Инструкторска школа – WOODBADGE

Како највисок степен на едукација, согласно програмата на светската извидничка организација и Сојузот на извидници на Македонија е инструкторската Woodbadge школа. 102 години од првата обука во Гилвел, вредностите на извидниците сè уште се негуваат и пренесуваат од генерација на генерација, а истото се докажа и на оваа школа.

Во текот на првиот дел од школата, 11-12.12.2021, 30 извидници од раководни функции во Сојузот и одредите обработуваа теми за сржта на извидништвото, успешно водење и менаџирање на извидничката организација и организирање и имплементирање на програми за деца и млади.

Во вториот дел на школата, 18-19.12.2021, 30 извидници од раководни функции во сојузот и одредите обработуваа теми за планирање и имплементирање извиднички активности, тимска динамика, сржта на извидништвото и неговата историја, успешно водење и менаџирање на извидничката организација, мотивација на волонтери, безбедност во извидништвото, комуникација, стандарди за квалитет на WOSM итн.

Вториот дел со кој целосно се комплетира оваа обука предвидува секој од учесниците во наредниот период да работи на проект кој опфаќа одредена тема од наведените. Проектите се во форма на истражување, реализација на програма и изготвување на правилници/процедури.

Ваквиот формат на инструкторска школа се организираше само сега со цел препознавање, унапредување и доедукација на постоечките кадри и поддршка за новите одреди за исполнување на критериумите за полноправно членство во СИМ согласно член 10 од правилникот за регистрација.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *