пОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА МЕЃУ МИНИСТЕРСТВО ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА и Сојуз на извидници на Македонија

МЖСПП и Сојуз на извидници на Македонија – Scout Association of Macedonia потпишаа Mеморандумот за соработка со кој Министерството ги поддржува активностите за ревитализација на опжарените шуми и подигање на свеста за потребата на заштита на шумските ресурси.

Министерката Шукова изрази задоволство што со овој Меморандум ќе се зацврсти досегашната соработка помеѓу МЖСПП и Сојузот на извидници на Македонија, додавајќи дека верува во силата на младите извидници, нивната љубов кон природата и подготвеноста за да ја зачуваат животната средина. Примерот што го дава оваа организација како една од најмасовните младински организации има моќ да иницира позитивна промена која ќе го поттикне развојот на младите, ќе придонесе во развојот на граѓанскиот волонтерски ангажман, подигнување на јавна свест за заштитата на шумите со еколошки пристап и ќе го олесни заедничкото креирање на планови и младински политики во Република Северна Македонија.

„Боренка“ e волонтерска иницијатива за пошумување на опожарени подрачја што ја спроведуваат Извидниците во партнерство со ЈП „Национални шуми“ и со поддршка од Амбасада на САД. Активностите од „Боренка“ се реализираат преку два работни пакети: неформално образование за деца и млади во училишта и младински организации, каде со користење на т.н. боренки – моливи направени од јаглен од изгорени дрвја секој има можност да нацрта свое дрво и да го „засади“ во виртуелна шума на www.borenka.mk и вториот пакет, во чии рамки, за секое нацртано дрво, волонтерите на „Борeнка“ садат вистински расад на опожарена земја пошумување на опожарените површини.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *