс Уан.

