
Сојуз на извидници на Македонија во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје објавува повик за учество на Тренинг за тренери, кој ќе се одржи во Маврово, хотел Радика, од 3 до 5 октомври 2025 година.
Овој тренинг е наменет исклучиво за млади кои претходно учествувале на едно од основните нивоа на обуката „Добро управување со животната средина“ во Крушево или Маврово.

Што ќе научиш?
Оваа обука е дизајнирана да ти помогне да прераснеш од учесник во млад тренер, преку напредна програма која комбинира:
- Фасилитаторски вештини за водење сесии по теми како: глобални и регионални перспективи на управување со животната средина, младинско застапување и ангажирање на засегнати страни;
- Дизајнирање на локални еколошки кампањи, вклучувајќи развој на пораки, таргетирање на публика и повици за акција;
- Дигитален активизам и сторителинг, со користење на социјални мрежи, Reels и визуелна комуникација;
- Вежби за микро-настава (microteaching) – ќе имаш можност самостојно да водиш дел од едукативна сесија и да добиеш фидбек;
- Развивање на еколошки иницијативи преку мапирање на заедницата, и користење на овие информации за планирање на активности со младинско влијание.
Сите учесници ќе добијат сертификат за млад тренер и можност да се вклучат во идни обуки и активности на СИМ, ОБСЕ и други партнери.
🟢 Трошоците за учество (транспорт, сместување и храна) се целосно покриени од страна на организаторите.
📆 Краен рок за пријавување: [ 20 септември 2025]
📋 Пријавување преку следниот линк

