државен извиднички ориентационен натпревар 2022 Кавадарци

Традиционално и оваа година се одржа нашиот долгоочекуван Државен Извиднички Ориентационен Натпревар (ДИОН) 2022. Ова издание на ДИОН се одржа во с. Ваташа, Кавадарци, со нашите ИО Авантуристи како домаќини.
Во тие 4 дена натпреварување учество земаа 14 екипи вкупно, поделени во две категории (извидници и истражувачи/ровери) кои си ги измерија силите, знаењата и вештините на повеќе полиња и дисциплини, како:
-цртање на извиднички материјали,
-ориентација и топографија,
-прва помош и заштита,
-извидништво,
-сигнализација,
-бивакување и пионерство.
Овој пат во категорија извидници најуспешни беа екипите:
3. Експресо (ИПО Сидро)
2. ПСИО клуб (ПСИО)
1. Леопарди (ПСИО)
Во категорија истражувачи/ровери најдобро се покажаа:
3. Телетабиси (ИО Еквинокс)
2. Тирамису (ИПО Јадран)
1. Архитект (ИО Скаут)

ЛИНК до фотографии од настанот
Со надеж за уште посилен натпреварувачки дух на следниот ДИОН,
ЗДРАВО!

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *