Државен извиднички ориентационен натпревар 2023 Крива Паланка

Сојузот на извидници на Македонија традиционално секоја година го организира националното натпреварување во извиднички вештини и ориентација, настан кој се организира од поставувањето на самите корени на организацијата. ДИОН е местото каде најдобрите и највештите ги докажуваат нивните способности, ги надминуваат поставените успеси, се едуцираат и го зајакнуваат својот тим. Тоа е место каде се раѓаат нови пријателства и се градат уникатни, инспиративни и единствени извиднички моменти.

Оваа година ДИОН се организираше традиционално по дваесет и девети пат 06 – 08.10.2023 во Општина Крива Паланка, Дурачка река, со Извидничкиот Одред Наум Наумовски Борче номиниран како одред – домаќин.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *