Повик – тренинг за управување со проекти

Сојузот на извидници на Македонија објавува повик за учество на уникатен викенд-тренинг „Градиме лидери: Девојки во акција“, посветен на младите девојки од трите региони: Скопски, Источен и Пелагониски.

Работниот јазик на тренингот ќе биде АНГЛИСКИ јазик.

Тренингот ќе опфати теми како што се:

  • Основи на управување и пишување на проекти.
  • Идентификација на проблеми и потреби, планирање и развој на проектна идеја.
  • Можности за финансирање.
  • Управување со ресурси и временски рамки.
  • Мониторинг и евалуација на проектни активности.
  • Подготовка на извештаи и комуникација со донатори.

Кој може да учествува?

Тренингот е наменет за млади на возраст од 15 до 22 години, активни членови на локалните извиднички одреди, кои сакаат да се усовршат како идни лидери во своите заедници.

Кога и каде?

Тренингот ќе се одржи од 6-9 декември во извиднички центар Орел, Свети Николе.  

Како да аплицирате?

Сите заинтересирани девојки треба да пополнат апликациска форма најдоцна до 01.12.2024.. Формата може да ја најдете ТУКА.

Не ја пропуштајте оваа шанса да бидете дел од иницијативата за зајакнување на младите девојки и создавање идни лидери!

За повеќе информации, контактирајте нè на: sim@scout.org.mk

Сојузот на извидници на Македонија – овозможуваме промени преку лидерство!

Градиме лидери: Девојки во акција е дел од активноста „Girls-led youth community actions“ кој го имплементира Соjуз на извидници на Македониjа, а е во рамки на проектот „Еднакви можности за девојчиња и млади жени во Северна Mакедонија“, спроведен од Национален младински совет на Македонија – НМСМ / NYCM / KRNM и Stella Network со финансиска поддршка од Британската амбасада во Скопје (British Embassy Skopje).

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *