ПОВИК ЗА Проектен асистент во рамки на проектот „Млади – Агенти на промена“

Сојуз на извидници на Македонија има потреба од Проектен асистент во рамки на
проектот „Млади – Агенти на промена“. Проектниот асистент ќе биде ангажиран 100% од
времето од целосното работно време.

Повикот е отворен на 1.2.2023г. и трае до 15.2.2023г.

За проектот:
„Млади – агенти на промени’’ претставува акција која е дизајнирана да поддржи граѓански
младински иницијативи преку активизам и волонтерство за подобрување и зајакнување на
сеопфатно и директно вклучување на младите на локално ниво. Акцијата има за цел да го
зголеми младинскиот активизам преку волонтирање за обезбедување на социјална
инклузивност на локалните заедници. Акцијата ќе го поддржи младинското учество во
создавање и спроведување на општински младински политики преку волонтерство и
разни акциски настани.
Ако земеме дека општините претставуваат најблиското ниво на власт до граѓаните, тогаш
можеме да го кажеме истото и за младите, па нивното вклучување ќе помогне во
развивање на мерки приспособени за локалните специфичности за подобрување на
можностите за загрозените лица, пристап до ресурси, глас и почитување на нивните
права.
Општата цел е да придонесе за зголемена инклузивност и зголемување на влијанието на
младите за подобрување на условите на младите преку граѓански младински иницијативи,
активизам и волонтирање во општините во соработка со локалните чинители.

Опис на главните работни задачи

 Планирање и спроведување проектни активности во координација со проектен
координатор, генерален секретар и координатор за комуникација;
 Oрганизација и учество на обуки и состаноци кои произлегуваат од проектот;
 Подготовка на повици, договори и други документи поврзани со проектните
активности;
 Координација на настаните што се организираат во канцеларијата на проектот во
Скопје и обезбедување логистичка поддршка за настаните што се организираат
надвор од Скопје;
 Комуникација со проектни партнери, соработници и учесници во проектот;
 Подготовка на извештаи за организираните активности и својата работа;
 Организација, имплементација и поддршка на останати активности на СИМ;

*Редовна координација со Генералниот секретар, Управниот одбор и останатите
членови на Секретаријатот за тековни работи и обврски.

Потребни знаења и вештини на кандидатите

 Минимум 1 година работно искуство во невладин сектор и/или на проекти
финансирани од меѓународни донатори;
 Одлично познавање на Microsoft Office;
 Познавање англиски јазик;
 Вештини за административно работење;
 Способност за работа во тим и почитување на дадените рокови за извршување на
доверените задачи;
 Познавање на работата на СИМ, како и на граѓанскиот сектор во Република
Северна Македонија;
 Членување во организација членка на НМСМ ќе се смета за предност;
 Завршено високо образование ќе се смета за предност;
 Познавање албански јазик ќе се смета за предност.

Начин и рок на аплицирање

Заинтересираните кандидати треба да испратат кратка биографија (CV) и мотивациско
писмо на sim@scout.org.mk со наслов на пораката „Проектен асистент MАП _ (име и
презиме)“, најдоцна од 15.2.2023. Пријавите што нема да пристигнат во овој рок и оние
пријави што не содржат комплетна документација, нема да бидат земени предвид.

Начин на селекција

По истек на рокот за аплицирање, комисијата за селекција ќе изврши проверка на
апликациите при што предселектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју.

  • По завршување на процесот на селекција сите кандидати ќе бидат известени за исходот.
    ** СИМ го задржува правото да не избере ниту еден од апликантите и/или да го продолжи
    повикот.

Хонорарот предвиден за оваа позиција изнесува 415 евра месечно во денарска вредност
Од кандидатот се очекува да биде во можност да работи на проектот во следните 12
месеци почнувајќи од 1.3.2023 година

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *