Новости

Безбедна средина за секој

➡Пред нас е година исполнета со безброј извиднички активности на кои ќе се забавуваме, ќе учиме и ќе се дружиме! За сите да уживаме во овие активности важно е да се потсетиме дека мора да работиме на безбедна и пријатна аатмосфера за секого! Безбедноста и благосостојбата на секој извидник се наш врвен приоритет.Сојузот на извидници на Македонија ги охрабрува сите членови, волонтери и партнери да пријават било какви загрозувања на безбедноста на нашата официјална е-пошта: sfh_bezbednost@scout.org.mk 📩 💡 Само заедно можеме да изградиме заедница во која секој се чувствува сигурно, заштитено и поддржано!

Волонтерска 2024

Волонтерска забава 2024: Признание за најдобрите и прослава на заедничкиот успех На 21 декември, во празнична атмосфера и со многу позитивна енергија, се одржа традиционалната Волонтерска забава 2024. Настанот беше можност да се оддаде признание на извидниците и волонтерите кои со својата неуморна работа и посветеност оставија значителен белег врз заедницата во изминатата година. Посебно признание беше доделено на Драган Дончевски, член на извидничкиот одред „Еквинокс“ од Штип, кој ја освои титулата „Извидник на годината“. Драган е вистински пример за извидничките вредности – неговата енергија, упорност и посветеност се инспирација за сите нас. Дополнително, со голема благодарност беа доделени признанија на волонтерите од „Екипа – Комбе“, кои со својата пожртвуваност и ентузијазам ги поддржаа активностите на Боренка за 2023 и 2024 година. Нивната работа е непроценлива и претставува основа за успехот на нашите заеднички иницијативи. Волонтерската забава беше вечер исполнета со моменти на гордост, забава и благодарност. Благодарение на волонтерите, нашата организација продолжува да ја гради својата мисија за позитивна промена и зајакнување на заедницата. Ви благодариме што сте дел од нашата приказна!

Форум за меѓународна соработка 2024 – европски извиднички регион

Од 6-ти до 8-ми декември 2024 година, во Малта се одржа Форум за Интернационални Комесари (IC Forum 2024), кој обедини 150 учесници од извиднички организации од целиот европски регион. Настанот, кој е заедничка иницијатива на WOSM и WAGGGS, претставуваше можност за размена на искуства, дискутирање за идни иницијативи и зајакнување на меѓународната соработка меѓу извидниците. Овој настан е наменет за извидниците кои се задолжени за интернационалната соработка на нивните сојузи со оние од останатите држави – комесарите за меѓународна соработка (интернационални комесари, најчесто се користи кратенката IC од англискиот превод). Сојузот на извидници на Македонија (СИМ) беше претставен од нашиот комесар за меѓународна соработка, Елисавета Лукановска, која беше дел од организацискиот тим на настанот. Тимот, составен од претставници на различни организации, беше одговорен за логистичката и програмската подготовка, како и за реализација на сесиите. Во текот на форумот, Елисавета фасилитираше три значајни сесии: Дополнително, Елисавета беше дел од тимот „Listening Ears“ (Слушко), кој се фокусираше на обезбедување на безбедност и поддршка на учесниците, со примена на принципите на безбедност во извидништвото. Овој форум не само што ги збогати сите учесници со нови знаења и вештини, туку и постави основа за подготовка на Европската Извидничка Конференција, која ќе се одржи во Виена во 2025 година. IC Forum 2024 беше платформа за градење на врски меѓу сојузите, инспирирање на младите и поставување на основа за идни успеси на извидниците во Европа.

Тренинг за управување со проекти

Од 6 до 9 декември, во Извидничкиот центар Орел во Свети Николе, Сојуз на извидници на Македонија успешно го реализираше тренингот „Основи за пишување проекти“. На тренингот учествуваа млади извидници на возраст од 16 до 26 години, кои имаа можност да ги зајакнат своите вештини за планирање, пишување и управување со проекти. Програмата на тренингот опфати: Тренингот не само што ги збогати знаењата на учесниците, туку и ја поттикна нивната мотивација за примена на стекнатите вештини во нивните локални заедници. Работниот јазик беше англиски, што дополнително го зголеми нивниот капацитет за меѓународна соработка и проектно пишување. Впечатоци од учесниците:✨ „Ова беше одлична можност да научиме практични вештини и да добиеме инспирација за нови иницијативи.“✨ „Програмата беше интерактивна и многу корисна – веќе почнувам да планирам нови проекти за мојата заедница.“ Работниот јазик беше англиски, што им овозможи на учесниците да се подготват за меѓународни проекти и да ги развијат своите презентациски и комуникациски способности. Овој тренинг беше дел од проектот „Градиме лидери: Девојки во акција“, кој има за цел да ги зајакне лидерските и менаџерските вештини на младите со акцент на девојките во извидничките одреди и нивните заедници. Проектот се реализираше преку две фази: детектирање на потребите на младите девојки преку еднодневни собири и викенд работилници за управување со проекти. Преку овие активности, младите стекнуваат вештини за планирање, организација, буџетирање и тимско управување, со крајна цел развивање конкретни проектни иницијативи кои ќе придонесат за подобрување на локалните заедници. Градиме лидери: Девојки во акција е дел од активноста „Girls-led youth community actions“ кој го имплементира Соjуз на извидници на Македониjа, а е во рамки на проектот „Еднакви можности за девојчиња и млади жени во Северна Mакедонија“, спроведен од Национален младински совет на Македонија – НМСМ / NYCM / KRNM и Stella Network со финансиска поддршка од Британската амбасада во Скопје (British Embassy Skopje).

Боренка ја заврши есенската сезона со рекордна акција на Светскиот ден на волонтерите!

🌍 Боренка ја заврши есенската сезона со рекордна акција на Светскиот ден на волонтерите! 🌲 📅 Na 5 декември 2024, на Светскиот ден на волонтерите, иницијативата Боренка ја реализира својата 20-та акција за пошумување во Македонија. На опожарена површина во близина на Кокино, Североисточен Регион, повеќе од 200 волонтери, вклучувајќи извидници, шумари и припадници на АРМ, засадија 7.000 нови садници на 3 хектари земја. Оваа акција беше симболично затворање на 3-та есенска сезона на Боренка, во која вкупно учествуваа над 800 волонтери, кои засадија 36.000 дрвја на дополнителни 12 хектари опожарена површина. Боренка: Најголемата волонтерска иницијатива за пошумување во организација на ЈП Национални Шуми и Сојуз на извидници на Македонија. Боренка е инспирирана од успешната хрватска кампања Боранка. Во 2023 година, на прес-конференцијата во Скопје, оваа иницијатива беше формално претставена со поддршка од претставници на Хрватски шуми и Сојузот на извидници на Хрватска, истакнувајќи го значењето на регионалната соработка во борбата против климатските промени. Од својот почеток во 2022 година, Боренка: Глобална поддршка Боренка е дел од глобалната програма Earth Tribe, поддржана од Европската Унија, имплементирана од Европскиот извиднички регион и Светската извидничка организација. Програмата има за цел да ги поттикне младите за активно учество во зачувувањето на животната средина. Благодарност до партнерите Боренка не би била успешна без организаторите на Боренка ЈП Национални шуми за подготовка на теренот, стручниот надзор и логистичката поддршка и Сојуз на извидници на Македонија кој се погрижи сите волонтери да стигнат безбедно на локациите за пошумуваат и да ги добијат сите потребни работи за пријатна работа. Посебна благодарност упатуваме до нашиот главен поБОРник – ЛАДНА вода 💧кои беа со нас на сите настани, Сојуз на извидници на Хрватска и Министерство за надворешни работи на Хрватска, Евроспки извиднички регион и програмата Earth Tribe, нашите Зелени поБОРници Комерцијална Банка, Биро за регионален развој и Министерство за животна средина и просторно планирање и пријателите на Боренка Триглав осигирување, МАРС како и до сите вклучени волонтери од гимназијата Ацо Русковски, средношколците од гимназијата „Гоце Делчев“ и Средното техничко училиште „Наце Буѓони“ од Куманово, волонтерите од скопските гимназии Раде Јовчевски Корчагин и Орце Николов. Поглед кон иднината Со завршувањето на третата есенска сезона, Боренка веќе се подготвува за нови акции и уште поголем волонтерски ангажман во 2025 година. Целта останува иста – зелена иднина за сите. СЕКОЈ МОЖЕ ДА БИДЕЛ ДЕЛ ОД БОРЕНКА! Да ја вратиме бојата на опожарените шумски површини. Контакт за медиуми: 📩 Е-пошта: sim@scout.org.mk

Повик – тренинг за управување со проекти

Сојузот на извидници на Македонија објавува повик за учество на уникатен викенд-тренинг „Градиме лидери: Девојки во акција“, посветен на младите девојки од трите региони: Скопски, Источен и Пелагониски. Работниот јазик на тренингот ќе биде АНГЛИСКИ јазик. Тренингот ќе опфати теми како што се: Кој може да учествува? Тренингот е наменет за млади на возраст од 15 до 22 години, активни членови на локалните извиднички одреди, кои сакаат да се усовршат како идни лидери во своите заедници. Кога и каде? Тренингот ќе се одржи од 6-9 декември во извиднички центар Орел, Свети Николе.   Како да аплицирате? Сите заинтересирани девојки треба да пополнат апликациска форма најдоцна до 01.12.2024.. Формата може да ја најдете ТУКА. Не ја пропуштајте оваа шанса да бидете дел од иницијативата за зајакнување на младите девојки и создавање идни лидери! За повеќе информации, контактирајте нè на: sim@scout.org.mk Сојузот на извидници на Македонија – овозможуваме промени преку лидерство! Градиме лидери: Девојки во акција е дел од активноста „Girls-led youth community actions“ кој го имплементира Соjуз на извидници на Македониjа, а е во рамки на проектот „Еднакви можности за девојчиња и млади жени во Северна Mакедонија“, спроведен од Национален младински совет на Македонија – НМСМ / NYCM / KRNM и Stella Network со финансиска поддршка од Британската амбасада во Скопје (British Embassy Skopje).

Обука за добро управување со животната средина – основно ниво

Обуката за добро управување со животната средина – основно ниво се одржа од 15 до 17 ноември 2024 година во Крушево. Организиран од Сојузот на извидници на Македонија (СИМ) во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, настанот беше дизајниран да ги зајакне младите со знаења и вештини за управување и застапување со животната средина.Обуката обедини 18 млади учесници од различно потекло, кои имаат заеднички интерес за заштита на животната средина и одржливост. Учесниците вклучуваа студенти, млади професионалци и активни членови на младински организации, секој желен да придонесе за позитивни промени во животната средина во нивните заедници.Програмата беше спроведена од тим од искусни обучувачи, вклучително и претставници од ОБСЕ и СИМ, кои ја донесоа својата експертиза во управувањето со животната средина, младинскиот ангажман и застапувањето. Оваа динамична мешавина на учесници и фасилитатори создаде колаборативна и ангажирана средина за учење, поттикнувајќи и споделување знаење и развој на практични вештини. Задоволство од содржината: 66,7% од учесниците ја оценија содржината на обуката како одличнаРелевантност за работата: 76,5% сметаат дека содржината е многу релевантна за нивните улоги во застапувањето за животната средина.

ДИОН 2024: четири дена авантура и предизвици за младите извидници!

Од 10 – 13 октомври 2024 година, манастирот Св. Преображение во Буково, Битола, беше домаќин на Државниот извиднички ориентационен натпревар (ДИОН 2024) со одред домаќин Извиднички одред Скаут, Пелистер од Битола. Настанот го собра најдоброто од македонските извидници, кои преку тимска работа, натпреварувачки дух и авантуристички активности ги надминаа своите граници. Со учество на 94 натпреварувачи од 10 извиднички одреди, поддржани од 26 волонтери, настанот беше вистинска платформа за соработка и дружба. Категориите на извидници, истражувачи и ровери, ги покажаа своите вештини преку различни натпреварувачки активности, како што беа двете стази, градење бивак, семафор и морзеова азбука и материјалите од темата ориентација во природа. Организацијата, која траеше цели четири дена, беше оценета како одлична, со голема посветеност од страна на волонтерите и комисијата. Покрај натпреварите, се внимаваше на логистичките детали и на доброто координирање на тимовите, што резултираше во беспрекорен тек на настанот. ДИОН 2024 остави значајно наследство за македонските извидници, а победничките тимови од различните категории беа наградени со специјални признанија и можност за дополнително дружење во извидничкиот центар Охрид. Со нетрпение го очекуваме следниот ДИОН и новите предизвици што ќе ги донесе! Повеќе фотографии може да најдете на нашата Facebook страна ОВДЕ Победници на DION 2024: Голема и особена Благодарност до Нашите волонтери кои беа во улога на комисија на ДИОН 2024 и напорно работеа на овој настан: Членовите на комисијата за ДИОН 2024 се: Даниел Ангеловски, Светлана Лукановска, Ивица Ангеловски, Никола Наунов и Бобан Москов. Голема благодарност до сите волонтери кои несебично го вложија своето време и енергија за да го направат ДИОН 2024 успешен и незаборавен настан – без вас, оваа авантура не би била возможна! Ви благодариме: Јован Чолаковски, Александар Трајчев, Радмила Лазова, Миа Митрева, Александра Данева, Анастасија Никовска, Ана Гривчевска, Елеонора Синадинова, Марин Десковски, Биљана Белогаска, Иван Гушев, Анастасија Митревска, Александар Стојчев, Теона Насевска, Викторија Балулоска, Екатерина Мицевска, Петар Шојлелевски, Иван Тошевски, Никола Ѓорговски, Стефан Јовановски, Мартин Ристовски, Викторија Белевска, Ива Бојин, Лука Пинза, Мелани Пурлевска и нашиот претставник и одговорен извидни од одредот домаќин, Виктор Димовски.

Форум за организациска отпорност

(Organisation Resilience Study Session on Strengthening – Resilience of Youth Spaces in Europe) Место на одржување: Стразбур, Франција – Европски младински центар Време на одржување: 9-13 октомври 2024 Учесници од СИМ: Ана Плетварец (ИО „Феникс“ / член на старешинство на СИМ) и Моника Спасовска (ИО „Скаут“ – Куманово) Во период од 9-13 октомври во младинскиот центар во Стразбур се одржа форум за организациска отпорност организиран од Европски Регион на Светска Извидничка Организација. На форумот имаше учесници од 17 земји и тоа Азербеџајн, Бугарија, Хрватска, Чешка, Данска, Финска, Германија, Грција, Ирска, Косово, Македонија, Полска, Португалија, Шведска, Швајцарија, Украина и Обединето Кралство. Тимот на предавачи се состоеше од Catarina (Португалија), Steven (Ирска), Celia (Грција) и Rupert (Швајцарија), подржани од Lisa (European Youth Foundation) како и Wouter (European Scout Foundation). Сојуз на извидници на Македонија имаше двајца свои претставници: Ана Плетварец (член на старешинство на СИМ) и Моника Спасовска (волонтер) кои беа учесници на форумот.  „Тренингот за организациска отпорност беше една уникатна можност за мене, да ги проширам моите познавања на оваа тема, како и да се запознаам со новата рамка за организациска отпорност подготвена од страна на Европскиот извиднички регион. Особено ми беше чест што запознав и остварив комуникација со други млади од Европа кои се дел од управните тела на нивните национални извиднички сојузи, разменивме идеи и решенија, добри практики и корисни дискусии. Мило ми е што сум дел од приказната за организациска отпорност и што имав можност да дадам свој инпут во креирањето на понатамошни релевантни алатки за националните извиднички организации.“ – Ана Плетварец Цел/Цели Во согласност со Препораката CM/Rec(2017)4 на Советот на Европа од Комитетот на министри до земјите-членки за младинската работа, Меѓународната студиска сесија имаше за цел да ги оспособи младите и нивните организации да создадат отпорна младинска работа и младински простори со цел да останат релевантни и одговорни на општествените трендови и промени во времиња на криза. Специфични цели на студиската сесија беа: Алатките за организациска отпорност, кои ќе бидат креирани од овој форум, ќе бидат презентирани во следниот период, а сојузите ќе можат да ги најдат како дел од постоечките сервиси на WOSM. 

Градиме лидери: Девојки во акција

Градиме лидери: Девојки во акција е дел од активноста „Girls-led youth community actions“ кој го имплементира Сојуз на извидници на Македонија, а е во рамки на проектот „Еднакви можности за девојчиња и млади жени во Северна Mакедонија“, спроведен од Национален младински совет на Македонија и Stella Network со финансиска поддршка од Британската амбасада во Скопје (British Embassy Skopje). Период на имплементација 01.10.2024-31.12.2024 Краток опис:Проектот „Градиме лидери – Девојки во акција“е иницијатива за поддршка и оспособување на млади девојки од извидничките одреди низ Македонија. Целта е да се идентификуваат нивните потреби и предизвици и да им се овозможи развивање на лидерски и менаџерски вештини преку интерактивни собири и работилници. Проектот се спроведува во две фази: 3 еднодневни собири за детектирање на потребите на девојките и викенд тренинг за управување со проекти. Целокупна цел: Главната цел на проектот е да се промовира родова еднаквост и да се зголеми учеството на младите девојки на лидерски и менаџерски позиции во локалните извиднички одреди, обезбедувајќи им конкретни алатки и знаења за успешно управување со проекти. Специфични цели: 1. Детектирање на специфични потреби и предизвици на девојките низ трирегиони.2. Развивање на проектни и лидерски вештини кај младите девојки прекувикенд работилници. 3. Поттикнување на девојките да преземат активни улоги во своите локални заедници и извиднички одреди. Очекувани резултати:  Шест проектни иницијативи водени од девојки, насочени кон подобрувањена локалните заедници и извидничките одреди. Зајакнати лидерски и менаџерски вештини кај 30 учесници. Позиционирање на младите девојки на повисоки лидерски и менаџерскипозиции во извидничките одреди. Подобрување на соработката помеѓу девојките и останатите членови наизвидничките одреди Во октомври, Сојуз на извидници на Македонија започна со активна работа на оваа иницијатива со организација на првата работилница за детектирање на потребите на девојките која се одржа во пелагониски регион на 12.10.2024. Со оваа активност ја започнавме првата фаза од оваа иницијатива. Втората работилница ја одржавме на 26.10.2024. Овој собир им понуди на младите девојки можност да развијат креативни решенија за потребите на девојките кои беа идентификувани на првиот собир. Во следниот период продолжуваме со организација на уште една работилница и за организација на тренинг на тема пишување проекти и менаџмент со цел зајакнување на капацитетите на младите.

Ретроспектива на извидничко лето 2024

Извидничкото лето 2024 беше исполнето со авантури, учење и незаборавни искуства за нашите извидници. Од учество на летни кампови до организирање на акции за заедницата, извидниците имаа можност да се издигнат како лидери и тимски играчи. Покрај секојдневните активности, тие стекнаа нови вештини, создадоа силни пријателства и се соочија со предизвици кои ги збогатија и како поединци и како група. Ова лето беше време на раст, забава и споделување, оставајќи трајни спомени за сите учесници. Камп јуни 2024 – Борба против климатски промени и заштита на животната средина со фокус на еден од Еразмус+ приоритетите – Зелена агенда и одржливост Во периодот од 13ти до 16ти јуни се одржа кампот Борба против климатски промени и заштита на животната средина со фокус на еден од Еразмус+ приоритетите – Зелена агенда и одржливост во Извиднички Центар Охрид. Кампот беше организиран од страна на Сојуз на извидници на Македонија и Национална агенција за европски образовни програми и мобилност. На овој камп присуствуваа 50 млади од македонските извиднички одреди каде што имаа можност да учествуваат на активности посветени на биодиверзитет од Македонското Еколошко Друштво – МЕД, активности за вмрежување и тимска работа и обиколка на охридското езеро од македонската и албанската страна со чистење на отпадот и поставување на еко информативни табли на 4 мапирани клучни локации. 24та Вардарска регата Извидниците од Извиднички Одред Димитар Влахов ја организираа и одржаа овогодинешната 24та по ред – Вардарска регата. Учесниците на оваа регата пловеа по реката Вардар со почеток од Велес до Солун 6 дена. Регатата започна на 20 јуни, а учесниците пристигнаа во Солун на 25 јуни. Импресиите на извидниците се дека е доста различна ситуацијата со реката Вардар од грчката страна односно не било сретнато ниту едно пластично шише или било каков отпад во неа – таа била максимално еколошки заштитена, без отпадна индустриска вода насочена кон неа. „Choose your own adventure“ – Младинска извидничка размена Извидниците од Прв Скопски Извиднички Одред организираа две младински размени и тоа извидничка размена „Choose your own adventure“ и извидничка размена „Messengers of Peace“: Извидниците од Прв Скопски извдинички одред организираа младинска размена во периодот од 4 јули до 8 јули во Извиднички дом “Чичко Боро” – Мала река и Планинарски дом „Караџица“ со името  “Choose your own adventure” на која учествуваа 15 извидници од Македонија и 15 од Белгија.  Oваа размена беше организирана од страна на ПСИО со тема Intercultural learning through life in nature. Целта на оваа размена беше да се подигне свеста за меѓукултурниот дијалог и неговото пренесување преку живеење во заеднички камп и користење на сите расположливи ресурси за природата. Оваа размена ја спроведуваа Прв Скопски Извиднички Одред и Scouts en Gidsen Juventa Zonhoven. Едукативен Еразмус+ камп „Одржливост и заштита на животната средина“ Извидниците од Извиднички Одред Мирко Милески Кичево организираа едукативен Еразмус+ камп во периодот од 10 јули до 16 јули со тема “Одржливост и заштита на животната средина ” заедно со извидници од Белгија. Најголемиот дел од активностите и работилниците беа фокусирани кон начини на кои секој поединец може да придонесе, да ја заштити, сака и негува природата. Македонските извидници и извидниците од Белгија го завршија овој камп со подигната свест за екологијата како многу битен сегмент, зголемена љубов кон планините и животната средина, многу дружба и споделени искуства. Извидничка размена – ИПО Крсте Јон Струга Извидниците од Извидничко Поречански Одред Крсте Јон Струга организираа и одржаа младинска размена со извидници од Белгија во периодот од 17 до 22 јули во извидничкиот центар Струга – Camping Scout. На размената 35 млади учесници имаа можност да учествуваат во активности на тема вмрежување, тимска работа, споделување на извиднички искуства. Летен Камп 2024 – Летни Симски Олимписки игри Летен Камп 2024 – Во периодот од 1 јули до 7 јули во Извиднички Центар Охрид се одржаа Летните Симски Олимписки игри во организиција на Сојуз на извидници на Македонија со учество на 139 извидници од 10 различни извиднички одреди и тоа од Извдинички одред Методи Митевски Брицо Скопје, Извиднички одред Браќа Миладиновци Скопје, Прв Скопски Извиднички одред, Извиднички поречански одред Галеб Скопје, Извидничко поречански одред Сидро Скопје, Извиднички одред Еквинокс Штип, Извдинички одред Скаут Куманово, Извиднички одред Скаут Пелистер Битола, Извиднички одред Феникс Прилеп и Извиднички одред Ластовица Кочани. На кампот активно учество земаа 27 волонтери со чија помош успешно се спроведе програмата која сочинуваше натпреварувачки игри, водени активности, посета на градот Охрид, Боренка и Earth Tribe, вечерна културна забавна програма и извиднички вештарства. Трета Смотра на Сојуз на извидници на Федерација на Босна и Херцеговина Третата Смотра на извидници на федерација на Босна и Херцеговина се одржа во периодот од 15 до 22 јули на Борачко Езеро. 23 македонски извидници од Извидничко Поречански одред Галеб, Прв Скопски Извиднички Одред и Извдинички Одред Димитар Влахов Велес земаа учество во оваа смотра. Учесниците ја имаа можноста да учествуваат во натпреварување за извиднички дисциплини, посета на Бункерот на Тито, посета на музејот во Коњиц, посета на Спомен куќата НА Зулификар Зука Џухмур, посета на адреналинскиот парк, рафтинг на реката Неретва и 7 дена запознавање и дружење со другите извидници ширум Балканот Roverway 2024  Ровервеј 2024 – Roverway 2024 беше настан кој се одржа од 22 јули до 2 август наменет за ровери извидници од цела Европа. Овогодинешниот Ровервеј се одржа во Ставангер. Учество на овој настан земаа нашите извидници Виктор Гилев од Прв Скопски Извиднички Одред и Ина Михајлоска од Извидничко Поречански Одред Галеб како водачи на патека/path leaders на патеката SØ09 во Кристијансенд. Оваа патека е една од трите патеките на WOSM каде што главниот фокус на активностите беа поврзани со одржливост и Earth Tribe. Патокоз за подобар свет  Во период од 04-10 Август 19 извидници од 7 одреди присуствуваа на извидничка размена која се одржа во Ловинац, Хрватска. За време на целиот настан учесниците има прилика да бидат дел од голем број едукативни работилници со цел зајакнување на вештините за живот, усвојување нови навики, развивање комуникациски вештини, тимска работа, лидерство и решавање проблеми. Покрај едукативни работилници, имаа можност да искусат нови и различни искуства на отворени програмски области за кампување, преживување, навигација, спасување, планинарење и други.

43 Светска извидничка конференција, Египет 2024

43 Светска извидничка конференција се одржа во Каиро, Египет, од 17 до 23 август 2024 година. Домаќин на конференцијата беше Египетската федерација за извидници и водичи, и собра над 2.000 учесници од 176 земји. Оваа конференција означи  значаен момент за Светската организација на извидничкото движење (WOSM), што е првиот настан на глобално ниво од 2017 година. Конференцијата се фокусираше на поставување стратешки насоки за иднината на извидништвото, вклучително и усвојување на нова визија и долгорочна стратегија. Делегатите разговараа за прашањата со кои се соочуваат младите луѓе ширум светот, вклучително и одржливоста и глобалните предизвици. Клучен момент за сите нас кој беше прославен за време на настанот беше растот на членството на извидништвото кое достигна рекордни 57 милиони. Клучни делови од агендата на 43 Светска извидничка конференција Примарниот фокус на конференцијата беше да се постави стратешката насока за извидништвото во следната деценија, што го прави клучен момент за движењето. Клучните точки на дневниот ред беа: Клучни говорници На конференцијата имаше бројни говорници од висок профил и влијателни личности: Ахмад Алхендави, генерален секретар на Светската организација на извидничкото движење, ја истакна критичната улога на извидништвото во обликувањето на лидерите и решавањето на младинските прашања. Амина Мохамед, заменик генерален секретар на ОН, одржа говор, пофалувајќи ги извидниците како клучни придонесувачи во справувањето со глобалните предизвици, вклучително и одржливост и мир. Д-р Ашраф Соби, египетски министер за млади и спорт, ја покажа улогата на Египет во поддршката на глобалните младински иницијативи. Мохамад Омар, извршен директор на Конференцијата и меѓународен комесар на египетските извидници, го истакна придонесот на Египет во глобалниот извиднички дијалог. Статистика и достигнувања На конференцијата беа прославени неколку значајни клучни достигнувања: 57 милиони членови: Членството во извидништво достигна рекордни 57 милиони, што означува историско достигнување во нејзината 117-годишна историја. 176 земји: На настанот присуствуваа делегации од 176 земји, кои претставуваат глобален собир на различни култури и перспективи. 7 дена на активности: Учесниците се вклучија во различни дискусии, работилници и сесии за донесување одлуки дизајнирани да ја поттикнат соработката низ регионите. Настанот заврши со прослави и најави, вклучително и потврда дека Обединетото Кралство ќе биде домаќин на следната Светска извидничка конференција во 2027 година, а Данска ќе биде домаќин на 27-то Светско извиднички Џамбори во 2031 година. 43-та Светска извидничка конференција во Каиро, Египет, не беше само платформа за стратегиско одлучување, туку и славење на глобалното единство, култура и египетското наследство. Настанот имаше свечено отворање и затворање, како и посебен Национален ден организиран во новиот египетски музеј (Grand Egyptian Museum) Свечено отворање Конференцијата официјално започна на 17 август 2024 година, со спектакуларна церемонија на отворање на која беа поздравени повеќе од 2.000 учесници од 176 земји. Настанот беше домаќин на истакнато место во Каиро, под покровителство на претседателот Абдел Фатах Ел-Сиси од Египет. Церемонијата на отворањето го истакна историското значење на Египет и богатото културно наследство. Мохамед Омар заедно со Ахмад Алхендави одржаа воведни говори кои ја истакнаа важноста на единството и соработката во справувањето со глобалните младински предизвици. Амина Мохамед, заменик генерален секретар на ОН, исто така, одржа инспиративен говор за време на церемонијата на отворање, аплаудирајќи ја улогата на извидниците во поттикнувањето на мирот, образованието и одржливиот развој. По говорите следеа египетските културни претстави и извидничката парада која го покажаа духот на глобалното братство. Национален ден во Grand Egyptian Museum Еден од важните моменти на настанот беше организираниот национален ден на Египт со прослава која се одржа во Grand Egyptian Museum. Овој ден беше посветен на прикажување на богатата историја и култура на Египет пред меѓународната публика. Учесниците имаа можност да го истражат музејот во кој се сместени некои од најважните артефакти од древниот Египет, вклучително и богатствата на кралот Тутанкамон. Заедно со културните изложби, имаше интерактивни прикази и изведби на локални уметници и млади, нагласувајќи го придонесот на Египет во светската цивилизација и неговата важност за извидничките вредности на образованието, културата и лидерството. Посетата на музејот беше културно и едукативно искуство, дозволувајќи им на извидниците од целиот свет да се поврзат со античкото наследство на Египет додека се вклучија во дискусии за тоа како извидништвото може да ја зачува и промовира културната разновидност. Свечено затворање Завршната церемонија, се одржа на 23 август 2024 година, која беше енергична прослава на достигнувањата и заложбите направени за време на конференцијата. Пред делегатите се обрати Ахмад Алхендави, кој се осврна на успешните дискусии и усвојувањето на новата десетгодишна стратегија за светската извидничка организација. На церемонијата имаше музички изведби и говори кои ја нагласуваа континуираната работа потребна за решавање на глобалните младински прашања и критичната улога што извидниците ја играат во оваа мисија. Оваа комбинација на стратешки дискусии, културни размени и прослави ја направи 43-тата Светска извидничка конференција навистина незаборавен настан, нагласувајќи ја и идната визија на извидништвото и важноста на глобалното единство. Претставници на Сојуз на извидници на Македонија кои беа дел од конференцијата Линк до фотогалерија од 43 Светска извидничка конференција

Сојуз на извидници на Македонија: Година во центарот на вниманието на медиумите – 2023 година

2023 година беше извонредна година за Сојуз на извидници на Македонија, со импресивно присуство во медиумите, прикажувајќи ги нашите активности, достигнувања и влијанието во заедницата. Со приближно 200 статии во различни медиуми, нашата организација го привлече вниманието на јавноста и ја засили нашата посветеност да ги негуваме нашите вредности, чувство за припадност во заедницата и лидерство кај младите. Најдобри моменти од нашето медиумско покривање во 2023 година – како и целиот документ може да го видите ОВДЕ! Обемното медиумско покривање во 2023 година беше доказ за динамичното и влијателно присуство на Сојузот на извидници на Македонија. Секоја статија, сегмент од вестите помогнаа да се засилат нашата мисија и достигнувања, поттикнувајќи подлабока врска со јавноста и инспирација за идните генерации да се приклучат на извидничкото движење. Остануваме посветени на продолжување на нашето патување на раст, општествено корисни активности и лидерство. Целиот документ изработен од канцеларијата на Сојуз на извидници на Македонија, може да го најдете ОВДЕ!

Сојуз на извидници на македонија добитник на ознака за доверба

На 22 мај 2024 година се одржа Форумот за филантропија 2024 Форумот за филантропија ги обединува институциите, бизнисите и граѓанските организации, како и сите кои имаат влијание на филантропијата. Огромна благодарност до нашите колеги од Конект за поддршката и довербата Сојуз на извидници на Македонија да го обнови ова признание како организација со ознака за доверба во граѓанскиот сектор. Се радуваме што извидничкото движење како најголема младинска организација во државата е препознаена и ценета од голем дел на бизнис и јавниот сектор. Што е ознака за доверба? Ознаката за доверба претставува само-регулирачки систем кој има за цел на граѓаните и компаниите да им го олесни изборот на доверливи организации во коишто можат да донираат. Таа се стреми долгорочно да ја зголеми довербата помеѓу ГО и локалните донатори. Ознаката се добива преку внимателно креиран процес и критериуми за транспарентност, отчетност, резултати од работењето, почитување на законската регулатива итн. Граѓанските организации (ГО) коишто ја поседуваат ознаката за доверба се добри партнери на компаниите, но и на останатите чинители во заедницата. Зошто да донирате во организација што ја поседува ознаката за доверба? Начин на стекнување со ознаката за доверба За да може една ГО да ја добие ознаката за доверба таа треба да помине низ процес на оценување кој е составен од само-оценка и оценување од страна на одборот на ознаката за доверба. Принципи и критериуми на ознаката за доверба За да ја стекне ознаката за доверба, ГО треба да се придржува кон одреден сет на принципи и критериуми во следните области:

сојузување 2024

Во периодот од 29 до 31 март 80 извидници од 17 различни одреди од Македонија поминаа и учествуваа во Сојузување 2024, настан наменет за вмрежување на одредите членки на СИМ. Сојузување претставува значаен момент за Сојуз на извидници, каде што целиме да се обединиме, вмрежиме како лидери и членови на локалните одреди, да споделиме искуства, позитивни практики, да ги разгледаме предизвиците и можностите на нашите одреди и да ги засилиме нашите врски преку подобра комуникација.Оваа прилика ја искористивме да го забележиме значењето на нашата колективна ангажираност кон извидничкото движење и да го подобриме потенцијалот на нашите одреди за понатамошен раст и развој. Со присуство на 50 началници и водачи од 17 различни извиднички одреди активно работеа и учествуваа на Сојузување 2024. Со нивното искуство придонесоа во следното: Идентификација на јаките и слабите страни на СИМ и на локалните одреди, Споделување на добри практики, Идентификација на предизвиците со програмата и размена на искуства и Ревидирање на програмата. На сојузување 2024 година присуствуваа и наши 22 старешини и членови од старешинствата на различните извиднички одреди активно ги следеа и учествуваа на сесиите водени од Старешинството на СИМ на Сојузување 2024. Со нивното искуство придонесоа во следното: Предлог на нови модели на членство, Предлог на нова структура на управни тела на СИМ, Статутарни измени и предизвици во СИМ и извидничките одреди. Сојуз на извидници на Македонија е горд што обединува ваква извидничка заедница и се надеваме дека овој ентузијазам и многу позитивни искуства ќе продолжат да растат кај секој од нас. Цели и резултати од настанот:* Јакнење на капацитетите: Стекнување знаења и вештини за подобрување на програмите и работата на извидничките одреди.* Идентификација на јаките и слабите страни: Помагање на одредите во процесот на идентификација на нивните јаки и слаби страни за подобрување на нивната работа* Споделување на добри практики: Размена на успешни практики меѓу одредите* Идентификација на предизвиците со програмата: Детектирање предизвици и наоѓање нови начини за нивно надминување.* Вмрежување: Вмрежување на клучни извидници од извидничките одреди за подобра соработка и размената на искуства.

ИЗВИДНИК НА ГОДИНАТА 2023

Почестени сме што можеме да објавиме дека Сојуз на извидници на Македонија со гордост го доделува признанието Извидник на годината на Andrej Antov! Непоколебливата посветеност, лидерството и придонесот кон извидништвото кое го покажа Андреј и во својот матичен одред Извиднички Поречански Одред Јадран – Скопје и на национално ниво го издвоија како вистинскиот човек за ова признание. Неговиот ведар дух, подготвеност и позитивното влијание врз другите навистина ја отелотворува суштината на тоа што значи да се биде извидник. Оние коишто го номинираа за него велат: “..Андреј Антов со својата посветеност кон одредот и извидништвото воопшто, што се гледа преку неговите активности и не само во ИПО Јадран Скопје туку и во активностите на СИМ на републичко и интернационално ниво, како што е учеството на ( 2 светски смотри во Америка и Јужна Кореја ) учество на Боренка во Сплит во Хрватска, разни форуми и академии како што беа во Струга и Скопје, ја заслужи потполната доверба на старешинството на одредот и поставен е на високо раководно место заменик началник на одред каде во потполност доаѓа до израз неговата организациска способност и посветеност. Андреј е омилен лик во ИПО Јадран Скопје, во СИМ и секаде каде учествува. Се разликува од сите други и по тоа што иако учи во друг град во Штип, секоја сабота доаѓа и раководи со активностите што кажува колку е само посветен и одговорен. Андреј Антов убеден сум дека многу добро го познаваат сите во Сојуз и неоспорно е верен кандидат за титулата извидник на годината за 2023.” Срдечни честитки до Андреј Антов, нашиот извидник на 2023 година!

КРАТОК ОСВРТ НА ИСТОРИЈАТА НА МАКЕДОНСКОТО ИЗВИДНИШТВО

“Сместена во срцето на Балканскиот Полуостров, Македонија е земја полна со традиции, разновидни култури и длабоко чувство за наследство. Извидничкото движење се вкоренува во оваа позадина, инспирирајќи генерации млади Македонци да ги прифатат вредностите на должност, чест и подготвеност.” Ви ја претставуваме најновата публикација на СИМ, креирана по повод и во чест на 70иот јубилеј којшто извидниците гордо го прославуваат оваа година. Ве покануваме да нурнете во богатството на извидничкото наследство, да ги откриете нашите најрани почетоци и да ги идентификувате историските пресвртници кои не довеле до тука. Секако, не заборавајте ни да се пријавите на последната активност за оваа година – Изложба за историјата на СИМ, во вашите одреди или пак директно кај нас. Клик за линк до публикацијата

свечена академија 70 години сим

Во текот на месец ноември извидниците на различни начини го прославија свечениот јубилеј – 70 години постоење на Сојуз на извидници на Македонија. Централниот настан беше Свечената Академија, каде што извидници од целата држава, претставници од одредите, како и поддржувачите на извидништвото се собраа и заедно рефлектираа за патешествието кое извидниците го имале во изминатите 70 години. Години исполнети со: Неформално образование – Авантура – Младински активизам – Другарување – Животни вештини и личен развој! На овој настан имавме можност во извиднички дух да се подружиме, да погледнеме во минатото и да се потсетиме на сите успеси, да се сретнеме со дел од основачите на различните извиднички одреди, да се инспирираме за следните активности и да погледнеме кон иднината, бидејќи ова извидничко движење постои за децата и младите! Извидничките роденденски желби оваа година се: да останеме со ведар дух, да продолжиме да се водиме по извидничките принципи и закони, да продолжиме да создаваме подобар свет!

Државен извиднички ориентационен натпревар 2023 Крива Паланка

Сојузот на извидници на Македонија традиционално секоја година го организира националното натпреварување во извиднички вештини и ориентација, настан кој се организира од поставувањето на самите корени на организацијата. ДИОН е местото каде најдобрите и највештите ги докажуваат нивните способности, ги надминуваат поставените успеси, се едуцираат и го зајакнуваат својот тим. Тоа е место каде се раѓаат нови пријателства и се градат уникатни, инспиративни и единствени извиднички моменти. Оваа година ДИОН се организираше традиционално по дваесет и девети пат 06 – 08.10.2023 во Општина Крива Паланка, Дурачка река, со Извидничкиот Одред Наум Наумовски Борче номиниран како одред – домаќин.