Покана за учество во првата акција за пошумување на опожарени подрачја БОРЕНКА

Сојуз на извидници на Македонија и ЈП Национални шуми со задоволство Ве покануваат на нашата и ваша прва БОРЕНКА акција за пошумување на опожарена површина која ќе се одржи на 03.12.2022 година (сабота) во близина на општина Ранковце, Петралица во близина на манастирот Света Тројца.

Главна цел на проектот е да се подигне свеста на луѓето за важноста на заштитата на шумите и уништувањето на шумите преку неформално образование и волонтерски ангажман за справување со националниот проблем.

Како дел од овој настан, ќе биде и официјалното потпишување на Меморандумот за соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, министерот Љупчо Николовски, а активно учество ќе земе и м-р Маре Басова, помошник директор на Национални шуми и други релевантни претставници на локални самоуправи.

За присуство на овој настан, Ве молиме да не информирате најдоцна до 1 декември 2022 година (четврток) со име, презиме и контакт телефон на извидници од Вашите одреди. Бидејќи имаме обезбедено еден автобус, сите одреди ќе можат да пријават по 5 извидници на возраст од 16+ години.

Сите извидници задолжително да носат униформа и марама, топла облека, удобни кондури, кабаница и слична опрема за на планина како и волја и желба за садење расад на опожарена локација. На настанот за сите учесници ќе бидат обезбедени ракавици за работ, вода, сок и кроасан.

*Доколку имате поголема бројка на пријавени извидници би ве замолиле да не информирате во случај да се појави простор да ве контактираме. Во секој случај настанот е отворен за сите нас, па можете да се организирате и да дојдете со сопствено возило, но секако претходно уредно најавени.

Поаѓањето ќе биде во сабота во 08:00ч од дрво-декор, спроти Холидеј ин, калдрмата, а враќање за Скопје во 14:00 / 15:00.

Доколку ви требаат дополнителни информации, слободно контактирајте не.

Со почит,

Снежана Јанковиќ

Координатор на БОРЕНКА

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *