БОРАНКА СТАНУВА БОРЕНКА – ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА

Во просториите на Младински Центар – Матично, во четврток, 20ти април, со почеток од 11 часот, се одржа прес – конференција на тема: Боранка станува Боренка. Боренка е приказна чиј носител е Сојузот на извидници на Македонија. Идејата за истата е реплицирана од успешната Боранка, имплементирана од Сојуз на извидници на Хрватска уште од 2018. Боренка започнува како пилот проект поддржан од Амбасадата на Соединетите Американски Држави. Активностите во следните 18 месеци ќе се спроведуваат благодарение на поддршката од Министерството за надворешни работи на Република Хрватска.

Боренка е иницијатива за пошумување на опожарени подрачја и се спроведува во партнерство со ЈП Национални шуми. Институционалната поддршка од Национални Шуми е проектирана преку обезбедување подготовка на теренот, стручна помош, експертиза и надзор во дејствијата за садење. Според господин Валентин Груевски, Директор на ЈП Национални шуми, партнерството со СИМ е од огромна важност за промовирање на култура на повисока еколошка свест кај младите како таргет група вклучена во програмите на извидниците. Тој исто така испрати и апел до граѓанскиот сектор, училиштата, компаниите: да се вклучат во оваа иницијатива и да помогнат за се направи нешто коешто со гордост ќе го оставиме на нашите деца. Хрватските извидници потенцираа дека при активностите најголема улога имаат волонтерите, кои според господин Еди Периќ, Претседател на Сплитскиот извиднички Сојуз, се сѐ повеќе мотивирани да се вклучат во вакви акции. Приказната се доближува до јавноста и најмладите преку симболиката и карактеристичниот визуелен идентитет креиран од агенцијата Имаго.

Господинот Анте Тараш, претставник на Хрватски Шуми го истакна фактот дека институцијата ги препознала извидниците како одговорен и доверлив парнер во акции од ваков карактер. Оваа иницијатива е одличен пример за соработка меѓу институциите и граѓанскиот сектор, искористувајќи ги најсилните страни на секој од партнерите. Токму тоа е најголемиот резултат и успех на кој господин Дан Шпицер, главен координатор на Боранка, е најмногу горд.

Заменик Директорот на ЈП Национални Шуми, госпоѓата Маре Басова и Владимир Костовски, Генерален Секретар на Сојуз на извидници на Македонија се вратија на почетоците на оваа приказна. Истата започнува од млади ентузијасти, извидници кои бараат поддршка за нивната идеја. Според г-ѓа Басова, СИМ излегол со конретна идеја и план, кои иако се чинеле недостижни, се покажале како одличен модел за соработка. Владимир потенцираше дека специфичноста на извидничките активности е методот на кои истите се имплементираат, правејќи ги реални, достижни, ефективни и со огромно влијание врз младите кои се вклучуваат.

Боренка е повеќе од само акција за пошумување. Боренка е доказ за волјата на младите, силата на институциите, меѓусекторската соработка, важноста на едукацијата на најмладите и моќта на волонтерите.

Боренка – интерактивна акција која има за цел да ја подигне свеста на граѓаните, особено на децата и младите, за важноста на шумите, заштитата на природата, последиците од глобалното затоплување и превенција и заштита од пожари.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *