Дефиле по повод 30 години независност – 8 септември

Сојузот на извидници на Македонија гордо чекореше на дефилето по повод 30 години независност на државата заедно со медицинските работници, црвениот крст, спортистите, армијата, полицијата, пожарникарите и останатите чинители кои активно придонесуваат во зачувување, промоција и афирмација на нашата држава. СИМ беше препознаен од Владата на РСМ како чинители кои помагаат во развојот на генерации на млади кои негуваат вистински вредности.

Резултатите од референдумското изјаснување на 8 септември 1991 година јасно и недвосмислено ја покажаа волјата на мнозинството граѓани да живеат во сопствена држава.

Јубилејот – 30 години независност денеска ќе се одбележи со церемонијална државна манифестација пред Собранието. Прославата ќе биде збогатена со музичка програма и дефиле на независноста, во кое ќе учествуваат ансамбли и културно-уметнички друштва, рудари, земјоделци, волонтери на Црвениот крст, извидници, здравствени работници, спортисти, пожарникари, припадници на полицијата и армијата… Свои обраќања ќе имаат шефот на државата и премиерот, како и видео обраќање на претседателот на Собранието. Владата пред една недела одржа свечена седница посветена на 30-годишнината од независноста на државата.

По повод трите децении независност, претседателот Стево Пендаровски денеска со орден „8 Септември“ ќе ги одликува Стојан Андов, прв претседател на првото повеќепартиско собрание, како и пратениците во Собранието на Република Македонија во мандатниот период од 1990 до 1994 година. (извор – www.dw.com/mk/македонија-независност-8-септември-јубилеј)

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *