свечена академија 70 години сим

Во текот на месец ноември извидниците на различни начини го прославија свечениот јубилеј – 70 години постоење на Сојуз на извидници на Македонија🎉.

⚜️Централниот настан беше Свечената Академија, каде што извидници од целата држава, претставници од одредите, како и поддржувачите на извидништвото се собраа и заедно рефлектираа за патешествието кое извидниците го имале во изминатите 70 години. Години исполнети со: ✍️ Неформално образование – 🏔Авантура – 🗣 Младински активизам – 😎Другарување – 🪢 Животни вештини и личен развој!

На овој настан имавме можност во извиднички дух да се подружиме, да погледнеме во минатото и да се потсетиме на сите успеси, да се сретнеме со дел од основачите на различните извиднички одреди, да се инспирираме за следните активности и да погледнеме кон иднината, бидејќи ова извидничко движење постои за децата и младите!

⚜️🥳Извидничките роденденски желби оваа година се: да останеме со ведар дух, да продолжиме да се водиме по извидничките принципи и закони, да продолжиме да создаваме подобар свет!

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *