ИЗВИДНИК НА ГОДИНАТА 2023

Почестени сме што можеме да објавиме дека Сојуз на извидници на Македонија со гордост го доделува признанието Извидник на годината на Andrej Antov! 🎉🎊

💪🏻Непоколебливата посветеност, лидерството и придонесот кон извидништвото кое го покажа Андреј и во својот матичен одред Извиднички Поречански Одред Јадран – Скопје и на национално ниво го издвоија како вистинскиот човек за ова признание. 🤝⚜️ Неговиот ведар дух, подготвеност и позитивното влијание врз другите навистина ја отелотворува суштината на тоа што значи да се биде извидник.

Оние коишто го номинираа за него велат:

“..Андреј Антов со својата посветеност кон одредот и извидништвото воопшто, што се гледа преку неговите активности и не само во ИПО Јадран Скопје туку и во активностите на СИМ на републичко и интернационално ниво, како што е учеството на ( 2 светски смотри во Америка и Јужна Кореја ) учество на Боренка во Сплит во Хрватска, разни форуми и академии како што беа во Струга и Скопје, ја заслужи потполната доверба на старешинството на одредот и поставен е на високо раководно место заменик началник на одред каде во потполност доаѓа до израз неговата организациска способност и посветеност. Андреј е омилен лик во ИПО Јадран Скопје, во СИМ и секаде каде учествува. Се разликува од сите други и по тоа што иако учи во друг град во Штип, секоја сабота доаѓа и раководи со активностите што кажува колку е само посветен и одговорен. Андреј Антов убеден сум дека многу добро го познаваат сите во Сојуз и неоспорно е верен кандидат за титулата извидник на годината за 2023.”

👏🙌Срдечни честитки до Андреј Антов, нашиот извидник на 2023 година! 🏆🎉

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *