сојузување 2024

Во периодот од 29 до 31 март 80 извидници од 17 различни одреди од Македонија поминаа и учествуваа во Сојузување 2024, настан наменет за вмрежување на одредите членки на СИМ.

Сојузување претставува значаен момент за Сојуз на извидници, каде што целиме да се обединиме, вмрежиме како лидери и членови на локалните одреди, да споделиме искуства, позитивни практики, да ги разгледаме предизвиците и можностите на нашите одреди и да ги засилиме нашите врски преку подобра комуникација.
Оваа прилика ја искористивме да го забележиме значењето на нашата колективна ангажираност кон извидничкото движење и да го подобриме потенцијалот на нашите одреди за понатамошен раст и развој.

Со присуство на 50 началници и водачи од 17 различни извиднички одреди активно работеа и учествуваа на Сојузување 2024. Со нивното искуство придонесоа во следното: Идентификација на јаките и слабите страни на СИМ и на локалните одреди, Споделување на добри практики, Идентификација на предизвиците со програмата и размена на искуства и Ревидирање на програмата.

На сојузување 2024 година присуствуваа и наши 22 старешини и членови од старешинствата на различните извиднички одреди активно ги следеа и учествуваа на сесиите водени од Старешинството на СИМ на Сојузување 2024. Со нивното искуство придонесоа во следното: Предлог на нови модели на членство, Предлог на нова структура на управни тела на СИМ, Статутарни измени и предизвици во СИМ и извидничките одреди.

Сојуз на извидници на Македонија е горд што обединува ваква извидничка заедница и се надеваме дека овој ентузијазам и многу позитивни искуства ќе продолжат да растат кај секој од нас.

Цели и резултати од настанот:
* Јакнење на капацитетите: Стекнување знаења и вештини за подобрување на програмите и работата на извидничките одреди.
* Идентификација на јаките и слабите страни: Помагање на одредите во процесот на идентификација на нивните јаки и слаби страни за подобрување на нивната работа
* Споделување на добри практики: Размена на успешни практики меѓу одредите
* Идентификација на предизвиците со програмата: Детектирање предизвици и наоѓање нови начини за нивно надминување.
* Вмрежување: Вмрежување на клучни извидници од извидничките одреди за подобра соработка и размената на искуства.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *