Светски ден на извидниците, прилеп 2023

Успешно реализарана централна прослава на Светскиот ден на извидници!

ЛИНК до фотографии

🦅После неколку години пауза, Сојузот на извидници на Македонија заедно со ИО Феникс Прилеп како домаќин одред организираше централен настан за 22ри Февруари на Могилата на непобедените во Прилеп. Со присуство на 400 извидници од цела држава го прославивме светскиот ден на извидниците и го одбележавме 70 годишниот јубилеј на извидништвото во Македонија.

🌳Учесниците на овој настан добија можност да го посетат градот Прилеп преку геомапинг но и да се запознаат повеќе со програмата на СИМ со работилници за: SYSPUC (Strengthening Youth Spaces and Participation for Underrepresented Communities), Earth Tribe, Боренка, Youth Agents of Change, Целите за одржлив развој (SDGs) и за 13тата Македонска извидничка смотра.

🤗 Голема чест за сите нас беше свеченото давање извиднички Завет од страна на повеќе од 100 деца и млади кои официјално станаа дел од најголемата младинска организација во Македонија. Им честитаме на истите и им посакуваме топло добредојде во извидништвото

DCIM\101GOPRO\GOPR1521.JPG

Краток осврт од волонтерите за програмата

Lucile Bousquet / Capucine Vaseux  SDGs tent – Шатор, Цели за одржлив развој

“We arrived a bit late so we installed our tent but moved after the ceremony because people were using the tent to store their coats and bags. As we finished to install the props at the new tent it was already time for children to go for the game in the city, so unfortunately we didn’t do the games that we prepared. For the SDG’s tent we had planned 3 activities: – A Yes or No quiz with questions about the SDG’s – A revisited scarf game. The goal was to name the SDG’s and to find the corresponding logo as fast as possible on sticks planted in the ground – An ideal world to be drawn on a large A4 paper. The goal was to represent as many SGD’s as possible and to stick their corresponding logo on it.

„Пристигнавме малку доцна, го средивме нашиот шатор, но по церемонијата се преместивем во друг бидејќи луѓето го користеа шаторот за да ги чуваат своите јакни и ранци. Ког завршивме со инсталирањето на реквизитите во новиот шатор, веќе беше време децата да одат низ градот на стазата, па за жал не ги направивме планираните игри. За шаторот на SDG имавме планирано 3 активности:

– Квиз со Да или Не прашања за SDG

 – Игра со марам. Целта беше да се именуваат SDG и да се најде соодветното лого број на целта што е можно побрзо и да се стави на стапчиња ставени во земјата

– Идеален свет што треба да се нацрта на голема хартија А4. Целта беше да се претстават што е можно повеќе SGD и да се залепи нивното соодветно лого на него.

Елисавета Лукановска – SYSPUC expo -шатор

Проектот SYSPUC (Strengthening Youth Spaces and Participation in Underrepresented Communities) е проект кој се фокусира на раст и развој на организацијата и е заеднички проект на Сојуз на извидници на Македонија со сојузите на Црна Гора и Албанија. Генерално целната група на активностите на овој проект се средношколците и студентите (категорија истражувачи и ровери) кои на централниот настан за одбележување на денот на извидниците беа во помала застапеност од категориите развигорци и истражувачи и беа во улога на водачи или волонтери.

Во обид да се доближат темите кои овој проект ги обработува кон присутните на настанот – на штандот/шаторот на SYSPUC имаше 2 различни активности:

1. Игра-меморија (30 картички со поими кои се поврзуваат (пр. парови на поими: химна на СИМ – Пламен се дига; број на извиднички закони – 10) кои преку игра треба учесниците во парови да ги спојуваат, притоа откривајќи ги одговорите кои до тогаш не им биле познати) – Оваа игра беше позабавна за помалите генерации како и што очекувавме, на истата учествуваа 12 пара учесници со вкупна вклученост на околу 60тина извидници во активноста.

2. Постери (поставени беа 4 шарени постери за анкетирање на присутните, на посетителите на шаторот им беше објаснето кои се прашањата и што се бара од нив и истите ги одговараа со поставување на самолепливи ливчиња со нивниот одговор) – Оваа активност беше позабавна за водачите и волонтерите на настанот, за коишто и беше предвидена. На оваа активност учествуваа во дискусија и одговарање на прашањата околу 40тина водачи и волонтери. Активноста беше интересна за оваа целна група и се увиде дека на ваков неформален и шарен интересен начин на анкетирање се отвораат дискусии меѓу врсниците за важни теми како безбедност, програма за млади, улога на младите во СИМ и слично.

Согласно одговорите е јасно дека младите генерално се чувствуваат безбедно на извидничките активности, постои интерес за сите тематски области опфатени во програмата за млади на СИМ со акцент на авантуристички активности и извиднички вештини.

Иван Николовски Earth Tribe, имплементатор на активности во шатор

Промотивни материјали: Стикери Earth Tribe, Жолти кутии – изложени, Прирачници за биодиверзитет – изложени, Лого Earth Tribe

Материјали за активности: Испечатени бинго листови

Целта на активноста (пополнување/ штиклирање на полиња од бинго листот) е да ги поттикне учесниците на размислување и рефлектирање на што е она што тие во секојдневниот живот го прават, а со тоа значително влијаат на животната средина, позитивно или негативно. Па така, секој учесник со својот бинго лист имаше задача да помине и прошета кај останатите учесници и да најде учесник за кого исказ од бинго листот е точен. На тој начин, учесниците рефлектираат дали тие ги применуваат наведените практики во рамките а својот дом и живот, но и истражуваат како останатите учесници ги применуваат наведените практики. Играта е завршена кога секој учесник ќе има различен учесник потпишан на секој од наведените искази. Тогаш, учесникот како награда добива стикер.

Штандот, односно шаторот беше и од информативен карактер, каде што учесниците имаа можност да се запознаат со тековната програма и активности на СИМ, фокусирана на биодиверзитет и заштита на животната средина, за чија цел беа изложени програмите и активностите од жолтата кутија.

Срна Мајсторовиќ – Шатор промоција на 70 години извидништво во РСМакедонија и Scout Shop

Во рамките на изложбата на проекти и програми на СИМ, еден шатор беше специфично наменет за промоција на 70 години извидништво во РС Македонија и тоа, преку поставена изложба со фотографии од македонски извидници на извиднички активности од минатото и преку поставен Scout Shop, каде по симболична сума беа продавани: универзални Scouts – Создаваме подобар свет стикери, стикери со новото лого на СИМ односно ИЗВИДНИЦИ, метални значки со новото лого на ИЗВИДНИЦИ, како и разгледници на кои е прикажано моменталното активно членство во СИМ.

Scout Shop се покажа како атрактивна “активност” за присутните учесници особено заради приложените разгледници на кои повеќето од учесниците успеаа да си се најдат и да си понесат дома со себе дел од извидничката магија. Се препорачува “монтирање” на ваков штанд на секоја поголема или национална активност, каде содржините за продажба ќе се менуваат, но поентата останува иста.

Ина Михајловска – Шатор 13та Смотра на СИМ

Целта на овој шатор е да се испромовира смотрата кај извиднците. На хамерит тие пишуваа кои се нивните очекувања од оваа смотра  и си земаа стикерчиња. Сликите со рамката ги користиме за промоција на сцијалните медиумии. На пластифицираните листови ги има обласите и активностите за секоја област посебно. Ова е со цел извидниците да ги дознаат дел од работите кои ги нуди оваа смотра.

Конкретно јас си поминав преубаво, имаше многу занитересирани деца кои кажаа дека ќе дојдат на смотра, но имаше и такви кои кажаа дека поради возраста нема да дојдат (развигорци). Енергијата беше одлична, сите сакаа да ги пишат очекувањата од смотра. Јас конкретно очекував дека ќе пишат поспецифични работи, но не беше ни лошо вака.

Целосната енергија беше одлична, едниственно времето не беше на наша страна и затоа моравме шаторите брзо да ги собереме и дел од децата кои одма тргнаа на стаза и не ги прошетаа шаторите немаа прилика тоа да го направат по завршувањето на стазата.

Ева Блажевска – Шатор Боренка

На боренка шаторот на 25.02 на централниот настан имаше работилница цртање боренки и запознавање со проектот Боренка и зошто воопшто децата ги цртаат тие дрва. За самата работилница имаше многу голема заинтересираност и за материјалите што можеа да ги добијат од работилницата како кутивчињата боренка, стикери и флаери.

Дарко Тошиќ – Шатор: Младите – агенти на промените

Позадина:

„Младите-агенти на промените“ е проект на СИМ во соработка со ЦИД и Новус од Струмица кој има за цел да ги доближи младите до општините во кои живеат и општините да ги доближи до младите преку младински иницијативи и позитивни промени во заедницата.

Активности кои беа реализирани за време на централната прослава за 22 февруари во Прилеп:

Бидејќи проектот е наменет за млади односно средношколци или со други зборови активностите кои се предвидени со овој проект се на едно малку повисоко ниво. Па затоа активностите кои беа реализирани беа едукативно-забавни активности кои имаа за цел да ги едуцираат помладите преку низа забавни активности.

Активност 1: Поврзи ја дефиницијата: Учесниците имаа за задача да поврзуваат (нафрлени) зборови по логички редослед со цел да добијат дефиниција за тоа што претставува волонтерството и што представува  активизам. Иако дефинициите за најмалите претставуваа потешкотија сепак групирајќи се со помош од постарите извидници успеваа да ги состават дефинициите и да ги продускутираме истите.

Активност 2: Проверка на знаења! : Втората активност  ги отсликуваше сфаќањата на учесниците за поимите волонтерство и активизам, односно активностите карактеристични за волонтерите и активистите. Учесниците имаа понудени активности кои се типични за волонтирање и активности типични за активизам па врз основа на дефинициите учесниците го кажуваа своето мислење за тоа на кој начин придонесуваат активистите, а на кој волонтерите.

Активност 3: Третата активност  очекувано беше најинтересна за најмладите -Џенга! Поентата беше коцките (или како и да се викат) кои ќе се извадат да се прочитаат и да се продискутираат и да пробат учесниците да препознаат дали станува збор за мисла за волонтери и/или активисти.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *