Повик за учество – Приклучи се и ти на движењето за интернет без омраза
Повик за учество – Приклучи се и ти на движењето за интернет без омраза Оваа програма е многу повеќе од обуки, работилници и дискусии – таа е стратешка игра од реалниот живот којашто ве учи како да размислувате критички, да работите во тимови, да решавате проблеми и да влијаете на вашата околина. Социјалните медиуми и онлајн просторот можат да бидат простор за размена на идеи, знаење, хумор, музика и што уште не. Истовремено, честопати се и простор каде што се шири омраза. Ако сакате да направите промена за интернет без омраза, оваа програма е за вас. Ги повикуваме сите тинејџери на возраст од 14 до 17 години да се приклучат на оваа трансформативна програма којашто ќе ја изгради вашата отпорност и ќе ви даде простор да ја искористите вашата креативност, како и насоки за инспирирање на другите. Заедно, ќе изградиме иновативна кампања против онлајн врсничкото насилство, преку интерактивни активности како драмски игри, читање книги, рецензии на филмови, друштвени игри и авантури во природа. Во целиот процес ќе имате поддршка од ментори и психолози. Ова е вашата шанса да водите, да се поврзете и да создадете позитивни промени во вашата заедница. Преземете иницијатива и бидете дел од оваа возбудлива авантура! Програмата, којашто е отворена за 50 тинејџери на возраст од 14 до 17 години, ќе трае две години и ќе вклучува повеќе обуки, работилници и средби од кои дел ќе се одржуваат во Извидничкиот центар во Охрид. Кој може да аплицира? Како да аплицирате? Заинтересираните учесници треба да го пополнат формуларот за апликација (линк до google формулар) Краен рок за аплицирање: 27 април 2025 г. За какви било дополнителни прашања, слободно контактирајте нѐ на sim@scout.org.mk Оваа двегодишна иницијатива е продолжение на долгогодишното партнерств помеѓу УНИЦЕФ и Фондацијата Телеком за Македонија, преку кое во текот на сите овие години им се обезбедува помош на децата и на младите при нивното справување со некои од најголемите предизвици со кои се соочува нивната генерација. Врсничката програма и активностите за социјална мобилизација се спроведуваат во партнерство помеѓу Сојузот на извидници на Македонија и УНИЦЕФ.

