Стартуваше првата БОРЕНКА – акција за пошумување на опожарени подрачја – Петралица

Стартуваше првата БОРЕНКА – акција за пошумување на опожарени подрачја – Петралица

На 3 декември 2022г. со старт во 10:00ч. на опожарено подрачје во пределот на Петралица беа засадени првите дрвца благодарение на вредните раце на 200 волонтери. И покрај најавата на дожд, сепак имавме прекрасен ден, но пред се продуктивен и успеавме да засадиме 4000 дрвца. За сите волонтери беше организиран бесплатен превоз, храна и освежување, како и алат за успешна акција. На акцијата присуствуваа голем број граѓани од општина Крива Паланка, општина Ранковце, извидници од скопските одреди, извидници од Куманово и Крива Паланка, претставници од ЈП Национални шуми и Министерство за земјоделие, шумарство и водостопанство. На почеток од работната акција за пошумување опожарено подрачје беше свечено потпишан Меморандум за соработка од страна на Министерот на МЗШВ, Љупчно Николовски и Старешината на СИМ, Бобан Москов.

Првата акција на БОРЕНКА беше организирана во партнерство на Јавно претпријатие „Национални шуми“ и Сојуз на извидници на Македонија под покровителство на Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство, а поддржана од Амбасада на САД во Северна Македонија.

Фотографиите во прилог, мал потсетник како поминавме во саботата. Уште еднаш најголема благодарност до сите волонтери.

Секој може да биде дел од БОРЕНКА и да помогне да се врати бојата на опожарените подрачја во земјава!

ЈП Национални шуми

Сојуз на извидници на Македонија – Scout Association of Macedonia

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

U.S. Embassy North Macedonia

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *