ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИ за опрема за кампување

Повикот е отворен на 29 мај 2023 и трае до 26 јуни 2023

За потребите на проектот “Млади агенти на промената”, финансиран од Европската Унија преку ИПА Програма за граѓанско општество и програма за медиуми 2020, , EuropeAid/171333/DD/ACT/MK, Поддршка на граѓански младински иницијативи, активизам и волонтерство во локалните заедници во Република Северна Македонија, комсијата за набавки при Сојуз на извидници на Македонија објавува:

ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИ бр. 2021/430-647-2/1 – СИМ

За услуги за набавка на опрема за кампување за 100 лица

1.         Договорен орган

Сојуз на извидници на Македонија, ул. „Кукушка“ 4А Скопје, во рамки на проектот “Млади агенти на промената”

2.         Предмет на договорот за набавка на услуга

Предмет на договорот за набавка на опрема за кампување за 100 лица.

Набавката не е делива.

3.         Опис на услугата

БројОпис на производ/услугаВКУПНО
1.Шатори за сместување на 100 лица35
2.//

4.         Услови и критериуми за учество на повикот

Понудувачот потребно е да располага со следните технички и професионални капацитети:

–           Да поседува соодветна технологија и логистика за да ги испорача бараните добра;

–           Да поседува професионална способност за вршење на дејност;

–           Да поседува соодветна документација за добрата;

5.         Временска рамка

Услугата треба да се испорача во најдоцна до 10 јули, 2023 година.

6.         Изготвување на понудите

Набавката ќе се реализира од страна на добавувач со искуство за испорака на ваков тип на услуги. Сојуз на извидници на Македонија во согласност со одредбите на договорот со донаторот и интерниот правилник за реализација на набавки спроведува ограничен повик со прибирање на најмалку 3 понуди.

Понудата треба да содржи следните елементи:

а) Финансиската понуда треба да се изготви според образецот даден како прилог во тендерската документација

б) Документи за докажување на техничка и професионална способност:

–           Изјава за непостоење на услови за исклучување на добавувач (Образец даден во прилог на тендерската документација)

Секој понудувач може да учествува само со една понуда. Рок на важност на понудата: најмалку 21 дена од денот на отворање на понудите.

Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата кои се разменуваат со понудувачот, се пишуваат на македонски јазик на печатно кирилско писмо пополнети рачно или на компјутер. Сите дополнителни појаснувања може да се добијат преку адресата на е-пошта sim@scout.org.mk, тел. +389 70 566 213 во рокот за прибирање на понуди.

7.         Начин на доставување на понудите

Понудите се доставуваат по електронски пат на sim@scout.org.mk или во хартиена форма по пошта или лично на ул. „Кукушка“ бр. 4А Скопје при Сојуз на извидници на Македонија, со назнака “ЗА ПРОЕКТ:  Млади агенти на промената и се наведува бројот на повикот 2021/430-647-2/1 – СИМ. Доколку понудите се доставуваат електронски истите треба да бидат скенирани со потпис и печат од овластено лице.

ОВДЕ МОЖЕ ДА ГО СИМНЕТЕ ОБРАЗЕЦОТ ЗА ПОНУДА

Краен рок за доставување на понудите е 26.6.2023.година најдоцна до 16:00 часот.

Понудите што ќе пристигнат по наведениот рок, како и оние понуди што нема да ги содржат потребните елементи или не се изработени според пропозициите на повикот, нема да бидат земени предвид за понатамошна евалуација.

8.         Услови и начин на плаќање

Плаќањето ќе се изврши по реализација на услугата.

9.         Критериуми за доделување на договор

Критериум за доделување на договор е најниска цена

10.       Известување на понудувачите

Ќе биде контактиран само понудувачот кој доставил најповолна понуда според утврдениот критериум за доделување на договор

                                                                                                                      Скопје, 29 мај 2023 година

Бобан Москов

Владимир Костовски

Сојуз на извидници на Македонија

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *