Повик за финансиска поддршка на младински иницијативи / акции // Call for financial support of youth initiatives / actions

Центар за Интеркултурен Дијалог, Сојуз на извидници на Македонија и Центар за истражувања и анализи НОВУС во име на проектот „Младите – агенти на променaтa“ финансиран од Европската Унија, објавува Повик за поднесување апликации за финансиска поддршка за младински иницијативи/акции со фокус на волонтерство и активизам кај младите во Република Северна Македонија.

Повикот е отворен од 03.04.2023 година, а краен рок за доставување на апликации е до исцрпување на фондот или најдоцна до 31.12.2023 година пред 16:00 часот локално време.

Приоритетни цели, области и приоритетни прашања на проектите:

Приоритетна цел 1: Волонтерството и активизмот на младите како движечка сила за промени во заедницата

  • Област 1: Животни вештини и вештини на 21 век
  • Област 2: Заштита на животната средина
  • Област 3: Самовработување и социјални претпријатија
  • Област 4: Меѓукултурен дијалог
  • Oбласт 5: Младинско учество 
  • Oбласт 6: Локални младински патеки
Големина на грантовите

Секоја акција во рамките на овој повик за поднесување пријави за поддршка за предлог – иницијативите мора да се движи меѓу следниве минимални и максимални износи:

  • Минимален износ: 18 450 денари
  • Максимален износ: 120 000 денари

Поддршката која ќе ја добијат организациите, фондациите или неформалните групи ќе биде in-kind поддршка, односно тоа значи дека трошоците ќе бидат исплаќани директно од сметката на проектот на Сојуз на извидници на Македонија (СИМ) со претходно одобрено барање за искористување на средствата. Во однос на ко-финансирање, грантистите се охрабруваат да обезбедат учество од сопствени средства или од средства на локалните самоуправи (општините) во кои се имплементираат активностите. 

Време на имплементација: 

Секоја акција во рамките на овој повик за поднесување пријави за поддршка за предлог – иницијативите мора да биде во времетраење од 1 до 6 месеци. 

Критериуми за подобност 

Постојат две групи на подобни подносители за овој повик и тоа:

  • Неформална група млади  и
  • Здруженија на граѓани и фондации
Краен рок за поднесување пријави

Повикот за грантови ќе биде отворен до 31.12.2023, до исцрпување на фондот. За доделување грантови комисијата за евалуација ќе направи вкупно 4 пресеци за евалуација и доделување грантови. Сите пресеци ќе бидат на првиот ден од месецот, односно рокот за поднесување апликации е заклучно со претходниот ден пред 16:00 часот по локално време за што сведочи датумот на прием (мај, август, ноември 2023, јануари 2024). Секоја пријава поднесена по истекот на последниот рок автоматски ќе биде пренесена за наредниот пресек за евалуирање, заклучно со 31.12.2023, кога се затвара процесот на евалуација.

Е-маил адреса: youthagentsofchange23@gmail.com 

Онлајн информативна сесија: 13.04.2023 година 12:00 часот.

Join Zoom Meeting
https://us02web.zoom.us/j/83180446181?pwd=eE9teXFnZmR1a1JrT3JleUFWSEtrQT09

Детални упатства и потребните обрасци за аплицирање можете да ги најдете подолу:

  • Повик за финансиска поддршка на младински иницијативи / акции Преземете  
  • Образец за апликација Преземете
  • Образец за буџет Преземете  
  • Тековна состојба на организацијата (доколку апликантот е организација);
  • Завршна сметка за 2022 година (доколку апликантот е организација);
  • CV на менторот (доколку апликантот е неформална група);
  • Образец за изјава за партнерство со општина (доколку е обезбедено) Преземете  
  • Изјава за намера за аплицирање (доколку апликантот е неформална група млади) Преземете  

Информативни документи 

_________________________________________________

Center for Intercultural Dialogue, Scout Association of Macedonia and Center for Research and Analysis NOVUS on behalf of the project “Youth – agents of change” funded by the European Union, announces a Call for submission of applications for financial support for youth initiatives/actions with a focus on volunteering and activism among young people in the Republic of North Macedonia.

The call is open from 03/04/2023, and the deadline for submitting applications is until the fund is exhausted or at the latest until 12/31/2023 before 16:00 local time.

Priority goals, areas and priority issues of the projects:

Priority objective 1: Youth volunteerism and activism as a driving force for community change

  • Area 1: Skills for Life and 21st Century Skills
  • Area 2: Environmental protection
  • Area 3: Self-employment and social enterprises
  • Area 4: Intercultural dialogue
  • Area 5: Youth participation
  • Area 6: Local Youth Pathways
Size of grants

Each action within this call for submission of applications for support for proposals – initiatives must range between the following minimum and maximum amounts:

Minimum amount: MKD 18,450
Maximum amount: 120,000 denars

The support that the organizations, foundations or informal groups will receive will be in-kind support, that is, it means that the costs will be paid directly from the project account of the Scout Association of Macedonia (SIM) with a previously approved request for the use of funds. In terms of co-financing, grantees are encouraged to provide participation from their own funds or from the funds of the local governments (municipalities) in which the activities are implemented.

Implementation period:

Each action within the framework of this call for submission of applications for support for proposal – initiatives must be for a duration of 1 to 6 months.

Eligibility Criteria

There are two groups of eligible applicants for this call:

  • Informal group of young people and
  • Associations of citizens and foundations
Deadline for submitting applications

The call for grants will be open until 31.12.2023, until the fund is exhausted. For awarding grants, the evaluation committee will make a total of 4 rounds of evaluation and awarding grants. All rounds of evaluation will be on the first day of the month, that is, the deadline for submitting applications is the previous day before 16:00 local time as evidenced by the date of receipt (May, August, November 2023, January 2024). Any application submitted after the deadline will automatically be transferred to the next round of evaluation, as of December 31, 2023, when the evaluation process closes.

E-mail address: youthagentsofchange23@gmail.com 

Online informative session: April 13, 2023, 12:00 p.m.

Join Zoom Meeting
https://us02web.zoom.us/j/83180446181?pwd=eE9teXFnZmR1a1JrT3JleUFWSEtrQT09

Detailed instructions and the necessary application forms can be found below:

  • Call for financial support of youth initiatives / actions Download
  • Application form Download
  • Budget form Download
  • Current status of the organization (if the applicant is an organization);
  • Final account for 2022 (if the applicant is an organization);
  • CV of the mentor (if the applicant is an informal group);
  • Declaration form for partnership with a municipality (if provided) Download
  • Statement of intent to apply (if the applicant is an informal youth group) Download

Information documents

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *