Повик за вработување на Управител на ИЗВИДНИК ДООЕЛ Скопје

Сојузот на извидници на Македонија објавува повик за избор на Управител наДруштвото за туризам, услуги и трговија ИЗВИДНИК ДООЕЛ Скопје.

Друштвото ИЗВИДНИК ДООЕЛ Скопје е основано од Сојузот на извидници на Македонија и стопанисува со објектот Извиднички Центар Охрид. Извидничкиот Центар Охрид претставува простор за сместување, настани, тренинзи, меѓународни разменски програми, камп активности и поддршка на млади.

Управителот ќе биде задолжен за професионално, одговорно и ефикасно раководење со Друштвото и Извидничкиот Центар Охрид.

Опис на позицијата

Управителот е одговорен за целокупното раководење со Друштвото, стратешко планирање, организација на работните процеси, финансиско управување и претставување на Друштвото пред институции, партнери и соработници. За време на активната сезона се очекува од Управителот континуиран увид и водење на работата на Центарот, присуство и координација на терен.

Управителот треба да поседува високо ниво на организациски капацитети, визија, професионален интегритет и одговорност за секојдневното функционирање на Центарот.

Управителот е задолжен за:

  • Оперативно, административно и финансиско управување со Друштвото ИЗВИДНИК ДООЕЛ Скопје;
  • Тековно водење на работата и стратешки развој на Извиднички Центар Охрид;
  • Обезбедување услови за одржливост, квалитет на услуги и развој на понудата;
  • Претставување на Друштвото и Центарот пред партнери, институции и соработници;
  • Усогласеност на работењето со законските прописи и интерните правила на Сојузот на извидници на Македонија;
  • Подготовка и реализација на деловни планови и годишни програми.

Управителот директно одговара пред органите на основачот – Сојуз на извидници на Македонија, со редовно известување за состојбите, финансиското работење и развојните планови.

Клучни одговорности

  1. Управување со Извиднички Центар Охрид (организација и надзор на секојдневното функционирање на Центарот; одржување, унапредување и развој на капацитетите на Центарот (сместувачки објекти, опрема, околина); креирање годишни планови за користење на Центарот, распоред на настани, кампови и програми; координација со домашни и странски партнери, училишта, организации и институции кои го користат Центарот; следење на потребите на посетителите и обезбедување високо ниво на корисничка поддршка);
  2. Финансиско и административно управување (изработка на годишен финансиски план и месечни извештаи за работењето; приходна и расходна евиденција; одговорност за законска усогласеност со трговско, даночно и административно законодавство; проценка, планирање и оптимизација на трошоците за објектот и активностите; управување со материјални средства, договори со даватели и корисници на услуги, добавувачи и закупци);
  3. Раководство и организација (управување со вработени, сезонски работници и ангажирани лица; обезбедување стандарди за безбедност, хигиена и квалитет во Центарот; планирање и спроведување интерни процедури, политика за одржување, политики за прием и организација на групи);
  4. Развој и промоција (креирање стратегија за привлекување корисници, кампови, тренинг програми и гости; развивање партнерства со локални институции, туристички субјекти и организации; поддршка во маркетинг материјали, понуди и промотивни активности; следење на можности за финансирање и подобрување на инфраструктурата (проекти, донатори, програми).

Потребни квалификации и вештини

  • Завршено високо образование (предност: економија, менаџмент, бизнис администрација, право);
  • Работно искуство во управување или административно-финансиски процеси;
  • Познавање на законската регулатива применлива за друштва со ограничена одговорност;
  • Познавање на англиски јазик;
  • Високо ниво на организациски и комуникациски вештини;
  • Одговорност, етичност и способност за самостојно донесување одлуки;
  • Основно познавање на буџетирање, фактурирање и финансиско следење;
  • Како предност ќе се смета искуство во работа со млади и искуство во организација на настани.

Работно време и времетраење на работниот однос

Избраниот Управител ќе заснова работен однос со полно работно време во Друштвото.

Работниот однос ќе се заснова на неопределено време.

Плата

По договор.

Начин на пријавување

Заинтересираните кандидати треба да достават кратко мотивациско писмо и професионална биографија (CV) на e-mail: sim@scout.org.mk најдоцна до 05.12.2025 година.

Напомена:  Основачот на Друштвото го задржува правото да не избере ниту еден од пријавените кандидати.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *