Стартува боренка

Со гордост Ви ја најавуваме Боренка.

Ја лансираме Боренка – најголемата волонтерска акција за пошумување на опожарени површини. Илјадници волонтери ќе учествуваат во садењето на ливадите во три региони во земјава. Ќе ни се придружат и бројни здруженија, институции, ветерани, планинари и сите заинтересирани граѓани.

Целта, покрај обновувањето на дел од опожарените површини, е и да се поттикнат граѓаните поактивно да се вклучат во волонтерски акции. Не случајно се вели дека ако ја снема шумата, ќе исчезнат и луѓето. Природата е немоќна сама да се одбрани и брзо да се обнови, токму затоа и е потребна нашата помош.

– Граѓаните со јаглени моливи ќе можат да ги нацртаат своите дрвја на хартија, да ги фотографираат и да ги „засадат во виртуелна шума“. За секое нацртано дрво, волонтерите на Боренка ќе засадат вистински расад – објаснува Владимир Костовски, Генерален секретар на СИМ.

Како воведна активност на оваа акција е осмислена едукативна кампања за македонските основни училишта која ќе ја спроведуваат извидници и пријателите, а е во насока за зачувувањето на природниот свет, заштитата од пожари и опасностите во природата, учениците ќе имаат можност да се приклучат на Боренка. По завршувањето на едукативниот час, симболично ќе засадиме расад во училишниот двор.

Почнува Боренка! Придружете ни се, да одиме заедно да го вратиме животот во опустошените горилници.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *