Новости

25 Светска извидничка смотра – јужна кореја

25-то Светско извидничко Џамбори се одржa од 1 до 12 август 2023 година, во SaeManGeum, Jeollabuk-do, Република Кореја. На секои 4 години на светско ниво се одржува еден голем и значаен настан – светска извидничка смотра. Секоја се организира на различна локација со извидничка организација во улога на домаќин на овој настан. Камп местото опфаќаше површина од над 900км2 и на истото беа сместени 44000 извидници. Извидниците кои имаат од 14 до 18 години беа учесници и уживаа во следење на програмата додека оние над 18 години беа во улога на волонтери, координатори на програмски области, дел од тимовите за логистика, комуникации и менаџмент на контингентите.  Ова е втор пат корејската асоцијација на извидници да биде домаќин, по 17-тото Светско извидничко Џамбори кое се одржа во земјата во 1991 година. Темата на годинашната смотра беше  „Нацртајте го својот сон“,што ја изразува желбата членовите на Извидничкото движење да го трансформираат 25. Светски извиднички Џамбори во свој фестивал и да ги развијат своите соништа преку настанот. За да бидеш квалификуван младински учесник на 25-то Светско извиднички Џамбори, мораше да сте родени помеѓу 22 јули 2005 и 31 јули 2009 година и да бидете водач на единицата или да бидете член на вашиот тим за управување со контингенти. На оваа смотра имаше учесници од 155 земји, а контингентот на Сојуз на извидници на Македонија броеше 47 извидници, од кои 27 учесници со нивните тројца водачи формираа 3 патроли кои учествуваа во програмата, 15 волонтери беа вклучени во логистичката и програмска поддршка на кампот а, Елисавета Лукановска  заедно со нејзиниот колега Влатко беа водачи на контингентот одговорни за подготовката на самата група, обезбедување на опрема, логистика околу патувањето, комуникација со родители и чинители, комуникација со организаторите и многу други одговорности. Елисавета Лукановска и Дино Релушкоски беа дел од оваа смотра и за читателите на Трн го пренесуваат ова единствено искуство – Светска извидничка смотра. „Во овие улоги многу од извидниците се најдоа за прв пат и морам да признаам дека одлично се справија со сите предизвици кои тие ги носеа“, изјави за читателите на Трн, Елисавета Лукановска, Водач на македонскиот контингент во јужна Кореа. Елисавета Лукановска е извидник веќе 15 години, активна на локално, национално и интернационално ниво во извидничкото движење. Ова лето учествуваше на единственото искуство – светска извидничка смотра во улога на Водач на македонскиот контингент.  Дино Релушкоски е извидник e од самиот почеток на работа на Извидничкиот одред „Феникс“ во Прилеп, во 2015 година. Зад себе има многу смотри и кампови и затоа вели дека учеството на оваа смотра му дојде логично. Целото интервју кое Дино и Ели го дадоа за trn.mk може да го најдете тука

БОРАНКА СТАНУВА БОРЕНКА – ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА

Во просториите на Младински Центар – Матично, во четврток, 20ти април, со почеток од 11 часот, се одржа прес – конференција на тема: Боранка станува Боренка. Боренка е приказна чиј носител е Сојузот на извидници на Македонија. Идејата за истата е реплицирана од успешната Боранка, имплементирана од Сојуз на извидници на Хрватска уште од 2018. Боренка започнува како пилот проект поддржан од Амбасадата на Соединетите Американски Држави. Активностите во следните 18 месеци ќе се спроведуваат благодарение на поддршката од Министерството за надворешни работи на Република Хрватска. Боренка е иницијатива за пошумување на опожарени подрачја и се спроведува во партнерство со ЈП Национални шуми. Институционалната поддршка од Национални Шуми е проектирана преку обезбедување подготовка на теренот, стручна помош, експертиза и надзор во дејствијата за садење. Според господин Валентин Груевски, Директор на ЈП Национални шуми, партнерството со СИМ е од огромна важност за промовирање на култура на повисока еколошка свест кај младите како таргет група вклучена во програмите на извидниците. Тој исто така испрати и апел до граѓанскиот сектор, училиштата, компаниите: да се вклучат во оваа иницијатива и да помогнат за се направи нешто коешто со гордост ќе го оставиме на нашите деца. Хрватските извидници потенцираа дека при активностите најголема улога имаат волонтерите, кои според господин Еди Периќ, Претседател на Сплитскиот извиднички Сојуз, се сѐ повеќе мотивирани да се вклучат во вакви акции. Приказната се доближува до јавноста и најмладите преку симболиката и карактеристичниот визуелен идентитет креиран од агенцијата Имаго. Господинот Анте Тараш, претставник на Хрватски Шуми го истакна фактот дека институцијата ги препознала извидниците како одговорен и доверлив парнер во акции од ваков карактер. Оваа иницијатива е одличен пример за соработка меѓу институциите и граѓанскиот сектор, искористувајќи ги најсилните страни на секој од партнерите. Токму тоа е најголемиот резултат и успех на кој господин Дан Шпицер, главен координатор на Боранка, е најмногу горд. Заменик Директорот на ЈП Национални Шуми, госпоѓата Маре Басова и Владимир Костовски, Генерален Секретар на Сојуз на извидници на Македонија се вратија на почетоците на оваа приказна. Истата започнува од млади ентузијасти, извидници кои бараат поддршка за нивната идеја. Според г-ѓа Басова, СИМ излегол со конретна идеја и план, кои иако се чинеле недостижни, се покажале како одличен модел за соработка. Владимир потенцираше дека специфичноста на извидничките активности е методот на кои истите се имплементираат, правејќи ги реални, достижни, ефективни и со огромно влијание врз младите кои се вклучуваат. Боренка е повеќе од само акција за пошумување. Боренка е доказ за волјата на младите, силата на институциите, меѓусекторската соработка, важноста на едукацијата на најмладите и моќта на волонтерите. Боренка – интерактивна акција која има за цел да ја подигне свеста на граѓаните, особено на децата и младите, за важноста на шумите, заштитата на природата, последиците од глобалното затоплување и превенција и заштита од пожари.

пОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА МЕЃУ МИНИСТЕРСТВО ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА и Сојуз на извидници на Македонија

МЖСПП и Сојуз на извидници на Македонија – Scout Association of Macedonia потпишаа Mеморандумот за соработка со кој Министерството ги поддржува активностите за ревитализација на опжарените шуми и подигање на свеста за потребата на заштита на шумските ресурси. Министерката Шукова изрази задоволство што со овој Меморандум ќе се зацврсти досегашната соработка помеѓу МЖСПП и Сојузот на извидници на Македонија, додавајќи дека верува во силата на младите извидници, нивната љубов кон природата и подготвеноста за да ја зачуваат животната средина. Примерот што го дава оваа организација како една од најмасовните младински организации има моќ да иницира позитивна промена која ќе го поттикне развојот на младите, ќе придонесе во развојот на граѓанскиот волонтерски ангажман, подигнување на јавна свест за заштитата на шумите со еколошки пристап и ќе го олесни заедничкото креирање на планови и младински политики во Република Северна Македонија. „Боренка“ e волонтерска иницијатива за пошумување на опожарени подрачја што ја спроведуваат Извидниците во партнерство со ЈП „Национални шуми“ и со поддршка од Амбасада на САД. Активностите од „Боренка“ се реализираат преку два работни пакети: неформално образование за деца и млади во училишта и младински организации, каде со користење на т.н. боренки – моливи направени од јаглен од изгорени дрвја секој има можност да нацрта свое дрво и да го „засади“ во виртуелна шума на www.borenka.mk и вториот пакет, во чии рамки, за секое нацртано дрво, волонтерите на „Борeнка“ садат вистински расад на опожарена земја пошумување на опожарените површини.

Покана за учество на втората акција за пошумување опожарени подрачја боренка 18.3.23

Почитувани, Во организација на ЈП Национални шуми и Сојуз на извидници на Македонија (СИМ), а со поддршка од Амбасада на САД оваа сабота на 18 март 2023 млади волонтери од Скопје, Штип и Велес ќе пошумуваат опожарено подрачје во Вардарскиот Регион, КО Драчевица, Демиркаписко. Како дел од програмата за едукација за заштита на животната средина СИМ ја спроведува акцијата БОРЕНКА – нацртај го своето дрво во партнерство со ЈП „Национални шуми“ кои организираат и обезбедуваат подготовка на теренот, стручна помош, експертиза и надзор во дејствијата за садење. Секој може да биде дел од БОРЕНКА и помогне да се обојат местата на црните шумски пожари во зелени шуми Во соработка со Сојуз на извидници на Хрватска, маркетинг агенцијата Imago Ogilvy кои веќе 5 години ја спроведуваат boranka.hr осмислена е силна промотивна и едукативна кампања која ги следи акциите за садење и едукативните активности во акцијата. Боренка е интерактивна акција која има за цел да ја подигне свеста на граѓаните, особено на децата и младите, за важноста на шумите, заштитата на природата, последиците од глобалното затоплување и превенција и заштита од пожари. Акциите за садење дрвја се одвиваат за време на викендите во текот на пролет и есен, кога условите се најдобри во природа. Изборот на видовите што (ќе) се садат и локацијата каде што се садат се врши исклучиво во соработка со струката и експертите од ЈП Национални шуми како заеднички организатори со извидниците. Досега БОРЕНКА едукативните работилници ги имаат посетено повеќе од 2000 деца каде тие со помош на јаглен од изгорено дрво цртаат ново и го садат во виртуелната шума на borenka.mk. Колку повеќе дрвца во виртуелната шума, толку повеќе засадени стебла на опожарени подрачја. Досега БОРЕНКА има посадено повеќе од 5000 садници, а на 18 март 2023 за прв пат доаѓа на територија на Вардарски Регион, Демир Капија, КО Драчевица – парцела 211. Покрај волонтирањето, граѓаните можат да се вклучат во акциите за пошумување на уникатен начин користејќи БОРЕНКИ јаглени моливчиња, со кои можат да нацртаат сопствено дрво, да му дадат име и да го засадат во виртуелна шума на borenka.mk. За секое засадено дрво на страницата, волонтерите на Борeнка ќе посадат вистински расад на опожарена земја. Симболички, нов живот произлегува од изгорено црно-бело дрво и се раѓа нова шума во боја. Организатори: Јавно претпријатие Национални Шуми Сојуз на извидници на Македонија Покровители и пријатели на БОРЕНКА: Министерство за животна средина и просторно планирање Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Светски ден на извидниците, прилеп 2023

Успешно реализарана централна прослава на Светскиот ден на извидници! ЛИНК до фотографии После неколку години пауза, Сојузот на извидници на Македонија заедно со ИО Феникс Прилеп како домаќин одред организираше централен настан за 22ри Февруари на Могилата на непобедените во Прилеп. Со присуство на 400 извидници од цела држава го прославивме светскиот ден на извидниците и го одбележавме 70 годишниот јубилеј на извидништвото во Македонија. Учесниците на овој настан добија можност да го посетат градот Прилеп преку геомапинг но и да се запознаат повеќе со програмата на СИМ со работилници за: SYSPUC (Strengthening Youth Spaces and Participation for Underrepresented Communities), Earth Tribe, Боренка, Youth Agents of Change, Целите за одржлив развој (SDGs) и за 13тата Македонска извидничка смотра. Голема чест за сите нас беше свеченото давање извиднички Завет од страна на повеќе од 100 деца и млади кои официјално станаа дел од најголемата младинска организација во Македонија. Им честитаме на истите и им посакуваме топло добредојде во извидништвото Краток осврт од волонтерите за програмата Lucile Bousquet / Capucine Vaseux  SDGs tent – Шатор, Цели за одржлив развој “We arrived a bit late so we installed our tent but moved after the ceremony because people were using the tent to store their coats and bags. As we finished to install the props at the new tent it was already time for children to go for the game in the city, so unfortunately we didn’t do the games that we prepared. For the SDG’s tent we had planned 3 activities: – A Yes or No quiz with questions about the SDG’s – A revisited scarf game. The goal was to name the SDG’s and to find the corresponding logo as fast as possible on sticks planted in the ground – An ideal world to be drawn on a large A4 paper. The goal was to represent as many SGD’s as possible and to stick their corresponding logo on it. „Пристигнавме малку доцна, го средивме нашиот шатор, но по церемонијата се преместивем во друг бидејќи луѓето го користеа шаторот за да ги чуваат своите јакни и ранци. Ког завршивме со инсталирањето на реквизитите во новиот шатор, веќе беше време децата да одат низ градот на стазата, па за жал не ги направивме планираните игри. За шаторот на SDG имавме планирано 3 активности: – Квиз со Да или Не прашања за SDG  – Игра со марам. Целта беше да се именуваат SDG и да се најде соодветното лого број на целта што е можно побрзо и да се стави на стапчиња ставени во земјата – Идеален свет што треба да се нацрта на голема хартија А4. Целта беше да се претстават што е можно повеќе SGD и да се залепи нивното соодветно лого на него. Елисавета Лукановска – SYSPUC expo -шатор Проектот SYSPUC (Strengthening Youth Spaces and Participation in Underrepresented Communities) е проект кој се фокусира на раст и развој на организацијата и е заеднички проект на Сојуз на извидници на Македонија со сојузите на Црна Гора и Албанија. Генерално целната група на активностите на овој проект се средношколците и студентите (категорија истражувачи и ровери) кои на централниот настан за одбележување на денот на извидниците беа во помала застапеност од категориите развигорци и истражувачи и беа во улога на водачи или волонтери. Во обид да се доближат темите кои овој проект ги обработува кон присутните на настанот – на штандот/шаторот на SYSPUC имаше 2 различни активности: 1. Игра-меморија (30 картички со поими кои се поврзуваат (пр. парови на поими: химна на СИМ – Пламен се дига; број на извиднички закони – 10) кои преку игра треба учесниците во парови да ги спојуваат, притоа откривајќи ги одговорите кои до тогаш не им биле познати) – Оваа игра беше позабавна за помалите генерации како и што очекувавме, на истата учествуваа 12 пара учесници со вкупна вклученост на околу 60тина извидници во активноста. 2. Постери (поставени беа 4 шарени постери за анкетирање на присутните, на посетителите на шаторот им беше објаснето кои се прашањата и што се бара од нив и истите ги одговараа со поставување на самолепливи ливчиња со нивниот одговор) – Оваа активност беше позабавна за водачите и волонтерите на настанот, за коишто и беше предвидена. На оваа активност учествуваа во дискусија и одговарање на прашањата околу 40тина водачи и волонтери. Активноста беше интересна за оваа целна група и се увиде дека на ваков неформален и шарен интересен начин на анкетирање се отвораат дискусии меѓу врсниците за важни теми како безбедност, програма за млади, улога на младите во СИМ и слично. Согласно одговорите е јасно дека младите генерално се чувствуваат безбедно на извидничките активности, постои интерес за сите тематски области опфатени во програмата за млади на СИМ со акцент на авантуристички активности и извиднички вештини. Иван Николовски Earth Tribe, имплементатор на активности во шатор Промотивни материјали: Стикери Earth Tribe, Жолти кутии – изложени, Прирачници за биодиверзитет – изложени, Лого Earth Tribe Материјали за активности: Испечатени бинго листови Целта на активноста (пополнување/ штиклирање на полиња од бинго листот) е да ги поттикне учесниците на размислување и рефлектирање на што е она што тие во секојдневниот живот го прават, а со тоа значително влијаат на животната средина, позитивно или негативно. Па така, секој учесник со својот бинго лист имаше задача да помине и прошета кај останатите учесници и да најде учесник за кого исказ од бинго листот е точен. На тој начин, учесниците рефлектираат дали тие ги применуваат наведените практики во рамките а својот дом и живот, но и истражуваат како останатите учесници ги применуваат наведените практики. Играта е завршена кога секој учесник ќе има различен учесник потпишан на секој од наведените искази. Тогаш, учесникот како награда добива стикер. Штандот, односно шаторот беше и од информативен карактер, каде што учесниците имаа можност да се запознаат со тековната програма и активности на СИМ, фокусирана на биодиверзитет и заштита на животната средина, за чија цел беа изложени програмите и активностите од жолтата кутија. Срна Мајсторовиќ – Шатор промоција на 70 години извидништво во РСМакедонија и Scout Shop Во рамките на изложбата на проекти и програми на СИМ, еден шатор беше специфично

13 смотра на Сојуз на извидници на Македонија

Зошто смотрата е толку значајна за извидниците? Нашата приказна Смотра е извиднички настан со најдолга традиција и се одржува на секои 5 години од основањето на сојузот. Зад нас се 12 успешни и незаборавни смотри низ целата територија на нашата татковина. Традицијата започнува во далечната 1958 година, во градот Велес, а овој пат 10 дена исполнети со авантура, кампување, забава и едукација ни престојат во историското Крушево. За овој краток временски период младите луѓе се зближуваат повеќе од било кога, стекнуваат нови пријателства и искуства. Смотра не се опишува со зборови, таа се доживува.  13та смотра – Достигни ги височините Програмата на нашата 13та Смотра е поделена во 7 програмски области кои се со едукативен и извиднички-авантуристички дух, а во исто време доволно атрактивен за да го привлече внимание кај децата и младите. Овие програмски области нудат можност сите присутни да го искусат извидништвото во потполност и да ги достигнат своите лични височини што всушност е и нашето мото „Достигни ги височините”. СИТЕ ИНФОРМАЦИИ ЗА 13 СМОТРА НА СОЈУЗ НА ИЗВИДНИЦИ НА МАКЕДОНИЈА МОЖЕ ДА ГИ НАЈДЕТЕ НА WWW.SMOTRA.IZVIDNICI.MK

Меѓународен ден на волонтерите – панел дискусија, настан за вмрежување

На 5 декември 2022 година, Меѓународниот ден на волонтерите беше прославен во Куќата на Европа, Скопје со настан за вмрежување организиран од Центарот за интеркултурен дијалог, Сојузот на извидници на Македонија и Центарот за истражување и анализа – НОВУС, партнерски конзорциум за проектот „Млади – агенти на Промени“, финансиран од Европската Унија, во соработка со  Europe House Скопје, Europe House Струмица и Europe House Крива Паланка. Главната цел на настанот беше подигнување на свеста за важноста на волонтерството и активизмот за секој човек на овој свет. Настанот за вмрежување започна со поздравни зборови и презентација на проектот од страна на нашиот извршен директор Нами Исаки. Никол Клесова го презентираше прирачникот „Локални младински патеки“ кој е создаден во рамките на проектот, а во него се опишува механизмот за волонтирање на локално ниво во општините. Следна на дневен ред беше панел дискусијата на тема Активизам со модерација на Андријана Ташевска. Гости беа Марија Крстевска, претседател на Националниот младински совет на Македонија и генерален секретар на Центарот за интеркултурен дијалог. Како говорник таа ги охрабри сите млади луѓе да се информираат за сите можности што им се нудат. „Информираните млади се активни млади и чекор поблиску до исполнување на нивните потреби и решавање на сопствените и социјалните проблеми“ – рече Марија. Следен гостин говорник беше Мила Јовановска од Гоу Грин. Како млада еко-активист, таа зборуваше за важноста на образованието на сите луѓе, најважно на младите. Таа го истакна значењето на формалното и неформалното образование доколку некој навистина сака да направи промени во општеството. Следниот гостин беше Благородна Пешевски од Europe House Крива Паланка и таа навистина јасно стави до знаење дека преку активизам секој може да придонесе во правењето на посакуваната промена и да има улога во создавањето подобар свет. Последниот гостин говорник на првата панел-дискусија беше Дамјан Златановски, млад европски амбасадор кој искрено го сподели своето искуство како активист и какво влијание имало во неговиот живот и во процесот на создавање себеси како личност. Главниот фокус на втората панел дискусија беше волонтерството, модерирана од Елисавета Лукановска. Прв гостин беше Снежана Јанковиќ, координатор на Боренка, најголемата волонтерска акција за пошумување на шумите погодени од шумски пожари. Таа страсно го сподели своето искуство со овој проект, го објасни процесот на имплементација на проектните активности и подвлече дека волонтерите се сржта на сè, особено кога се прават важни акции за создавање подобар свет. Вториот говорник беше Александра Ристовски, координатор на програмата Промоција на хумани вредности на Црвениот крст. Таа зборуваше за сите активности што ги имаат волонтерите во Црвениот крст и за сите начини на кои некој може да стане дел од тоа големо семејство. Следно, Никола Станкоски од Волонтерскиот центар Скопје, зборуваше за важноста да се направат локални акции, како онаа што ја направи со волонтерите тоа утро, акција во која тие расчистија дел од градот каде што учениците секојдневно поминуваат време на нивните пат до училиште. Последно, но не и најмалку важно, Марко Ѓорѓиевски, директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, ја сподели теоретската страна на процесите на креирање и имплементација на стратегии и програми за младински активизам и волонтеризам во нашата земја. По завршувањето на двете навистина инспиративни панел-дискусии, Владимир Костовски, проектен координатор за Млади агенти на промени од Сојузот на извидници на Македонија, ја презентираше шемата за проектните грантови како механизам за поддршка на практиката на волонтирање и активизам.

Стартуваше првата БОРЕНКА – акција за пошумување на опожарени подрачја – Петралица

Стартуваше првата БОРЕНКА – акција за пошумување на опожарени подрачја – Петралица На 3 декември 2022г. со старт во 10:00ч. на опожарено подрачје во пределот на Петралица беа засадени првите дрвца благодарение на вредните раце на 200 волонтери. И покрај најавата на дожд, сепак имавме прекрасен ден, но пред се продуктивен и успеавме да засадиме 4000 дрвца. За сите волонтери беше организиран бесплатен превоз, храна и освежување, како и алат за успешна акција. На акцијата присуствуваа голем број граѓани од општина Крива Паланка, општина Ранковце, извидници од скопските одреди, извидници од Куманово и Крива Паланка, претставници од ЈП Национални шуми и Министерство за земјоделие, шумарство и водостопанство. На почеток од работната акција за пошумување опожарено подрачје беше свечено потпишан Меморандум за соработка од страна на Министерот на МЗШВ, Љупчно Николовски и Старешината на СИМ, Бобан Москов. Првата акција на БОРЕНКА беше организирана во партнерство на Јавно претпријатие „Национални шуми“ и Сојуз на извидници на Македонија под покровителство на Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство, а поддржана од Амбасада на САД во Северна Македонија. Фотографиите во прилог, мал потсетник како поминавме во саботата. Уште еднаш најголема благодарност до сите волонтери. Секој може да биде дел од БОРЕНКА и да помогне да се врати бојата на опожарените подрачја во земјава! ЈП Национални шуми Сојуз на извидници на Македонија – Scout Association of Macedonia Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство U.S. Embassy North Macedonia

Тренинг курс за обука за наставници за младински активизам и волонтеризам за пристап на ниво на заедницата

Во ноември 2022 година во Берово беше организиран курс за наставници за младински активизам и волонтеризам за информирање на ниво на заедницата. Учествуваа 43 наставници од средните училишта од Куманово, Скопје и Струмица и преку интерактивни активности научија многу за стратегиите што се користат за ангажирање на младите луѓе и мотивирање да бидат активни граѓани и да прават промени во нивните локални заедници. Учесниците кои присуствуваа на овој тренинг курс научија за сите начини за развивање и зајакнување на нивните вештини за дејствување во рамките на нивната заедница и подигање на свеста за важноста на младинскиот активизам и волонтерството. Учесниците исто така беа поучени како да воспостават програми за младински активизам користејќи неформални начини на образование. Една од главните цели на курсот за обука беше да им даде на наставниците од средните училишта лесни совети и трикови за примена и да им помогне да бидат добри ментори за своите ученици со користење на стратегии за да им се помогне на учениците да идентификуваат прашања за кои се страсни и како да ја претворат таа страст во активизам. . Други резултати кон кои имаше за цел проектот беа да се воспостави механизам кој ќе го олесни процесот на правење промени и ќе даде можност за соработка помеѓу младите активисти/волонтери и општините и локалните власти. Учесниците имаа можност да разговараат многу за темите поврзани со младинскиот активизам и волонтерството, да ги споделат своите искуства и размислувања, да направат планови и да споделат идеи за сите начини и стратегии што ќе ги спроведат во нивните локални заедници за да ги мотивираат високите учениците да станат активисти кои прават иницијативи и ги носат посакуваните промени. Силната мотивација и подготвеноста на наставниците да придонесат со своето искуство во подготовката за работа со учениците на дизајнирање проекти кои се однесуваат на младинските прашања во нивните локални заедници беше навистина извонредна. Една од учесниците ни го сподели своето искуство: „Преку тренинг курсот добив потврда за рамката и чекорите/фазите – при примена и реализација на проектните активности, нови сознанија за реализација, важноста на менторот и менторството во областа на младински активизам“. *Обуката беше организирана во рамките на проектот „Млади – агенти на промени“, финансиран од Европската Унија и имплементиран од Центарот за меѓукултурен дијалог во партнерство со Сојузот на извидници на Македонија и Центарот за истражување и анализа НОВУС од Струмица.

Покана за учество во првата акција за пошумување на опожарени подрачја БОРЕНКА

Сојуз на извидници на Македонија и ЈП Национални шуми со задоволство Ве покануваат на нашата и ваша прва БОРЕНКА акција за пошумување на опожарена површина која ќе се одржи на 03.12.2022 година (сабота) во близина на општина Ранковце, Петралица во близина на манастирот Света Тројца. Главна цел на проектот е да се подигне свеста на луѓето за важноста на заштитата на шумите и уништувањето на шумите преку неформално образование и волонтерски ангажман за справување со националниот проблем. Како дел од овој настан, ќе биде и официјалното потпишување на Меморандумот за соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, министерот Љупчо Николовски, а активно учество ќе земе и м-р Маре Басова, помошник директор на Национални шуми и други релевантни претставници на локални самоуправи. За присуство на овој настан, Ве молиме да не информирате најдоцна до 1 декември 2022 година (четврток) со име, презиме и контакт телефон на извидници од Вашите одреди. Бидејќи имаме обезбедено еден автобус, сите одреди ќе можат да пријават по 5 извидници на возраст од 16+ години. Сите извидници задолжително да носат униформа и марама, топла облека, удобни кондури, кабаница и слична опрема за на планина како и волја и желба за садење расад на опожарена локација. На настанот за сите учесници ќе бидат обезбедени ракавици за работ, вода, сок и кроасан. *Доколку имате поголема бројка на пријавени извидници би ве замолиле да не информирате во случај да се појави простор да ве контактираме. Во секој случај настанот е отворен за сите нас, па можете да се организирате и да дојдете со сопствено возило, но секако претходно уредно најавени. Поаѓањето ќе биде во сабота во 08:00ч од дрво-декор, спроти Холидеј ин, калдрмата, а враќање за Скопје во 14:00 / 15:00. Доколку ви требаат дополнителни информации, слободно контактирајте не. Со почит, Снежана Јанковиќ Координатор на БОРЕНКА

државен извиднички ориентационен натпревар 2022 Кавадарци

Традиционално и оваа година се одржа нашиот долгоочекуван Државен Извиднички Ориентационен Натпревар (ДИОН) 2022. Ова издание на ДИОН се одржа во с. Ваташа, Кавадарци, со нашите ИО Авантуристи како домаќини.Во тие 4 дена натпреварување учество земаа 14 екипи вкупно, поделени во две категории (извидници и истражувачи/ровери) кои си ги измерија силите, знаењата и вештините на повеќе полиња и дисциплини, како:-цртање на извиднички материјали,-ориентација и топографија,-прва помош и заштита,-извидништво,-сигнализација,-бивакување и пионерство.Овој пат во категорија извидници најуспешни беа екипите:3. Експресо (ИПО Сидро)2. ПСИО клуб (ПСИО)1. Леопарди (ПСИО)Во категорија истражувачи/ровери најдобро се покажаа:3. Телетабиси (ИО Еквинокс)2. Тирамису (ИПО Јадран)1. Архитект (ИО Скаут) ЛИНК до фотографии од настанот Со надеж за уште посилен натпреварувачки дух на следниот ДИОН,ЗДРАВО!

Извидничката програма е збир на тоа ШТО младите луѓе го работат во извидништвото (активностите), КАКО го изведуваат тоа (Извидничкиот метод), и причината ЗОШТО го прават тоа (ЦЕЛТА). *** Тематски годишен календар за 2020 (превземи) *** Дополнителни активности за тематските месеци за 2019 (превземи) Оваа дефиниција превземена од WOSM, покажува јасно дека извидничката програма е многу повеќе од само активности или прогресивен систем. Кога веќе веруваме дека активностите кои ние ги изведуваме го поттикнуваат развојот на младите во повеќе сегменти од нивниот живот, Сојуз на извидници на Македонија, и секоја локална организација би требала да има кристално разбирање и свест за тоа што сакаме и што треба да се постигне во развојот кај младата личност (во контекст на едукативни цели) и тогаш да се осигураме дека соодветни, релевантни и поврзани активности се организираат за да се постигнат овие цели. Исто така мораме да запомниме дека како неформално едукативно движење ние имаме лично наш активен метод на (само)едукација, односно „извидничкиот метод’’. Користејќи го извидничкиот метод и сите негови компоненти не доведува на пола пат до постигнувањето на едукативното влиание кон кое целиме. Ако највидливиот дел од извидничката програма се случува на локално ниво, преку активности кои ги спроведуваат млади луѓе, други важни задачи мора да се земат во предвид бидејки тие можат да постават солидни темели за да имаме релевантен едукативен “продукт”, кој може да изврши значителено влианије врз развојот на младата личност

Стартува боренка

Со гордост Ви ја најавуваме Боренка. Ја лансираме Боренка – најголемата волонтерска акција за пошумување на опожарени површини. Илјадници волонтери ќе учествуваат во садењето на ливадите во три региони во земјава. Ќе ни се придружат и бројни здруженија, институции, ветерани, планинари и сите заинтересирани граѓани. Целта, покрај обновувањето на дел од опожарените површини, е и да се поттикнат граѓаните поактивно да се вклучат во волонтерски акции. Не случајно се вели дека ако ја снема шумата, ќе исчезнат и луѓето. Природата е немоќна сама да се одбрани и брзо да се обнови, токму затоа и е потребна нашата помош. – Граѓаните со јаглени моливи ќе можат да ги нацртаат своите дрвја на хартија, да ги фотографираат и да ги „засадат во виртуелна шума“. За секое нацртано дрво, волонтерите на Боренка ќе засадат вистински расад – објаснува Владимир Костовски, Генерален секретар на СИМ. Како воведна активност на оваа акција е осмислена едукативна кампања за македонските основни училишта која ќе ја спроведуваат извидници и пријателите, а е во насока за зачувувањето на природниот свет, заштитата од пожари и опасностите во природата, учениците ќе имаат можност да се приклучат на Боренка. По завршувањето на едукативниот час, симболично ќе засадиме расад во училишниот двор. Почнува Боренка! Придружете ни се, да одиме заедно да го вратиме животот во опустошените горилници.

камп – Млади агенти на промена Академија

Од 15-ти до 22-ри август Сојузот на извидници на Македонија во партнерство со Центарот за интеркултурен дијалог и Центарот за истражување и анализа НОВУС организираше тренинг камп академија за средношколци за волонтеризам и активизам „Youth Changemakers Academy“ во Извиднички центар, Охрид. На тренинг кампот учествуваа 88 средношколци од целата држава. Програмата опфати различни образовни пакети, кои ги покриваа темите за волонтеризам, лидерство, неформално образование, младински активизам, младинско учество, застапување, човекови права, медиумска и дигитална писменост, интеркултурализам, меки вештини и многу други. Учесниците имаа можност да изберат помеѓу овие пакети, креирајќи свој едукативен пат. Програмата беше фасилитирана од млади активисти кои на интересен и уникатен начин им го пренесоа своето знаење и искуство на учесниците. Кампот за обука беше спроведен на отворено, преку методологија која вклучува едукација во природа, работејќи во согласност со извидничките принципи и вредности, што придонесе за мотивирање на поединците да го искористат својот целосен потенцијал. Сместувањето беше во шатори, што го прави овој тренинг камп позабавен и предизвик за учесниците. Кампот го посети и претставник на Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија – Лука Цитарела, кој е програмски менаџер и координатор на Европската година на млади 2022 година во Северна Македонија, и Маријана Ангелова – генерален секретар на Националниот младински совет на Македонија. Тие беа гости на панел дискусија организирана за време на кампот, а зборуваа за различните можности за младите во нашата земја, спроведувањето на Законот за младинско учество и младинските политики и различните предизвици со кои младите се соочуваат во денешно време. Учесниците беа вклучени во дискусијата и имаа многу прашања до гостите. На последниот ден од кампот за обука од учесниците беше побарано да се поделат во групи од 4-5 луѓе и да напишат свои проекти за решавање на некои прашања во нивната заедница. Идеите што произлегоа од групите беа прекрасни и освежувачки. Учесниците на академијата ќе имаат можност во наредниот период да се вклучат во локалните неформални мрежи на „агенти на промени“ и заедно со своите врсници да бидат вистински носители на позитивни промени преку организирање и спроведување на микро и мали проекти кофинансирани од Европската Унија. ЛИНК до фото албум

Тринационален камп 2022 – Jambville

Оваа година ја зајакнавме соработката со извидниците од Франција и Германија со остварување на втората фаза од тринационалниот проект овој пат во Жамбвил, Франција. Во рамките на тринационалниот проект Hallo / Salut / Zdravo Europe беше организиран меѓународен камп во периодот од 6-ти до 14-ти август 2022. Кампот претставува втоа фаза од проектот и беше одржан во извидничкиот центар Жамбвил, Германија. Секоја земја имаше по двајца водачи одговорни за организацијата, програмата и логистиката потребна за кампот, дел од ова беше спроведено онлајн и дел во живо во Париз. Соработката продолжува и во 2023 со третата фаза од тринационалниот проект Hallo/Salut/ Zdravo Europe кој ќе се одржи за време на смотрата во Крушево.

Извидничката програма е збир на тоа ШТО младите луѓе го работат во извидништвото (активностите), КАКО го изведуваат тоа (Извидничкиот метод), и причината ЗОШТО го прават тоа (ЦЕЛТА). *** Тематски годишен календар за 2020 (превземи) *** Дополнителни активности за тематските месеци за 2019 (превземи) Оваа дефиниција превземена од WOSM, покажува јасно дека извидничката програма е многу повеќе од само активности или прогресивен систем. Кога веќе веруваме дека активностите кои ние ги изведуваме го поттикнуваат развојот на младите во повеќе сегменти од нивниот живот, Сојуз на извидници на Македонија, и секоја локална организација би требала да има кристално разбирање и свест за тоа што сакаме и што треба да се постигне во развојот кај младата личност (во контекст на едукативни цели) и тогаш да се осигураме дека соодветни, релевантни и поврзани активности се организираат за да се постигнат овие цели. Исто така мораме да запомниме дека како неформално едукативно движење ние имаме лично наш активен метод на (само)едукација, односно „извидничкиот метод’’. Користејќи го извидничкиот метод и сите негови компоненти не доведува на пола пат до постигнувањето на едукативното влиание кон кое целиме. Ако највидливиот дел од извидничката програма се случува на локално ниво, преку активности кои ги спроведуваат млади луѓе, други важни задачи мора да се земат во предвид бидејки тие можат да постават солидни темели за да имаме релевантен едукативен “продукт”, кој може да изврши значителено влианије врз развојот на младата личност.

22 ФЕВРУАРИ, СВЕТСКИ ДЕН НА ИЗВИДНИЦИ

Сојузот на извидници на Македонија реализира низа активности по повод 22 Февруари – Светскиот ден на извидниците и роденденот на основачот на извидништвото Баден Пауел. Активностите се организирани од 22 извиднички одреди во 17 градови во Македонија. Под мотото „Направи добро дело“ се организираат крводарителски акции, социјална помош за лица на кои им е најпотребно, собирање донации, инклузија на деца и млади со помалку можности, згрижување на улични животни, грижа и заштита за животната средина итн.  Колку што се прославува денот на извидниците во нашата држава, толку се долго се одржува и традиционалната крводарителска акција во организација на Сојузот на извидници на Македонија и Црвениот Крст на Република Северна Македонија.  Крводарителската акција е во склоп на низата активности по повод 22 Февруари – Светски ден на извидниците. Истата ќе се одржи на 22 февруари од 10 до 18 часот во Младинскиот центар Матично кој се наоѓа во просториите на старо Матично во близина на општина Центар. Добредојдени се сите граѓани со наполнети 18 години, добра здравствена состојба и желба да направат добро дело. Ве поттикнуваме и вие да се вклучите во нашата кампања #НаправиДоброДело и заедно да создадеме подобар свет. Со цел да инспирираме уште повеќе добри дела, вашите добри дела може да ги објавите на социјалните мрежи  користејќи го тагот #НаправиДоброДели и #scoutsmacedonia.  Извидничкото движење продолжува да биде најголемата организација за деца и млади во Македонија со преку 2500 членови која придонесува во неформалното образование и физичкиот, социјалниот, психичкиот, интелектуалниот и емотивниот развој на децата и младите.  Создаваме подобар свет!

Дефиле по повод 30 години независност – 8 септември

Сојузот на извидници на Македонија гордо чекореше на дефилето по повод 30 години независност на државата заедно со медицинските работници, црвениот крст, спортистите, армијата, полицијата, пожарникарите и останатите чинители кои активно придонесуваат во зачувување, промоција и афирмација на нашата држава. СИМ беше препознаен од Владата на РСМ како чинители кои помагаат во развојот на генерации на млади кои негуваат вистински вредности. Резултатите од референдумското изјаснување на 8 септември 1991 година јасно и недвосмислено ја покажаа волјата на мнозинството граѓани да живеат во сопствена држава. Јубилејот – 30 години независност денеска ќе се одбележи со церемонијална државна манифестација пред Собранието. Прославата ќе биде збогатена со музичка програма и дефиле на независноста, во кое ќе учествуваат ансамбли и културно-уметнички друштва, рудари, земјоделци, волонтери на Црвениот крст, извидници, здравствени работници, спортисти, пожарникари, припадници на полицијата и армијата… Свои обраќања ќе имаат шефот на државата и премиерот, како и видео обраќање на претседателот на Собранието. Владата пред една недела одржа свечена седница посветена на 30-годишнината од независноста на државата. По повод трите децении независност, претседателот Стево Пендаровски денеска со орден „8 Септември“ ќе ги одликува Стојан Андов, прв претседател на првото повеќепартиско собрание, како и пратениците во Собранието на Република Македонија во мандатниот период од 1990 до 1994 година. (извор – www.dw.com/mk/македонија-независност-8-септември-јубилеј)

Тринационален камп – Меѓународен камп – Hallo / Salut / здраво

Во рамките на тринационалниот проект Hallo / Salut / Здраво Europe беше организиран меѓународен камп во периодот од 7-ми до 15-ти август 2021 година. Кампот претставува прва фаза од проектот и беше одржан во извидничкиот центар на ДПСГ Вестернох, Германија. Имаше вкупно 42 извидници вклучени како учесници во проектот, на возраст од 14 до 18 години: 18 од Франција, 7 од Германија и 17 од Северна Македонија. Дополнително, секоја земја имаше по двајца лидери одговорни за организацијата, програмата и логистиката потребна за кампот. Самиот проект има за цел да ги запознае учесниците со целите за одржлив развој и да ги поттикне да работат на локално и национално ниво, како и да ја доближат културата и традицијата на нивните пријатели од другите земји. Проектот вклучуваше подготвителни активности пред кампот (одржани онлајн поради пандемијата), тринационален камп во Германија и активности во локалната заедница по завршетокот на кампот.

Отворен Општинскиот младински центар „Матично“ во Општина Центар

На иницијатива на извидниците, на 17.02.2021 се отвори првиот општински младинскиот центар во државата – Матично. Младинскиот центар претставува одржлив модел на партнерство помеѓу Општина Центар, извидниците и младинските организации кои заеднички ќе работат да обезбедат инклузивни програми и можности за младите. Како поддржувачи на оваа иницијатива ги истакнуваме Општина Центар и UNDP MK. Младинскиот центар – Матично е резултат на застапувањето на идејата и потребите на младите од страна на СИМ, на повеќе граѓански општински форуми. Младински Центар МАТИЧНО Во 2019 година Општина Центар во соработка со УНДП и Швајцарска Развојна Агенција со цел транспарентност и почит кон своите граѓани и жители на општината го започна проектот „ Зајакнување на општинските совети“ со тема социјална инклузија, а истиот имаше за цел вклучување на граѓаните во процесот на креирање на идеи и проекти за подобрување на животот во заедницата и развој на локалната заедница преку взаемна соработка на општината и граѓаните. Токму од овој овој проект проследен со низа активности се роди идејата и се создаде Младински Центар МАТИЧНО (МЦ Матично). Овој едукативно-креативен младински дом беше отворен во февруари 2021 година и доделен на раководење на Сојуз на  извидници на Македонија како единствена младинска организација која присуствуваше на граѓанските форуми и се залагаше за иницијативата за овој проект, што е доказ за инклузивноста што сакаме да ја внесеме во секој сегмент од општеството. На отворањето на Младински центар МАТИЧНО, покрај градоначалниците на Општина Центар и Град Скопје присуствуваа и заменик-Министерот за локална самоуправа и директорот на Агенцијата за млади и спорт. Општа цел на Младински Центар МАТИЧНО Креирање на одржлив инклузивен центар за неформално образование на деца и млади каде преку систем на вредности ќе се овозможи средина за квалитетно користење на слободното време и креирање на корисни граѓани за својата општина. Младинскиот Центар Матично претставува сервис за млади кој е програмски поддржан од Сојузот на извидници на Македонија и општина Центар. Истиот претставува простор за едукативни и други активности за млади организирани од извидничката организација и други младински организации, организации за млади и неформални групи на млади лица. Конкретни цели на Младинскиот центар МАТИЧНО Центарот обезбедува соодветен простор каде што се спроведува неформално образование: обучување и подучување на деца и млади за животни и меки вештини преку програмата на Сојуз на извидници на Македонија – КОМПАС, кој го следи правилниот психо-физички развој на целната група. Ова се спроведува преку освојување на повеќе од 50 вештини кои децата и младите не ги добиваа во формалното образование, информирање, менторство и советување за европски програми за дообразование, и-формално искуствено учење кое се случува во слободно време низ учество во забавни волонтерски активности организирани од и за млади и програмски активности и услуги во центарот кои се спроведуваат на теми од интерес и значење за развојот на младите и нивно активно вклучување во животот во заедницата. Одржливост и координација Извидничката организација е организација чија вистинска вредност се волонтерите и целата структура на организацијата се базира на волонтерството. Координирани од страна на националната извршна канцеларија, волонтерите се младите кои се одговорни за имплементирање на активностите. Со цел поголема одржливост Сојузот на извидници на Македонија во периодот од отворање на Младински центар МАТИЧНО обезбеди младински координатор кој е задолжен за целата комуникација со Општина Центар и сите други релевантни чинители како и посетители и корисници на просториите на МЦ Матично Улогата на Сојуз на извидници на Македонија како координатор е обезбедување одржливост на просторот со својата експертиза и посветени волонтери. СИМ обезбедува програма и реквизити како и носење донатори кои ја поддржуваат програмата и секогаш ќе ја надоградуваат во согласност со современото општество и потребите на младите.