Отворен Општинскиот младински центар „Матично“ во Општина Центар

На иницијатива на извидниците, на 17.02.2021 се отвори првиот општински младинскиот центар во државата – Матично. Младинскиот центар претставува одржлив модел на партнерство помеѓу Општина Центар, извидниците и младинските организации кои заеднички ќе работат да обезбедат инклузивни програми и можности за младите. Како поддржувачи на оваа иницијатива ги истакнуваме Општина Центар и UNDP MK. Младинскиот центар – Матично е резултат на застапувањето на идејата и потребите на младите од страна на СИМ, на повеќе граѓански општински форуми.

Младински Центар МАТИЧНО

Во 2019 година Општина Центар во соработка со УНДП и Швајцарска Развојна Агенција со цел транспарентност и почит кон своите граѓани и жители на општината го започна проектот „ Зајакнување на општинските совети“ со тема социјална инклузија, а истиот имаше за цел вклучување на граѓаните во процесот на креирање на идеи и проекти за подобрување на животот во заедницата и развој на локалната заедница преку взаемна соработка на општината и граѓаните. Токму од овој овој проект проследен со низа активности се роди идејата и се создаде Младински Центар МАТИЧНО (МЦ Матично).

Овој едукативно-креативен младински дом беше отворен во февруари 2021 година и доделен на раководење на Сојуз на  извидници на Македонија како единствена младинска организација која присуствуваше на граѓанските форуми и се залагаше за иницијативата за овој проект, што е доказ за инклузивноста што сакаме да ја внесеме во секој сегмент од општеството. На отворањето на Младински центар МАТИЧНО, покрај градоначалниците на Општина Центар и Град Скопје присуствуваа и заменик-Министерот за локална самоуправа и директорот на Агенцијата за млади и спорт.

Општа цел на Младински Центар МАТИЧНО

Креирање на одржлив инклузивен центар за неформално образование на деца и млади каде преку систем на вредности ќе се овозможи средина за квалитетно користење на слободното време и креирање на корисни граѓани за својата општина. Младинскиот Центар Матично претставува сервис за млади кој е програмски поддржан од Сојузот на извидници на Македонија и општина Центар. Истиот претставува простор за едукативни и други активности за млади организирани од извидничката организација и други младински организации, организации за млади и неформални групи на млади лица.

Конкретни цели на Младинскиот центар МАТИЧНО

  1. Социјална инклузија на деца и млади од Општина Центар и Град Скопје, да се разберат и да се одговори на нивните потреби
  2. Обезбедување социјален, интелектуален, физички и карактер развој на децата и младите од Општината и пошироко преку практикување на волонтерство
  3. Вклучување на деца и млади во процесот на неформално образование и стекнување животни вештини преку воспоставување соработка со сите основни училишта на територијата на општина Центар
  4. Менаџирање на самоодржлив атрактивен простор кој ќе биде на располагање на Општината, училиштата, неформалните групи и младински невладини организации.
  5. Вмрежување на невладини организации, општина Центар, Град Скопје и неформални групи на млади во креирање на атрактивна програма за целната група.

Центарот обезбедува соодветен простор каде што се спроведува неформално образование: обучување и подучување на деца и млади за животни и меки вештини преку програмата на Сојуз на извидници на Македонија – КОМПАС, кој го следи правилниот психо-физички развој на целната група. Ова се спроведува преку освојување на повеќе од 50 вештини кои децата и младите не ги добиваа во формалното образование, информирање, менторство и советување за европски програми за дообразование, и-формално искуствено учење кое се случува во слободно време низ учество во забавни волонтерски активности организирани од и за млади и програмски активности и услуги во центарот кои се спроведуваат на теми од интерес и значење за развојот на младите и нивно активно вклучување во животот во заедницата.

Одржливост и координација

Извидничката организација е организација чија вистинска вредност се волонтерите и целата структура на организацијата се базира на волонтерството. Координирани од страна на националната извршна канцеларија, волонтерите се младите кои се одговорни за имплементирање на активностите.

Со цел поголема одржливост Сојузот на извидници на Македонија во периодот од отворање на Младински центар МАТИЧНО обезбеди младински координатор кој е задолжен за целата комуникација со Општина Центар и сите други релевантни чинители како и посетители и корисници на просториите на МЦ Матично

Улогата на Сојуз на извидници на Македонија како координатор е обезбедување одржливост на просторот со својата експертиза и посветени волонтери. СИМ обезбедува програма и реквизити како и носење донатори кои ја поддржуваат програмата и секогаш ќе ја надоградуваат во согласност со современото општество и потребите на младите.

  • Партнери: Прв Скопски Извиднички Одред, Извидничко поречански одред Галеб, Извидничко поречански одред Јадран
  • Соработници и координати: Општина Центар, Град Скопје, сите основни општински училишта на Општина Центар, Национален младински совет на Македонија и најмалку 5 младински невладини организации регистрирани во Општина Центар и Агенција за млади и спорт како младински или организации за млади.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *