НЕТ БЕЗ ХЕЈТ – Design Thinking Workshop

Во периодот од 21 до 23 октомври 2025 година, во хотел „Манастир“ – Берово, Сојуз на извидници на Македонија, во соработка со УНИЦЕФ и со поддршка од Фондацијата Телеком за Македонија, го реализираше вториот тренинг за млади против врсничко онлајн насилство.

Настанот беше наменет за младите кои веќе учествуваа на ориентацискиот тренинг и работеа со своите ментори на развивање локални иницијативи. Преку тридневна интерактивна програма, учесниците се запознаа со Design Thinking методологијата и преку практични вежби учеа како да препознаат проблем, да генерираат идеи и да развијат реални решенија за своите заедници.

Тренингот започна со воведни активности, поставување правила и тимски игри кои создадоа позитивна атмосфера. Претставниците на УНИЦЕФ потсетија на клучните поенти од претходниот тренинг, а вечерниот дел беше исполнет со квизови и забавни активности на тема дигитална безбедност.

Вториот ден беше посветен на развивање на локалните иницијативи. Преку водство од експерт и поддршка од менторите, младите создадоа карти на корисници, персони и идеи кои водат кон конкретни решенија. Тимовите ги дефинираа целите, активностите, ресурсите и можните партнери во своите заедници.

Последниот ден учесниците ги финализираа своите иницијативи и ги презентираа пред останатите групи. Размената на идеи, дискусиите и групната евалуација придонесоа за создавање реални, мерливи и применливи планови кои ќе се реализираат на локално ниво.Тренингот заврши со позитивна енергија, чувство на постигнување и заедничка фотографија како симболичен крај на уште една успешна фаза од програмата.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *