ПОВИК ЗА УЧЕСНИЦИ: Тренинг за тренери – Добро управување со животната средина

Сојуз на извидници на Македонија во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје објавува повик за учество на Тренинг за тренери, кој ќе се одржи во Маврово, хотел Радика, од 3 до 5 октомври 2025 година.

Овој тренинг е наменет исклучиво за млади кои претходно учествувале на едно од основните нивоа на обуката „Добро управување со животната средина“ во Крушево или Маврово.

Што ќе научиш?

Оваа обука е дизајнирана да ти помогне да прераснеш од учесник во млад тренер, преку напредна програма која комбинира:

  • Фасилитаторски вештини за водење сесии по теми како: глобални и регионални перспективи на управување со животната средина, младинско застапување и ангажирање на засегнати страни;
  • Дизајнирање на локални еколошки кампањи, вклучувајќи развој на пораки, таргетирање на публика и повици за акција;
  • Дигитален активизам и сторителинг, со користење на социјални мрежи, Reels и визуелна комуникација;
  • Вежби за микро-настава (microteaching) – ќе имаш можност самостојно да водиш дел од едукативна сесија и да добиеш фидбек;
  • Развивање на еколошки иницијативи преку мапирање на заедницата, и користење на овие информации за планирање на активности со младинско влијание.

Сите учесници ќе добијат сертификат за млад тренер и можност да се вклучат во идни обуки и активности на СИМ, ОБСЕ и други партнери.

🟢 Трошоците за учество (транспорт, сместување и храна) се целосно покриени од страна на организаторите.

📆 Краен рок за пријавување: [ 20 септември 2025]

📋 Пријавување преку следниот линк

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *