Сојуз на извидници на Македонија со гордост го најавува Државниот извиднички ориентационен натпревар – ДИОН 2025, кој оваа година ќе се одржи во периодот од 10 до 12 октомври 2025 во с. Црешево, Скопска Црна Гора, Општина Гази Баба со одред домаќин Извиднички поречански одред „Сидро“.

Што е ДИОН?
Државниот извиднички ориентационен натпревар во минатото бил организиран како РИПВ (Републички Извиднички Партизански Вишебој), РИОН (Републички Извиднички Орентационен Натпревар) за од 2013 година натпреварот биде именуван како ДИОН, заедничко натпреварување за сите извидници од сите повозрасни категории – истражувачи и ровери се натпреваруваат на РИОН а извидници се натпреваруваат на РАПИ. Од 2013 година, овие дисциплини се обединети под името ДИОН, како симбол на заедништво и натпреварувачки дух.
На ДИОН извидниците имаат можност да:
- ги тестираат и покажат стекнатите знаења и вештини,
- се натпреваруваат во дисциплини од извидништво, пионерство, топографија и ориентација,
- ја продлабочат својата љубов кон природата и тимската работа,
- создадат нови пријателства и спомени кои остануваат за цел живот.

Зошто да учествувате?
Учеството на ДИОН не е само натпревар – тоа е извидничко искуство кое ја обединува младината во духот на пријателството, дисциплината и храброста. Секој извидник кој ќе биде дел од ДИОН:
- ќе има можност да се докаже во бројни практични задачи,
- ќе учи преку авантура и игра,
- ќе придонесе за промовирање на извидништвото во заедницата,
- ќе биде дел од традиција што се гради со генерации.
За време на натпреварот, екипите ќе се соочат со различни задачи и предизвици како што се:
- врзување чворови и изведба на пионерски конструкции,
- ориентација во природа со карта и компас,
- читање и цртање на топографски скици,
- морзе и семафор сигнализација,
- задачи по прва помош и заштита,
- патни знаци и препознавање на траги,
- полигон на спретност и физичка подготвеност,
- тестови по општа култура и извиднички знаења.
Овие дисциплини не само што ја тестираат издржливоста и знаењата, туку и ја градат тимската соработка и лидерството.
Правила и пријавување
- Екипите мора да бидат составени од извидници од ист одред, кој е полноправна членка на СИМ.
- Бројот на момци и девојки во екипите е слободен.
- Непотполни екипи добиваат 30% помалку бодови.
- Пријавувањето е на ниво на одред, со доставување на листа на екипи кои се поддржани од него.
- Рок за пријавување: 01.10.2025
Пријавувањето се врши со испраќање на пополнета ексел табела која е испратена на одредските пошти на sim@scout.org.mk.

Контакт за информации
За дополнителни информации обратете се кај:
- Елисавета Лукановска – e.lukanovska@scout.org.mk – 078/655-357
- Андреј Кузевски – kuzevski.andrej@scout.org.mk – 077/865-488
- Марјан Тодев – одред домаќин и логистика – 071/384-382
Организаторот обезбедува храна за сите учесници (доручек, ручек/ланч пакет и вечера), пехари и дипломи за учество, како и превоз на 12 октомври од локацијата на ДИОН до Транспортен центар, Скопје последниот ден.
Деталната агенда ќе биде дополнително споделена.
Со извиднички поздрав,
ЗДРАВО!
