Green Skills Rising

Green Skills Rising: младинска Иницијатива “Greenday”

Кај познатата природна и културна локација „Мирјанина Црква“ се реализираше иницијатива за еколошко чистење која обедини голем број волонтери и организации со заедничка цел – создавање почиста и поздрава околина.На настанот учествуваа повеќе од 120 волонтери од Штип, Велес, Скопје, Куманово, па дури и од Колумбија и Чешка, што ја направи иницијативата вистински интернационална. Покрај нив, се вклучија и 5 организации со свои претставници, како и Јавното претпријатие, кое се погрижи за собирање и соодветно одложување на отпадот. Со здружени сили беа собрани повеќе од 300 вреќи отпад, што претставува над 2.500 килограми мешан отпад (пластика, хартија, лименки, стакло, метал, но и остатоци од коли, лешови, шут и многу друго). Дополнително, по завршувањето на официјалниот дел и чистењето, волонтерите имаа можност да се дружат и уживаат во акустична забава и маалски игри кои ја одржаа позитивната атмосфера до самиот крај. Иницијативата не само што го подобри изгледот на просторот, туку имаше и силна едукативна и мобилизирачка улога. Преку заедничка работа, младите, организациите и локалната заедница испратија јасна порака дека грижата за природата е заедничка одговорност. Овој пример покажа дека преку солидарност и соработка можат да се постигнат видливи резултати и да се создаде инспирација за тоа како секој од нас може да придонесе за почиста и поздрава животна средина – за сегашните и идните генерации. Проектот “Green Skills Rising“ претставува иницијатива која ја спреведува Сојуз на извидници на Македонија, и има за цел да го поттикне развојот на зелени вештини кај младите и да ја зајакне нивната улога во градењето на поодржлива иднина. Проектот е дел од глобалната извидничка платформа Earth Tribe, која се спроведува под водство на Светската организација на извидничкото движење (WOSM).

ново извидничко вештарство – „Зелени шампиони“

„Зелени шампиони“ е ново извидничко вештарство кое има за цел да ги инспирира и поттикне младите кон одржливи навики, грижа за природата и активно вклучување во борбата против климатските промени. Ова вештарство е дел од меѓународната програма Green Skills for Youth-Led Climate Action around Green Rising, реализирана со поддршка од UNICEF, Светската организација на извидници (WOSM) и Светскиот фонд за природа (WWF). Преку програмата, младите извидници развиваат зелени вештини и учат како да придонесат во својата заедница преку активности како: садење дрвја и создавање нови зелени површини, заштита на биодиверзитетот, зачувување на вода и енергија, како и одговорно управување со отпад. Цели на вештарството Како се освојува беџот „Зелени шампиони“? Вештарството е организирано во три фази: Младите можат да изберат активности кои се дадеди како пример, но и сами да осмислат свои идеи, доколку се во согласност со целите на програмата. Вештарството се добива со  успешно завршување на минимум две активности и направена самопроценка пред и по нивното изведување. Сите подетални насоки како и активностите за вештарството „Зелени шампиони“ може да ги најдете на следниот линк. Проектот „Green Skills“ претставува иницијатива која ја спреведува Сојуз на извидници на Македонија, и има за цел да го поттикне развојот на зелени вештини кај младите и да ја зајакне нивната улога во градењето на поодржлива иднина. Проектот е дел од глобалната извидничка платформа Earth Tribe, која се спроведува под водство на Светската организација на извидничкото движење (WOSM).

Green Skills Rising: младинска иницијатива “Clean it!” – чистење на браната во с. Блатец

На 13 и 14 јули 2025 година беше реализирана иницијативата „Clean it!“ – чистење на браната во село Блатец, со цел да се придонесе кон зачувување на животната средина, зголемување на еколошката свест кај младите и промоција на природните убавини на оваа помалку позната локација. Идејата произлезе од реалната потреба да се реши проблемот со наталожениот отпад во и околу браната, која претставува важен ресурс за рекреација, снабдување со вода и секојдневен живот во локалната заедница. Како изгледаше акцијата? Акцијата започна со едукативен вовед, каде што 22 присутни учесници се запознаа со состојбата на езерото, причините за загадувањето и последиците што ги носи нечистата животна средина. Потоа следеше теренска работа – добро организирана и распределена во тимови. Со употреба на чамец, градинарски алат, јажиња и заштитна опрема (ракавици, маски, вреќи за отпад), младите и жителите на с. Блатец пристапија кон чистење на површината, брегот и потешко достапните делови од браната. Благодарение на нивниот труд и посветеност, беа собрани над 360 килограми мешан отпад, најчесто пластика, стакло и лименки при што беа ше опфатена површина од околу 1.8 декари. Покрај практичното чистење, акцијата имаше и силна едукативна компонента – учесниците дискутираа за важноста на чистите водни ресурси и добија знаења како секој поединец може да придонесе за одржлива и здрава околина. Иницијативата дополнително ја зајакна свеста за лична и колективна одговорност, но и заедништвото во локалната заедница. „Беше прекрасно да учествувам во акцијата – научив колку е важно да ја чуваме природата и колку заедничката работа може да направи голема разлика. Се почувствував дел од нешто значајно за нашата заедница.“ – Марија, 18 години Иницијативата „Clean it!“ – Блатец покажа дека со мала мотивација и соработка меѓу младите и локалните жители, можат да се постигнат големи резултати. Чистата брана денес е сведоштво за моќта на колективната акција и пример за тоа како заедницата може да ја врати природата во својот вистински сјај. Проектот “Green Skills Rising“ претставува иницијатива која ја спреведува Сојуз на извидници на Македонија, и има за цел да го поттикне развојот на зелени вештини кај младите и да ја зајакне нивната улога во градењето на поодржлива иднина. Проектот е дел од глобалната извидничка платформа Earth Tribe, која се спроведува под водство на Светската организација на извидничкото движење (WOSM).

Green Skills: Зајакнување на младите преку одржливи вредности

Проектот „Green Skills“ претставува иницијатива која ја спреведува Сојузот на извидници на Македонија, која има за цел да го поттикне развојот на зелени вештини кај младите и да ја зајакне нивната улога во градењето на поодржлива иднина. Проектот е дел од глобалната извидничка платформа Earth Tribe, која се спроведува под водство на Светската организација на извидничкото движење (WOSM). Што претставува „Green Skills“? Во свет со зголемени еколошки предизвици, младите имаат клучна улога во креирањето на одговорни заедници. Проектот „Green Skills“ им нуди на младите можност да стекнат знаења, вештини и практични искуства поврзани со: Поддршка за локални иницијативи Преку проектот ќе се поддржат мали еколошки , кои придонесуваат кон подигнување на свеста за климатските промени, предводени од млади луѓе. Овие активности ќе бидат насочени кон директна акција во заедниците. Проектот овозможува простор за младинска креативност, лидерство и активно граѓанство. Финансиска рамка и времетраење Проектот се реализира во текот на 2025 година, со вкупен буџет од 20.000 американски долари, наменети за едукација, менторска поддршка и реализација на еко-активности низ различни региони во земјата. Проектот „Green Skills“ е дел од нашата визија за младински активизам во служба на планетата. Преку учење, соработка и локално дејствување, создаваме поколение кое не само што се грижи за природата – туку делува за неа.