Покана за учество на втората акција за пошумување опожарени подрачја боренка 18.3.23

Почитувани,

Во организација на ЈП Национални шуми и Сојуз на извидници на Македонија (СИМ), а со поддршка од Амбасада на САД оваа сабота на 18 март 2023 млади волонтери од Скопје, Штип и Велес ќе пошумуваат опожарено подрачје во Вардарскиот Регион, КО Драчевица, Демиркаписко.

Како дел од програмата за едукација за заштита на животната средина СИМ ја спроведува акцијата БОРЕНКА – нацртај го своето дрво во партнерство со ЈП „Национални шуми“ кои организираат и обезбедуваат подготовка на теренот, стручна помош, експертиза и надзор во дејствијата за садење. Секој може да биде дел од БОРЕНКА и помогне да се обојат местата на црните шумски пожари во зелени шуми

Во соработка со Сојуз на извидници на Хрватска, маркетинг агенцијата Imago Ogilvy кои веќе 5 години ја спроведуваат boranka.hr осмислена е силна промотивна и едукативна кампања која ги следи акциите за садење и едукативните активности во акцијата.

Боренка е интерактивна акција која има за цел да ја подигне свеста на граѓаните, особено на децата и младите, за важноста на шумите, заштитата на природата, последиците од глобалното затоплување и превенција и заштита од пожари.

Акциите за садење дрвја се одвиваат за време на викендите во текот на пролет и есен, кога условите се најдобри во природа. Изборот на видовите што (ќе) се садат и локацијата каде што се садат се врши исклучиво во соработка со струката и експертите од ЈП Национални шуми како заеднички организатори со извидниците.

Досега БОРЕНКА едукативните работилници ги имаат посетено повеќе од 2000 деца каде тие со помош на јаглен од изгорено дрво цртаат ново и го садат во виртуелната шума на borenka.mk. Колку повеќе дрвца во виртуелната шума, толку повеќе засадени стебла на опожарени подрачја. Досега БОРЕНКА има посадено повеќе од 5000 садници, а на 18 март 2023 за прв пат доаѓа на територија на Вардарски Регион, Демир Капија, КО Драчевица – парцела 211.

Покрај волонтирањето, граѓаните можат да се вклучат во акциите за пошумување на уникатен начин користејќи БОРЕНКИ јаглени моливчиња, со кои можат да нацртаат сопствено дрво, да му дадат име и да го засадат во виртуелна шума на borenka.mk. За секое засадено дрво на страницата, волонтерите на Борeнка ќе посадат вистински расад на опожарена земја. Симболички, нов живот произлегува од изгорено црно-бело дрво и се раѓа нова шума во боја.

Организатори:

Јавно претпријатие Национални Шуми

Сојуз на извидници на Македонија

Покровители и пријатели на БОРЕНКА:

Министерство за животна средина и просторно планирање

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *