Повик за учество – Приклучи се и ти на движењето за интернет без омраза 

Повик за учество – Приклучи се и ти на движењето за интернет без омраза

Оваа програма е многу повеќе од обуки, работилници и дискусии – таа е стратешка игра од реалниот живот којашто ве учи како да размислувате критички, да работите во тимови, да решавате проблеми и да влијаете на вашата околина.

Социјалните медиуми и онлајн просторот можат да бидат простор за размена на идеи, знаење, хумор, музика и што уште не. Истовремено, честопати се и простор каде што се шири омраза. Ако сакате да направите промена за интернет без омраза, оваа програма е за вас.

Ги повикуваме сите тинејџери на возраст од 14 до 17 години да се приклучат на оваа трансформативна програма којашто ќе ја изгради вашата отпорност и ќе ви даде простор да ја искористите вашата креативност, како и насоки за инспирирање на другите. Заедно, ќе изградиме иновативна кампања против онлајн врсничкото насилство, преку интерактивни активности како драмски игри, читање книги, рецензии на филмови, друштвени игри и авантури во природа. Во целиот процес ќе имате поддршка од ментори и психолози. Ова е вашата шанса да водите, да се поврзете и да создадете позитивни промени во вашата заедница. Преземете иницијатива и бидете дел од оваа возбудлива авантура!

Програмата, којашто е отворена за 50 тинејџери на возраст од 14 до 17 години, ќе трае две години и ќе вклучува повеќе обуки, работилници и средби од кои дел ќе се одржуваат во Извидничкиот центар во Охрид.

Кој може да аплицира?

  • Сите на возраст од 14-17 години од цела држава
  • Оние коишто ќе бидат посветени на продолжување на програмата и учество во последователни активности

Како да аплицирате?

Заинтересираните учесници треба да го пополнат формуларот за апликација (линк до google формулар)

Краен рок за аплицирање: 27 април 2025 г.

За какви било дополнителни прашања, слободно контактирајте нѐ на sim@scout.org.mk

Оваа двегодишна иницијатива е продолжение на долгогодишното партнерств помеѓу УНИЦЕФ и Фондацијата Телеком за Македонија, преку кое во текот на сите овие години им се обезбедува помош на децата и на младите при нивното справување со некои од најголемите предизвици со кои се соочува нивната генерација. Врсничката програма и активностите за социјална мобилизација се спроведуваат во партнерство помеѓу Сојузот на извидници на Македонија и УНИЦЕФ.  

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *