Повик за вработување на проектен координатор

Повикот е отворен од 1.2.2022 до 15.2.2022

Сојуз на извидници на Македонија има потреба од Проектен Координатор во рамки на
проектот „Млади – Агенти на промена“. Проектниот координатор ќе биде ангажиран
80% од времето од целосното работно време.

За проектот:
„Млади – агенти на промени’’ претставува акција која е дизајнирана да поддржи
граѓански младински иницијативи преку активизам и волонтерство за подобрување и
зајакнување на сеопфатно и директно вклучување на младите на локално ниво.
Акцијата има за цел да го зголеми младинскиот активизам преку волонтирање за
обезбедување на социјална инклузивност на локалните заедници. Акцијата ќе го
поддржи младинското учество во создавање и спроведување на општински младински
политики преку волонтерство и разни акциски настани.
Ако земеме дека општините претставуваат најблиското ниво на власт до граѓаните,
тогаш можеме да го кажеме истото и за младите, па нивното вклучување ќе помогне
во развивање на мерки приспособени за локалните специфичности за подобрување
на можностите за загрозените лица, пристап до ресурси, глас и почитување на
нивните права.
Општата цел е да придонесе за зголемена инклузивност и зголемување на влијанието
на младите за подобрување на условите на младите преку граѓански младински
иницијативи, активизам и волонтирање во општините во соработка со локалните
чинители.

ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:

 Спроведување на должностите како проектен координатор за целите на
Проектот;

 Подготовка на наративни извештаи за проектот;
 Комуникација, поддршка и организација на состаноци со проектните партнери и
релевантни чинители;
 Испраќање по пошта, архивирање на проектна документација, координирање на
планираните проектни активности и финансиски прашања;
 Почитување на дадените временски распореди за известување и други проектни
активности;

 Организирање на други активности кои овозможуваат постигнување на целите на
проектот;

Квалификации:

 Завршено средно образование
 5 години работно искуство во координација и управување со комплексна работа на
проекти;
 Познавање во областа на мобилизацијата на заедницата и сеопфатно разбирање
на шемите за управување со грантови;
 Искуство во имплементација на проекти;
 Искуство во регрутирање, управување, водење и мотивирање на членови на
персоналот и експерти;
 Искуство во пишување извештаи, следење и евалуација на проектите;
 Силна способност за комуникација на англиски јазик и докажана способност за
добра соработка и за навремена работа.

КАКО ДА АПЛИЦИРАТЕ

 CV на англиски јазик (PDF)
 Една страница Мотивациско писмо на англиски јазик (PDF)

НАЧИН НА СЕЛЕКЦИЈА

По истек на рокот за аплицирање, комисијата за селекција ќе изврши проверка на
апликациите при што претселектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју.

Целосната апликација да се ​​испрати на следниот мејл: sim@scout.org,mk со наслов на
пораката Проектен координатор _ (име и презиме), најдоцна до 15.2.2022, 16:00h.

  • По завршување на процесот на селекција сите кандидати ќе бидат известени за исходот

** СИМ го задржува правото да не избере ниту еден од апликантите и/или да го продолжи
повикот

Хонорарот предвиден за оваа позиција изнесува 875 евра месечно во денарска противвредност.
Од кандидатот се очекува да биде во можност да работи на проектот во следните 30
месеци, почнувајќи од 1 март 2022 година.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *